Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Значи прекинете сите да пишувате идеме на сопствен режим или да кажувате во името на групата дали ќе иде или па се плашела. Се правеа напори но нема шанси да се иде. Пред се нема ни време да се резервира воз, а повеќе од сигурно е дека и да тргнеме може да стигнеме до негде и да позираме само колку да се рече дека сме тргнале. Ова не е обичен дуел туку дерби е и се работи и за дуел на трибините, ФАКТ е дека ниедна група во Македонија неможе да изработи гостување на сопствена режија, а притоа да има топ бројка(200+).
 
http://kurir.mk/sport/fudbal/90986-...at-dozvola-organizirano-da-patuvaat-vo-Bitola
Интегрален текст од соопштението на ФФМ.
-Комитетот за итност на ФФМ донесе одлука да се усвои барањето на комесарот за натпреварување по барање на СВР Битола до МВР за забрана на ФК Вардар да организира навивачки групи на натпреварот од четвртфиналето од Купот на Македонија кој ќе се одигра утре во Битола.
Фудбалската федерација на Македонија како одговорна, сериозна и професионална куќа на фудбалот има одговорност да ја почитува секоја препорака од комесарот за натпреварување добиена врз основа на проценка на надлежен орган на МВР.
Една од клучните цели на фудбалската федерација на Македонија е да ги врати гледачите на стадионите, но истовремено, не треба да се заборави дека ФФМ заедно со клубовите ја сноси и одговорноста за безбедноста на сите посетители на стадионите. Во насока да ја гарантира безбедноста, макар и на еден посетител кој би дошол на натпревар огранизиран од ФФМ, нема да се водиме од сентиментални, емотивни, изнудени, принудни или било какви други реакции на официјални лица на клубовите.
ФФМ има одговорност да даде свој придонес во насока на зголемување на толератноста, заедништвото и меѓусебното почитување. Во таа насока како федерација во изминатите три месеци дадовме свој придонес преку директно учество на меѓународната конференција „Спортот како фактор на толеранција, заедништво и почитување“ под покровителство на Претседателот на РМ и подршката на ФАРЕ- акционата недела за борба против расизмот.
Спортот подразбира да имаш ривал, да се обидеш да бидеш скалило погоре, нацијата да се идентификува со репрезентацијата, градот со локалниот клуб. Спортот не значи, националната, колективната и личната фрустрација да ги претвориш во омраза како извор на мотивација. Сите ние имаме омилена екипа, изливот на фрустрации и предизвикувањето на инциденти на стадионите нема да му помогне на вашиот клуб да победи. Се обидуваат да победат затоа што веруваат дека се подобри, тие на трибини, фудбалерите на терен. ФФМ има намера секој стадион во државата да го направи вистинско и безбедно место за спортско уживање.
Во дадениот случај ФФМ е за присуство на посетители на стадионот во Битола, но само под услов да постојат безбедносни гаранции како од клубовите Пелистер и Вардар, така и од МВР на РМ. Во конкретниот случај такви гаранции ФФМ нема добиено.
Според член 24 од правилникот на УЕФА и ФФМ за безбедност и сигурност – Патување на гостински навивачи во став 1 стои: Кога сигурносните причини налагаат навивачи да не патуваат на натпревар во гости, организаторот на натпреварот и асоцијациите или клубовите мора да преземат се што е потребно да се спречи патувањето на навивачите.
Согласно добиеното барање од МВР на РМ за изрекување на забрана за патување на навивачки групи на спортски натпревари, известени сме дека СВР Битола располага со сознанија дека на натпреварот што ќе се одржи во Битола во рамки на Купот на Македонија помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Вардар може да дојде до немири и нарушувања на јавниот ред и мир. Со цел да се спречат секакви обиди за напади како и нарушувања на јавниот ред и мир во голем обем, од ФФМ е побарано да донесе забрана за патување на навивачки групи.
--- надополнето: 6 ноември 2012 во 15:26 ---
http://www.mkd.mk/73218/sport/ja-spukaa-ffm-i-vardar/
Ајдеее на крај ФФМ обвинува дека нашата управа не пријавила гостински фанови пошто неможела да гарантира за нашето однесување :eek:
Кој лаже, цела пародија направија...
 
Да да и пртоив Шкендија кога ни стигна ваква забрана иста и тогаш управата наша заборавила да пријави гостински навивачи, а пред една недела приајвиа за во Штип како може толку брзо да заборават од управата не ми е јасно, ебати федерацијата си ја имат мувата на капа па сега ја бркаат и други окривуваат плус знаат дека имаше мали проблеми со управата и мислат ќе паднеме на оваа финта што ќе ја окриват управата наша.
А тие горе ставовите се живи глупости кога може во Србија за дерби да се мобилизра цела полција за да го обезбедуваат дербито, зашто и кај нас да не може од МВР имаат на располгање само во Битола може над 1000 полицајци и можат пола од тие да го мобилизираат за дербито и без проблем ќе пројде, плус исто имаат право и да повикаат ебр со 100 ЕБр и овие 500 обични полицајци од Битола без проблем ќе се изигра дербито само треба да направат стратегија имаат милион начини како тоа да го органзираат пр. ќе му наложат на Пелистер вратите за домашните навивачи да се затворат полаа саат порано така да со тоа пола саат порано ќе бидат на стадион домашните навивачи, со тоа без проблем ќе не спроведат од железничката станица до стадионот од каде ак осе сака се се може ама овие ем се неспособни ем ги мрзи да работат џандариве па најлесно на тој од СВР Битола е да му наложи на овој од ФФм педерот да лупне забрана.
 
Приметливо е дека си ја префрлаат топката од едни на други, се со цел да не сносат одговнорност.
 
Sve sto napisa vo pravo si. Sakaat samo da nametnat problem so nasata uprava. Ovoj pat se zaebale upravata ni e super samo taka neka prodolzat.
 
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=12542
Дали во една,каква што сакаме да бидеме и се стремиме кон тоа,нормална европска земја,обезбедување на фудбалски натпревар е невозможна мисија ???

Револтот во една ваква ситуација е неизбежен,со самото тоа што по којзнае кој пат ни е оневозможено следење на нашиот омилен фудбалски клуб, а се поради неспособноста на структурите,како во фудбалската федерација,така и во министерството за внатрешни работи,на кои што очигледно, најлесно им е да го употребат само магичниот збор "забрана" и со тоа да мислат дека го решиле проблемот,кој што всушност и не постои, ама само доколку баш тие институции функционираат онака како што функционираат сите останати во цел нормален свет !

Како пример,би ги издвоиле големите дерби натпревари на кои што збор "забрана" за гостински навивачи е еднакво на тоа терористи да фрлат нуклеарна бомба во Њујорк...

Ова второво дури е и поверојатно дека може да се случи,отколку на пример,Делије да не гостуваат на ЈНА,исто како и БББ во Сплит,како што и навивачите на Шалке 04 не бидат присутни на Вестфален во Дортмунд,или пак навивачите на Стеауа да добијат забрана кога играат против градскиот ривал Рапид Букурешт...За непознавачите,станува збор за прилично омразени клубови,а бројката на навивачките групи се брои со илјадници...

Да нема забуни,инциденти имало,има,а и ќе има,меѓутоа како што нагласивме и погоре,истите можат,а и мора да бидат сузбиени само со добра организација од страна на институциите задолжени за тоа. Во спротивно, која беше потребата на специјалната полициска единица (ЕБР) пред прилично голем број ТВ камери да тренира на стадион сузбивање хулиганизам,ако нема каде да го примени тоа ?

Дали поентата беше да се покаже на јавноста дека не за џабе земаат дневници,обезбедени од сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи не и нас, на кои што слободното движење во сопствената држава по којзнае кој пат ни е дрско забрането ???

Дали можеби проблемот беше во нестручниот преведувач од француски на македонски,па специјалците не успеале до крај да го разберат значењето на зборовите и нивната улога ???

Пред некој ден на натпреварот Вардар - Напредок играчите држеа парола СТОП ЗА РАСИЗМОТ !!! Дали таа се однесуваше на празните бели столчиња за седење кои што беа повеќе отколку празните црни столчиња,на кои што како што се сеќаваме,новото раководство на ФФМ вети дека ќе седат што поголем број гледачи на стадионите !?

Апсурд, само после неколку месеци од нивното устоличување во удобните фотелји, луѓето без трошка совест и срам донесуваат забрана за гостински навивачи,без причина доволно добра за таков "луксузен" потег, небаре, навивачките групи "Комити Скопје" и "Чкембари Битола" се државни непријатели и претставуваат бескрајно голема опасност во државата !?

Истовремено, преку ова наше писмо, би ги повикале телевизиските куќи да организираат отворена ТВ дебата, каде што гости би биле претставници на ФФМ, МВР и навивачката група "Комити Запад" се со цел надминување на вакви несакани ситуации и состојби, преку кои само се создава револт од страна на навивачите,а воедно и институциите изгледаат смешно и неспособно !!!

Се што бараме е нормално и непречено следење на нашиот омилен клуб,како сите нормални навивачки групи во светот кои што живеат за такви моменти..Не бараме ништо посебно од тоа што ни следува како граѓани на слободна,суверена,демократска држава.Покажете дека тоа и сме !!!

Со почит,
Комити Запад
 
Цело Скопје блокирано: Комити се обидоа самоиницијативно да отпатуваат во Битола, полицијата ги спречи!

Најверните вардарови навивачи, популарните комити, утрово се обидоа со редовната железничка линија Скопје-Битола да отпатуваат на четвртфиналниот Куп меч Пелистер – Вардар, но беа спречени од страна на полицијата.

Полицијата на железничката станица во Скопје спречи во возот за Битола да се качат педесетина вардарови навивачи: фото Фејсбук
Големо присуство на полицијата можеше да биде забележано на сите локални железнички станици во Скопје, со цел да се спречат симпатизерите на македонскиот шампион да тргнат кон Битола. Според информациите, блокирани биле станиците во Драчево и во Зелениково, а група од околу 50 навивачи беа сопрени од полицијата на главната железничка станица во Скопје.
Поради страв од инциденти, ФФМ и МВР решија да им забранат на вардаровите навивачи да присуствуваат на дербито во Битола, што наиде на остра реакција од страна на управата на Вардар, која речиси и да влезе во војна со раководството на федерацијата.
 
Со Ѓешоски во прв тим, а без Ранѓеловиќ, Хименез и Костовски?! :eek: Ау, лошо...
Состав на Вардар за оваа средба:
Захов, Илиевски, Таневски, Вајс, Бошковски, Оса, Стјепановиќ, Цикарски, Ѓоргиев, Петров и Ѓешоски.
Резерви:
Симов, Бојовиќ, Ранѓеливиќ, Стојаковиќ, Маневски, Мерсовски и Муртиќ.
 
Абе подобро нека чуваат силите за првенството, добро што не играат ни Хименез ни Пеџа, на вакви терени има шанса и нозе да им искршат...
 
Состав на Вардар за оваа средба:
Захов, Илиевски, Таневски, Вајс, Бошковски, Оса, Стјепановиќ, Цикарски, Ѓоргиев, Петров и Ѓешоски.
Резерви:
Симов, Бојовиќ, Ранѓеливиќ, Стојаковиќ, Маневски, Мерсовски и Муртиќ.

шо позиција игра овој Мерсовски?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom