Манeвски го дал значи голот

Да намалам со навредите кон негова страна

Ама сепак.... Маневски иди си што побрзо!!!
Ја шитна утакмицата, исто како и со Металург

Што ни се случи викендов, прво Вардар во ракомет утнува две чисти шанси за победа, сега во фудбал не снаоѓа истото

Натпревар кој изобилуваше со сешто, шанси, провокации, повреди, дожд...
Кон Штип се упативме 1 полн автобус, 15-тина коли, 1 комбе, плус Комити поединци од Радовиш, Гевгелија и Штип.
На крај испаднавме околу 150-тина души, а во нив имаше и некои постари членови кои неможам да кажам дека навиваа.
После којзнае колку време пристигнвме на време на стадион. Не ни правеа никакви проблеми, не се сеќавам кога псоледен пат сме оделе без полициска придружба на гостување. Колите напред, извадени знамиња, позади автобусот, одлична слика.
Милевски почна со чудна формација

На гол Захов, во одбрана Илиевски-Бојовиќ-Таневски-Цикарски, во средина Темелков и Стјепановиќ, десно Ранѓеловиќ, лево Георгиев, па Маневски и Копстовски.
Незнам зошто почна без Петров

Прво се повреди еден играч на Брегалница по што мораа да прават замена. Потоа тешка повреда на Темелков

Го извадија и него а влезе Петров. Георгиев и Петров постојано ротираа, т.е. кога влезе Петров почна од средината, Маневски отиде лево, Георгиев десно

Денеска кај нас единствен расположен за игра беше Ранѓеловиќ

Првата шанса беше негова, даде одлична топка, напред овие ја поебаа ама среќно дојде до Ранѓеловиќ кој од десетина метри биеше многу лошо.
втората сто процентна шанса, беше за Костовски, што само успеа да промаши JESUS

Маестрална топка со надворешна од Пеџа за Георгиев на десно крило. Овој влага во шеснаесетник, додава до осамениот Костовски кој осд 5 метра непречен од никој биеѓе во домашниот голман, топката се одби кај Костовски, шутираше пак беше блокиран, топката дојде и до Маневски кој псотигна гол но судијата го поништи.
Зошто го поништи?
Имено не се работеше за никаков фаул, ниту офсајд, ниту рака, туку од фер плеј причини. Голманот на Брегалница по првиот удар на Костовски се онесвести (го лапна јазикот), и не беше способен да интервенира во понатамошниот тек на акцијата.
Се крена паника ама се беше океј. Имаше 5 минутен прекин тука...
Брегалница само еднаш поопасно се закани во првиот дел со шут од далеку, ама Захов одново лошо интервенираше и само ја осдби топката во корнер.
На полувреме стигна провокација од домашната навивачка група Фаланга. Кај еднаш во годината навиваат, кај на нивни терен бевме дупло побројни, па уште почнуваат со повокации. Пееа Вардар од Миравци, по што ние вративме за знамето што им го лапнавме и се вжешти атмосферата.
Постојано и играчите беа во конфликт. А и при полувремето нешто се случуваше кога одеа кон соблекувални. Мислам дека Цикарски се караше со некој од нивните играчи.
Второто полувреме почна со иницијатива на Брегалница.
Првата шанса дојде од слободен. Имаа слободен од 20-тина метри, топката отапна пред Захов, овој едвај ја чепна (одново негова вина) и таа заврши до стативата.
Тука стигнаа провокации од обичната публика која беше на иста трибина со нас. Блиску беше да настане тепачка. Одново џандарите ги оставија да прпвоцираат, па се почна со навреди од двт страни, сите гледаа натаму и оп ВАРДАР ВОДИ

Гарантирам дека никој не го виде голот

Заврна обилен дожд тогаш. Дотогаш и двете групи навиваа просечна, сега малчце се загреа атмосферата. Стадионот беше полн, но кога заврна 70% од фановите од спротивната трибина фатија џомка

Кај нас се запалија 4-5 бакљи, они на почетокот испукаа сто петарди

И место Вардар да го сомеле противникот, Брегалница се врати во игра. Почнаа да притискаат, и по една извонредна акција, ги измешаа нашите дефанзивци и одлично израмнија на 1-1.
МИЧКА ДРВО!
Убедливо најлош поединец, мада одбраната на моменти беше добра на моменти како да незнаат фудбал да играат. Е од такви ситни киксови ќе изгубиме титула...
Мичка имаше 5 нафрлувања и сите завршија со блок од противничките играчи...
ГЕОРГИЕВ КОЛКУ БЕШЕ СЛАБ ајајајајај....
Што му е???
Дали премногу го форсиравме?
Не се труди човече, ми идеше да влезам и да го задавам. Еднаш не помина, му додаваат го мрзи да трча...
За кој кур даваме пари бе? Штедев цела недела, вчера неможев да спијам од што имавнекои здравствени проблеми и пак смогнав сили за да одам , за што? За некој таму да ми иде ко на манекенска писта?
Другиве просечни... Кажав сите имаа некои свои моменти но просечни. Само Пеџа владееше, а Георгиев и Мичка најслаби.
Но тоа не е се. На 1-1 утнавме две МИЛИЈАРДАПОСТОТНИ шанси.
Имавме слободен, шут по земја, Костовски менува правец со петица, голманот е совладан, Мабевски не да даде гол ја ГЛЕДАШЕ топката, и кога веќе сите прославивме, изникна еден и ја извади со клизач

И потоа најубавата шанса за Маневски. Нафрлување, Маневски САМ на втора статива, од 1 метро утна празен гол

На 0-0 имавме и еден поништен гол. Дали беше оправдано поништен или не незнам, али предизвика голем гнев на нашата клупа. Имаше мешаница по корнер, рогаа сите, на крај се затресе мрежата, Костовски мислам погоди но судијата го поништи...
Брегалница имаше 2 опасни слобосдни до крај.
Легендата Милевски го стави Петров во прво полувреме, а го извади во второ и го стави Бошкоски...
Бошкоски одма со два фаула во опасна зона. Еден глуп фаул направи и Мичка, а по него сите успеаа да ја утнат топклата и чиста среќа што немаше кој да казни.
На крај скандирања од домашната публика против Скопје, од кај нас против Штип, сосема непотребно.
Се загура и ииграчите на крај, а нашиве трчаа по судиите...
Штета можевме да бидеме први после ова коло.
Хименез врати се!
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 19:54 ---
http://sportefe.com.mk/index.php/2012-03-30-02-55-37/2012-03-30-03-19-20/1989-2012-10-28-16-14-50
Еве и овие склопиле некој извештај, за кој не се согласувам во многу работи. Незнам што гледала таа што го напишала ако Георгиев денес бил меѓу најдобрите, јас сум Силвестер Сталоне. Маневски не беше толку очаен колку што сите му замеруваат што се изнапромашува.
Намерно или не ги прескокнала новинарката двете шанси на крајот, а и во прво полувреме нема врска тоа шанси пропуштија Косотвски и Маневски, Маневски погоди од вториот обид ама играта беше прекината поради тоа што голманот на Брегалница се онесвести.
Инаклу имаше уште еден интересен момент, кога судијата трчајќи се сопна и се претепа
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 20:08 ---