Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум во тек со трансферите на Вардар што се деси кои се продадени знам Лико е договорен али Ивановски,Огбона и тие си идат?
 
^ Огбона секако си оди, а Ивановски според мој релевантен извор прашање на време е кога ќе си оди наредните денови, бил желен за странство дечкото така да огромна е веројатноста да замине.
 
Се знае дека Фичо сигурно си оди, само се надевав дека бар за Европа ќе остане а потоа да си иде...:(
Али јебига кој Европски клуб што ќе го земе, би се согласил на нешто такво...
Плус му истече договорот станува слободен играч, така да ептен треба на добра воља на следниот кклуб што ќе го најде, да му биде дозволено да настапи на првиот двомеч...
Врти сучи кругот секогаш се затвора на рандом Срби од треторазредни тимови или од таленти од Телеоптик на пример како младински погон на Партизан или некои странци за кои ни господ не слушнал...:(
Да ти се посерам во лигата, кој би сакал да дојде да игра овде...
Мада да се одврзе ќесето сигурно би привлекле некого, барем од нашиве што играат по странство...
Околу Лико...
Лико почна солидно, сите мислевме декаќе напредува, али за жал Македонскиве моми му го свртеа паметот некако :icon_mrgr:
Место со мозокот, он со ку*от размислуваше...
Дремеше по кафичи, по дискотеки и толку од него.
И Огбона за тие пари не вредеше, така да заслужено си ги пакуваат куферите и двајцата.
Се надевам само дека нема да ни го лапнат Оса :(

Како тргнала работава ќе испадне дека во квалификацииве послаб тим ќе имаме него ли во сезонава...
Смешни се очекувањата дека ќе играме по групи.
Да бидеме реални, ни треба МНОООГУ СРЕЌА ВО ЖДРЕБКАТА за да добиеме противник кој ни одговара. Јас ќе бидам презадоволен ако го поминеме тоа второ коло. Понатаму не е битно, и со пораз добиваме уште 2 меча во квалификаците за ЛЕ. Таму може повеќе да се носиме со тие екипи...
Многу е битно да го минеме второво коло, за здравје боже во иднина да се водиме како носители во истото. Вака сме закопане...
 
Ѓуровски, Мирко И., Горгиев и Ацо Стојков и ќе бидеме добри. Исто и Владе Лазаревски може да се донесе за бек.

Очаен ни е нападот без Лико и Гроздановски, мора да се признае, со Петров и Цикарски црно ни се пишува во Европа, а и во домашно исто така...

Сепак, како до сега работеше управата, мислам дека добро ќе поминеме, само не знам уште зашто го пуштаат Лико.
Не зејбавај бе,зашто го пуштале Лико.Па ти си го видел ли да заигра он оваа полусезона ?
Цикарски и Петров се многу покорисно играчи него овој циркузантот.
 
Ај бе нека не се глупираат со Ивановски,цело лето го има за трансфер,може да изигра првото коло у квалификации.
Иначе да не се занесуваме,успех ќе биде и да не пројдеме како Шкендија лани.Лигата ни е меѓу најлошите во Европа и светот,едни од ретките заедно со Андора,Малта и слични што никогаш не сме имале клуб во фазите по групи,рекордените трансфери од оваа лига се по 700-900 к евра, буџетот на Вардар е на ниво на клубови што се борат за опстанок во лиги како Хрвватска/Србија.........
Јас сум презадоволен и со самото тоа што дочекавме пак европски утакмици да играме.:D
 
Не зејбавај бе,зашто го пуштале Лико.Па ти си го видел ли да заигра он оваа полусезона ?
Цикарски и Петров се многу покорисно играчи него овој циркузантот.
А ти ја виде играта во првата полусезона и во втората?
 
Баш ме занима оваа година најдобриот играч од нашево првенство кај ќе отиде и како ќе пројде тамо. :)
 
А ти ја виде играта во првата полусезона и во втората?
Сакаш да кажеш дека ради неговото неиграње,втората полусезона ја изигравме послабо ?
Мене ме импресионираше Лико на две-три утакмици,кога ја игравме првата утакмица дома со Работнички,и со Шкендија кога игравме дома,тогаш даде и гол.Преостанатите утакмици што ги играше му бea просечни,со повремени циркуз-трикови со топка,ништо посебно.

А причината за послабото ниво на игра на неколку утакмици е отсуството на Влатче,и неколку повредени играчи од кои ни зависи играта,Оса и Пеџа.
 
Не реков дека Лико ни беше главен играч, дури имаше и натпревари кои не ги играше од почеток. Едноставно, играта со Оса-Ранѓеловиќ-Лико-Гроздановски ни беше најдобра, Лико и Оса одлично комбинираа, секогаш навлекуваше двајца играчи, знае да се ослободи и да загради топка, овие другиве играат на сила.
 
Не навлекува двајца играчи,навлекува цела екипа,ама нема некое фајде од тоа.Со тоа негово пимплање на топка,па и уште кога ќе ја прими лево на противничка половина,кога ќе се залета не иде накај гол,тука кружи кружи у средина и на крај пак ништо,ја враќа кај Захов.
Лико јес да е пробивен играч,ама не придонесува за екипата,он е маалски играч,пушти го таму нека изиграва кловн со тие потези.:)
 
Слабо сте ми активни денеска! :D
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 17:50 ---
Слабо сте ми активни денеска! :D
 
25 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ТИТУЛА НА ВАРДАР
Одличен прилог на мкд.мк БРАВО...

vardar-prvaci87-e1338990702936.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom