Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
ОГБОНА си оди затоа што бил ПРЕЛАЖАН при потпишувањето на договорот, пред да дојде овдека била договорена платата, но кога дошол му бил даден договор напишан на македонски во кој стоела сума многу пониска од договорената, кој морал веднаш да го потпише за да може да замине со тимот на припреми во Турција. Со завршувањето на сезонава имало опција за повторно разгледување на договорот, но тренерот одбил во договорот да се внесе прводоговорената сума, по што Огбона морал да го раскине договорот, иако самиот тој сакал да остане во тимот бидејќи сите знаеме колку се поврза со навивачите и како ја славеше титулата заедно со комитите.

Поради ваквите валкани игри македонскиот фудбал никогаш нема да заживее, срамота е Илчо да дава изјави како македонскиот фудбал бил неразвиен затоа ќе било многу тешко да се доведат странски играчи, а во исто време заради лаги и валкани игри пушта да си оди играч од светски калибар, што играл во далеку подобри клубови од Вардар. Во вакви услови, во скоро време сигурно нема да успеат да донесат во тимот ни приближно добри играчи.
Само едно нешто... џабе промена бе...сите во фудбалов македонски се исти ГНИДИ БЕ!
Пи*ка ли ви матер :mad:
 
Дај оладете малце бе што ви е ?
Си има тренер и управа за тоа на кој треба да му се продолжи договор а на кој не...
Не ме зејбавај,Огбона пред да дојде кај нас немал играно 2 години фудбал,па уште и и играч од светски калибар.
 
Што ви е филмот бе?Огбона јакиот играч па сеа ке плачеме по него,пола утакмици ги заеба,една акција асална не напраи.Ако се радувал најмногу на титулата немора да значи дека мора да остане.Разберете едно УПРАВАТА И ИГРАЧИТЕ СЕ МЕНУВААТ,ОСТАНУВАМЕ САМО НИЕ И ВАРДАР
 
Па да покажеше нешто за да ја заслужи платата и сега да е разочаран да разберам... али теле е како и што он не ги исполни ветувањата да симне килажа така и јас ќе ја поздравам одлукава. И вие како направивте како божем Дрогба дошол... тоа е муабетот нема пари тука за да се одвојат за да се купи играч од друг клуб, во моментов можеме само слободни агенти да привлекуваме ...
Меѓутоа не се плашам од тоа, со самото тоа што се пласиравме во европа (се надевам дека со лиценцата се ќе биде во најдобар ред) ќе се појават и играчи што ќе сакаат да настапуваат во ЛШ а тоа дека го сакал клубот ... ќе се случува уште со многу играчи така да се е релативно тоа што го кажал Oгбона. Барем во овој случај ја поддржувам управата! Понатаму таков непрофесионализам може да се казнува...
 
Абе луге што стана со Вардар дали ја доби лиценцата за настап во европа и дали има некој нови спонзори кој ке зголемат буџетот на Вардар, и некој нови засилувања зошто реално со овој состав Вардар нема да може нешто позначајно да направи во европа, и за крај кога ке можат на берза да се купуваат акции од ФК Вардар има многу луге што се страсни навивачи на Вардар и се спремни да купат акции од Фк Вардар, по принципот на многу развиени лиги во западна европа каде што секој навивач да му помогне на клубот купува акции а тоа може да се направи тоа преку нова емисија на акции а парите од новоиздадени акции ке влезат во буџетот на Вардар. :)
 
Според тоа што го имам видено Огбона сега нема можност за некој краток период да ситигне до она форма во која играл пред 3-4 годни ..Но ни треба добри играчи за ЛШ па така послабите ќе морат да си одат дали сакаме ние или не.
Лично мене Огбона ова сезона највеќе ми се свиѓа од сите играчи( свиѓа како играч да не помислите на нешто друго :D )како само ја славеше титулата со Комити и се радуваше!
 
Гледам сите те почнале по Огбона да плачете....
Човекот може ја славеше титулата како никој друг али тоа си е сосема нешто друго.Он може и догодина да дојде да слави со нас никој тоа не му го брани,ама нас ни треба силен Вардар со далеку поквалитетни странци
А и управата ке бара оштета од Огбона :pos::pos::pos::pos:
Заради сите дупку што ги напраи со неговото трчање :pos:
 
Колумна за off.net посветена на Вардар на заколнатиот вардарец Таки Бошкоски:
http://off.net.mk/offside/fudbal/skopje-ima-crveno-crno-srce

СКОПЈЕ ИМА ЦРВЕНО-ЦРНО СРЦЕ
536700_158123380985332_100003630143860_207858_769167866_n.jpg

Е вака се става слика :D
Не знам кој ја правел сликата, ама сигурно е некое дете. И нема потреба од вакви ствари. Само им се дава на важност на дезертерските комитски подгрупи...
 
Огбона може слободно да си замине ако сака поголема плата. Што е до мене, би го оставил со помала плата, и за време на летово да ја симне килажата и а се врати во форма, па после да му се даде поголема плата, до тогаш вреди колку и Цацко.
 
Чекај, Чекај!
Зашто ОГБОНА па и Лико си заминуваат?
Па конечно едно име дојде кое било некогаш нешто во евро-фудбалов, и место уште едно да се донесе тука до него... не велам Меси да се земе...ама некој волку експониран колку и он, сега и тој си заминува, а пак и Лико мислев дека е квалитетен играч, зошто баш сега го пуштате?
И дали ќе се направат, односно колку евреи ќе се скуваат за овие два играча?
Убаво си пишал некогаш бил име, а сега доаѓањево во Македонија го сфаќа како заебанција и е со 10 кила вишок на себе. Не знам зашто те зачудува што е ослободен. Тоа е единствената логична одлука на стручниот штаб.
 
Ауу не да ме плаши, ај што нема да играме квалификации ЛШ, него тешко и дека ќе ги задржиме најдобрите играчи.... Го нема членот од управата на форумов оддамна да пише нешто....
 
Ауу не да ме плаши, ај што нема да играме квалификации ЛШ, него тешко и дека ќе ги задржиме најдобрите играчи.... Го нема членот од управата на форумов оддамна да пише нешто....

Pa jas go povikav mn odamna da se proiznese no nikaden go nema, od nekoj muabeti se nadevam deka se carsicki Vardar ne dobil licenca i upravata go znae toa mn dobro samo ne kazuvaat javno. Daj boze da ne e tocno
 
Како што разбрав одлуката е во рацете на УЕФА, документите се кај нив и од нив се очекува одговор, а рокот за пријава е до крај на мај ако не се лажам, така да треба веќе деновиве да одлучат.
 
На една страна прочитав дека Вардар и Адидас биле на добар пат да склучат двегодишен договор за спонзорство.Би било супер да е вистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom