НА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК НА КОМИТИ БЕШЕ ДИСКУТИРАНО СЛЕДНОТО:
1. Да се зголеми пиротехниката на домашните натпревари (да се набави повеќе пиротехнички материјали) и на натпреварот со шкендија да има повеќе од 100 парчиња пиротехника.
2. Се задолжи човек од групата кој ке биде одговорен за сите финансии на групата и еднаш месечно да поднесува детален финансиски извештај на состанок на групата.
3. Се задолжи човек од групата кој ке биде одговорен за официјална комуникација со управата на ВАРДАР и со новиот комесар за безбедност.
4. Се утврди крајниот датум за членска карта и тој е 1ви октомври за сите членови на КОМИТИ по кој рок сите ке плаќаат влезница. За задолжителните 20 членови од секоја подгрупа рокот е 15ти септември и после тоа која подгрупа ке нема 20 задолжителни членски автоматски ке престане да биде официјална подгрупа на КОМИТИ и ке се забрани истакнување на обележја на западна трибина.
5. Од наредниот домашен натпревар, вратите на запад ке се затвараат веднаш по почетокот на натпреварот и ке бидат затворени до крајот на натпреварот вклучувајки ја и паузата за полувреме.
6. Се прават напори да се одобри продажба на точено пиво и пијалоци на полувреме по ниски атрактивни цени и малата заработка да оди во финансиите на групата.
7. Бидејки освен мала нефинасиска помош од Град Скопје и некои јавни компании, никој не и помага на групата, официјално ке се побара финансиска/материјална рамка од Управата која ке биде минимална за потребите на групата, бидејќи во пресрет ни иде јубилеј 25 години КОМИТИ а средствата од членски и влезници не се доволни ни за основните потреби на групата за цела сезона. Се планира изработка на повеќе јубилејни рекламни реквизити.
8. Секој што е заинтересиран за поактивно учество во изработка на кореографија и други секојдневни работи и обврски на КОМИТИ, нека се обрати кај одговрните во групата. Групата има потреба од млади, иновативни членови кои можат да одговорат на обврските и предизвиците на групата во секое време.