Инаку човек ќе прочита милион глупости за ова со картиве и за посетеноста... Против Работнички 90% од јужна беше полна + преку 1000 имаше на запад, а напишани 8000 гледачи. Против Ренова сигурно имаше околу 4000, а според Спорт беа 2000. Капак на се напишани 500 гледачи на Металург - Работнички, а немаше ни 100 заедно со сите играчи, резервите и полицијата... Рака на срце, секој сака Вардар да го следат 10 000 во просек но тоа не е возможно во моментов. Повеќе од 10 години му копаа гроб на клубот политички платеници, навивачи, претседатели на офс, претседатели на федерации и кој-ли-уште-не, и тешко е да се вратат 10 генерации така лесно на стадион, верувале вие (ние) или не... Пред 15 години на натпреварите против Тиквеш, Рудар, Саса и сличните на нив имаше најмалку по 8-9 000 публика, но причината зашто тоа не е така и сега е дадена малку погоре. Сите сакаат преку леб погача, ама тешко дека ќе оди тоа така лесно. Кажав и во еден претходен пост, колку побрзо помладата армија навивачи на Вардар сфати дека во моментов ние немаме дрим тим, толку подобро ќе биде за нив, а и за самите играчи. Лигата е таква каква што е, во најмала рака мизерна, па затоа со оние коментари сите ќе ги газиме, нема гол да примиме и сличните на нив, само повеќе им се отежнува на играчите, кои за жал премногу ги користат социјалните мрежи и воопшто интернетот денеска, па затоа и секој збор може да влијае врз нив. Стариот Вардар треба да се гради чекор по чекор, ништо не биднало како што треба наеднаш во светов, а не па во земја како нашава, треба да се биде трпелив и да се истрае, резултатите ќе си дојдат сами по себе.
Околу картите, секој натпревар иста приказна, 100 денари многу, некој живеел далеку итн. И 20 денари да е карта, на тој што не му се иде пак ќе најде изговор за да не дојде. 200 денари месечно за тој што го сака Вардар не се премногу, тоа е едно пиво во дискотека. Досадни стануваме веќе со истиве муабети, дај барем ако ништо друго не ја тупете темава со тоа зашто не е карта 50 туку 100 денари. Убаво ви кажа Стар Почетник погоре, до пред некое време карта беше 150 денари за "ЧКЉ" тимовите, а кога Вардар играше со екипа од првите 6 на табела беше стандардно 200 денари карта, па од таму и воодушевувањето кога иста беше цената на карта против Силекс, Беласица, ЦСКА Москва и Спарта Прага. Последен пат кога Вардар имал смешна цена на карти е против Башкими во куп (30 денари), натпревар кој го доби со 15:0 (ова е пред 15тина години).
За крај, потребни ни се напаѓачи!!!
