Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ако може да ми го пријавите коментарот на другата страна
не видов што е напишано а предходниот негов коментар си го избришал:)
 
^На FM06 го купив Остоја во Јувентус, и лом праеше...поготово од слободни не утињаше. :D
 
Стјепановиќ потпиша две години во Вардар!
846750E89018584AAE45D05D93F6D942[1].jpg
"Ми недостасува титула во Македонија. Затоа доаѓам во Вардар, но и поради желбата преку игрите во црвено-црниот дрес да се наметнам во македонската репрезентација", ни изјави вчера Стјепановиќ
Најтрофејниот македонски клуб и официјално вчера стави потпис на двегодишен договор со 26-годишниот фудбалер од средниот ред Остоја Стјепановиќ... Согласно претходните најави Стјепановиќ повторно се враќа во црвено-црниот дрес по неговите настапи во 2007 година, сега отворено најавувајќи ја желбата за новиот Вардар да стигне до својата прва титула во македонскиот шампионат.
 
Дајте повеке за Стјепановик..што играч е ?
 
Дајте повеке за Стјепановик..што играч е ?

Игра во средина,доста добро се покажа пред 3-4 сезони ко играше за Вардар.
Одлично засилување во секој случај,уште Фичо да дојде(а се видов со Ренова на Јужна,и многу веројатно е да дојде доколку не најде нешто во меѓувреме) и Влатче од Септември и ќе бидеме Барса во ПМФЛ во средина.
 
Ништо чудно да се земат и амбурет и вашингтон,со кој би биле број еден кандидат за титулата.И двајцата на зима можат да дојдат(мислам дека е реално да се очекува овој потег знаејќи дека илчо со нив е добар)
 
Инаку човек ќе прочита милион глупости за ова со картиве и за посетеноста... Против Работнички 90% од јужна беше полна + преку 1000 имаше на запад, а напишани 8000 гледачи. Против Ренова сигурно имаше околу 4000, а според Спорт беа 2000. Капак на се напишани 500 гледачи на Металург - Работнички, а немаше ни 100 заедно со сите играчи, резервите и полицијата... Рака на срце, секој сака Вардар да го следат 10 000 во просек но тоа не е возможно во моментов. Повеќе од 10 години му копаа гроб на клубот политички платеници, навивачи, претседатели на офс, претседатели на федерации и кој-ли-уште-не, и тешко е да се вратат 10 генерации така лесно на стадион, верувале вие (ние) или не... Пред 15 години на натпреварите против Тиквеш, Рудар, Саса и сличните на нив имаше најмалку по 8-9 000 публика, но причината зашто тоа не е така и сега е дадена малку погоре. Сите сакаат преку леб погача, ама тешко дека ќе оди тоа така лесно. Кажав и во еден претходен пост, колку побрзо помладата армија навивачи на Вардар сфати дека во моментов ние немаме дрим тим, толку подобро ќе биде за нив, а и за самите играчи. Лигата е таква каква што е, во најмала рака мизерна, па затоа со оние коментари сите ќе ги газиме, нема гол да примиме и сличните на нив, само повеќе им се отежнува на играчите, кои за жал премногу ги користат социјалните мрежи и воопшто интернетот денеска, па затоа и секој збор може да влијае врз нив. Стариот Вардар треба да се гради чекор по чекор, ништо не биднало како што треба наеднаш во светов, а не па во земја како нашава, треба да се биде трпелив и да се истрае, резултатите ќе си дојдат сами по себе.

Околу картите, секој натпревар иста приказна, 100 денари многу, некој живеел далеку итн. И 20 денари да е карта, на тој што не му се иде пак ќе најде изговор за да не дојде. 200 денари месечно за тој што го сака Вардар не се премногу, тоа е едно пиво во дискотека. Досадни стануваме веќе со истиве муабети, дај барем ако ништо друго не ја тупете темава со тоа зашто не е карта 50 туку 100 денари. Убаво ви кажа Стар Почетник погоре, до пред некое време карта беше 150 денари за "ЧКЉ" тимовите, а кога Вардар играше со екипа од првите 6 на табела беше стандардно 200 денари карта, па од таму и воодушевувањето кога иста беше цената на карта против Силекс, Беласица, ЦСКА Москва и Спарта Прага. Последен пат кога Вардар имал смешна цена на карти е против Башкими во куп (30 денари), натпревар кој го доби со 15:0 (ова е пред 15тина години).

За крај, потребни ни се напаѓачи!!! :)
 
:pos::pos::cuc: ЦАР !!!
untitleee.png
 
Па добро реално Пандо и не е нешто посебно, а и не е класичен напаѓач туку крило. Нешто ко Лико и Петров. Само што е далеку послаб од овие двајца. Честитки за Остоја, доста квалитетен играч добивме, али мора под итно да се доведе напаѓач !
 

Море камо среќа да ни се паднат во куп, да ги реактивираме малце партиски "необоените" навивачи кои поради партијата не можеа да одржат протест за клубчето...
--- надополнето: Aug 24, 2011 12:11 AM ---
Видео: Урдинов-Сакам да играм за Вардар

Jani_Urdinov_19.jpg

За време на престојот во Скопје, на разговори со ФК Вардар, младинскиот репрезентативец Јани Урдинов даде ексклузивна изјава за СпортЕфе, во која изрази задоволство што е поканет да игра за најголемиот македонски клуб Вардар.


http://sportefe.com/makfudbal/video-urdinov-sakam-da-igram-za-vardar
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom