Сега проширувањето на Првата лига е во рацете на членовите на УО на ФФМ. Вардар и Пелистер, клубовите што во овој момент се наоѓаат на последните две позиции на табелата, кои значат и испаѓање, ќе имаат можност да останат во елитата, но само доколку водечките луѓе на македонскиот фудбал одлучат елитната фудбалска дивизија во сезоната 2011/12 да брои 14 или 16 клуба. Фудбалскиот клуб Вардар, кој имаше барање до Собранието на ФФМ за враќање на трите бода што му беа одземени по административен пат поради неодигрување на мечот со Хоризонт Турново, ќе го почека официјалниот записник од седницата, а потоа ќе заземе свој став. - ФК Вардар својот став за ова прашање ќе го соопшти откако ќе го добие официјалниот записник од Собранието на ФФМ - изјави Атанас Костовски, претседател на Вардар