Неизбежни три за Вардар
Натпреварот со Тетекс за најтрофејниот македонски клуб неизбежно треба да го означи почетокот на акумулацијата на неопходните бодови во трката за опстанокот во оваа сезона
Без разлика на претходниот пораз од Шкендија, низ позитивно расположение "вардарците" очекуваат квалитетно издание и три бода како подарок за најверните свои навивачи кои најавуваат бројно присуство денеска на "Филип Втори".
За разлика од Вардар, кој мора по секоја цена да дојде до трите бода "штофарите" денеска растоварени од секаков психолошки притисок ќе се обидат и тоа како да им го отежнат патот на вардарци до целта. Тетекс успеа да победи на стартот со Хоризонт Т и затоа на овој меч со "црвено - црните" ќе одиграат за себе, за своја душа што се вели. А кога се има таков пристап тогаш вообичаено е да се освои некој бод.
ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ
ТЕТЕКС - ВАРДАР 3:2
ТЕТЕКС - ВАРДАР 1:1
ТЕТЕКС - ВАРДАР 1:0
ВКУПНО:
6 3 1 2 10:6
ВАРДАР - ТЕТЕКС
Национална арена "Филип Втори Македонски". Капацитет: 22.000. Почеток: денеска, 14 часот. Главен судија: Стевче Шулески. Помошници: Драге Неделкоски и Жарко Тодороски (сите од Охрид).
ВАРДАР: Симов, Ѓоргиевски, Бојовиќ, Б. Џангаровски, Нено, Ристевски, Т. Џангаровски, Трипуновски, Настевски, Фабио, Вандаир
Тренер: Зоран Стратев
ТЕТЕКС: Мар. Јовановски, Д. Наумовски, Дан. Јовановски, Мишковски, Ѓорѓевски, Алии, Захариевски, Силјановски, Радоњиќ, Глигоровски, Г. Наумовски.
Тренер: Тони Јакимовски.