"Покојници" или "полковници"!?
Покојници" или "полковници"!? Тешко е прецизно да се дефинира статусот на актуелниот млад "црвено-црн" состав иако за многумина ад-акта оваа генерација на Вардар ќе остане забележана по најлошата резултатска полусезона во историјата на клубот
Меѓутоа, со истата леснотија со која младите играчи кои првпат сериозно ја чувствуваат прволигашката сцена, а водени од само тројца поискусни во тимот можат да се оквалификуваат како "лузери на Вардар", дефинитивно во спротивна насока, ако се погледнат подетално условите под кои функционираа пет месеци, лесно може да се квалификуваат и како "вистински спасители на Вардар" доколку овие нивни 13 или 16 бода, на кои се надеваат, на крајот се покажат и пресудни за прволигашки спас.
ЕСЕНСКА ПОЛУСЕЗОНА 2009/2010
СОСТАВ: Филип Маџовски (сегашен клуб: Лонг Ан, Виетнам), Стефан Ристовски (Парма, Италија), Александар Крстески, Никола Карчев (Шангај, Кина), Дарко Глишиќ (Сараево, БиХ), Драган Љубисављевиќ, Марко Костенцовски (Металург), Оливер Пеев (Тетекс), Марјан Белчев (Тетекс), Филип Петров (Јавор, Србија), Бошко Ступиќ (Истра, Хрватска), Музафер Ејупи (Металург)
ТРЕНИНГ УСЛОВИ: сопствени соблекувални, помошно игралиште на "Филип Втори", соодветна логистичка подршка (економ, кабинер, доктор, физиотерапевт)..., одработени летни подготовки на Златибор и во Дојран
ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ: во периодот од август до декември 2009, во зависност од договорните услови, секој од фудбалерите добил најмалку 1.000 евра
АТМОСФЕРА: нетренирање, неколкукратни штрајкови, размислувања и за неодигрување натпревари
РЕЗУЛТАТСКИ БИЛАНС НА КРАЈ ОД ПОЛУСЕЗОНАТА:
15 3 4 8 17:22 13 бода
ЕСЕНСКА ПОЛУСЕЗОНА 2010/2011
СОСТАВ: Марјан Маџаровски (24 години), Гоце Гоцевски (18 год.), Бојан Ѓоргиевски (18 год.), Тони Џангаровски (25 год.), Никола Никанчевски (23 год.), Златко Ристов (31 год.), Стефан Ристовски (17 год.), Трајче Стојковски (21 год.), Иван Иванов (18 год.), Димитри Ѓоргиевски (19 год.), Андреј Ацевски (19 год.), Горан Силјановски (20 год.), Дарко Лазаревски (18 год.), Урош Шикмановиќ (18 год.), Никола Трипуновски (27 год.), Реџеп Сулејмани (18 год.), Иван Настевски (19 год.), Перица Василевски (21 год.), Александар Пандовски (19 год.), Фахрудин Ѓурѓевиќ (18 год.).
ТРЕНИНГ УСЛОВИ: без ниту ден сериозни летни подготовки, без свои клупски простории, без соблекувални, само поради добра волја на Македонија ЃП се тренира на игралиштата во Ѓорче Петров, без лекарска поддршка, фудбалерите сами собираат пари (кој колку може) инцидентно да се плати физиотерапевт од време на време, капитенот Златко Ристов е и помошник тренер и кабинер, Никола Трипуновски самоиницијативно се одлучува да биде и финансиер па неколкупати купува прашок за перење на опремата, последните два месеци секој од играчите ја носи својата опрема на "домашна нега".
ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ: во периодот од август до декември 2010 фудбалерите добиле по околу 300 евра
АТМОСФЕРА: ниту пропуштен тренинг, ниту помисла за штрајк или неодигрување првенствен натпревар
РЕЗУЛТАТСКИ БИЛАНС НА КРАЈ ОД ПОЛУСЕЗОНАТА:
17 5 1 11 14:26 16 бода (3 одземени на зелена маса)