Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Откако Мегленски ја одби нашата понуда, и Баже Илијоски негираше дека бил контактиран од челниците на Вардар.
Инаку за утрешниот меч, Џангаровски и Силјановски отпаѓаат од комбинација поради жолти картони, а се враќаат Василевски и Никанчевски, како и голманот Маџаровски кој мислам дека поради стомачен вирус го пропуштил мечот со Пелистер. Дури сега видов дека со Пелистер всушност бранел Гоцевски, тој малиот што лани со Турново си го лобуваа како сакаат :pos:
И пак не успеале да не победат :pos::pos:
Можно е во екипата после еден месец да се врати и Пандовски, ама мали се шансите. Скопје е комплетен и дефинитвно му ја давам фаворитската улога. Да играше Силјановски ќе кажев дека силите се изедначени, вака сме послаби дури и од еден мочан состав на Скопје...
Не смее да изгубиме, ама тоа е многу тешко остварливо...
 
Па и јас да бранев против пелистер немаше да ми дадат гол... :) Таму вредеше само Илиев, сите други тешко дека и во ФК Лепенец би дремеле на клупа за резерви. Инаку тешко ќе биде против Скопје, мислам дека бод би било сензација, а победа...
 
И јас би сакал да знам дали уште ви трае бојкотот?
За утре, нека победи подобриот, освен ако не е наредена работата. :)
 
Додека се играчи како Ристов и Трипуновски во Вардар ќе има бојкот!Да се надеваме дека ќе ги нема на полусезона...
 
А зошто играат и двајцата сеуште, неможе на тренинг да им отидете две воспитни на Чаки и одма у Ѓорче 2 да го пратите ?! Брацо чим му ги дале трофеите веќе е длабоко навлезен во функционирањето на клубот што не им даде шут карта на тие што му го заебаа планот да игра у Европа и да земе пари :toe:?
 
Ние не можеме ништо 3 пати се отиде на тренинг џабе коа си идат по старо не го напуштаат клубот Брацо ке ги шутне уште одма штом ќе донесе засилувања а вака ако ги избрка нив ептен тенки ке сме...Ни едното ни другото не ни одговара..
 
А зошто играат и двајцата сеуште, неможе на тренинг да им отидете две воспитни на Чаки и одма у Ѓорче 2 да го пратите ?! Брацо чим му ги дале трофеите веќе е длабоко навлезен во функционирањето на клубот што не им даде шут карта на тие што му го заебаа планот да игра у Европа и да земе пари :toe:?

Се одеше на тренинг неколку пати, и се разговараше долго и со двајцата. И двајцата тврдат дека не се криви, и неможеш да земеш и да ги истепаш без докази, само затоа што некој ги набедил. Чим Брацо не се вмеша тука, значи имало некој договор или било што, па нема фајде сега од бркања. За бојкотот ќе трае сигурно, дур не се испита ова по судски пат. Оваа полусезона сигурно нема да навиваме на последниве два меча, а од полет се надевам ќе се вратиме пак на трибините. Мене ептен ми се навива сега и мислам дека не е време за бојкот, али чим сме почнале нека се тера до крај...
Утрешната утакмица сигурно не е наместена, али и без тоа шансите за победа ни се мали.
Со оглед на тоа што Силјановски нема да игра а во средниот ред го немаме ниту Пандо, битката на овој дел од теренот ја губиме сигурно. Во одбраната би требало да настапат Георгиевски/Ристовски-Стојковски-Никанчевски-Ристов, во средината сигурни се Трипуновски, Ацевски и Настевски. Е сега кој друг ќе игра тука не знам, али најверојатно тоа ќе бидат Лазаревски и Шикмановиќ, и во нападот Фако.
Тежок меч за нас, и еден од решавачките. Се надевам на триумф...
 
Сега го гледав Коце на телевизија и рече дека градот Скопје ќе помогнеле на неколку клубови кои се во финансиска криза.
 
Исто како Битола што му помогна на Пелистер со 5 000 евра, а со тие пари ни прашок за перење не се купува... Ама битно следните избори кога ќе има митинзи оваа "помош" нема од уста да ја извадат, а така ќе биде и со нас :)
 
Почна ли? На резултати покажува дека уште не е почната
 
Линк за преку нет да се слуша пренос? Тој на сајтот на ффм не работи...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom