Ајде една добра вест во најава. Информацијава не е 100% сигурна, ама најверојатно со новиот закон за здруженија на граѓани (за каков важи и Вардар) што се подготвува, клубовите ќе можат да прогласат стечај без да бидат вратени во најнизок ранг на натпреварување. Значи ќе може да си го задржат местото во Прва лига и во исто време да се исчистат од долговите. Тоа би било одлична шанса за „оздравување“ на Вардар. Да се надеваме дека навистина ќе биде така како што се најавува.
Реално Хари мора да направи нешто за да ги придобие клубовите пошто столчето му се ниша. Ако е вистина, ова ни е единствената шанса да се издигнеме од мртвите и да почнеме да работиме како нормален клуб...
--- надополнето ---
Бтв на почетокот од Декември и официјално се очекува влегувањето на Брацо и носењето на неколку играчи, така да за последните две утакмици со Скопје и Напредок би требало да настапиме во засилен состав.
За жал нашето гостување во Битола беше упропастено што од ФФМ, што од бојкотот, и иако спремавме спектакл од досега најголеми размери сепак тоа ќе почека најмалку до иднаа полусезона. Во петок доаѓаат и 15-те членови од УГЕ кои требаше да дојдат со нас на гостувањето во Битола, но поради настанатата ситуација решено во Сабота во 21 часот да се одигра пријателски меч УГЕ ВС Комити во салата кале.
Ако ништо друго уште еднаш се потврдува пријателството со големата навивачка група од Германија а тоа секако е добро и за афирмација на Вардар!