Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Како прво и прво подполно се сложувам со тоа што ти го одговори Виктор.

Додека како второ, прочитај ги убаво моите последни постови и ќе видиш дека речениците ми се во прво лице множина, што значи дека не си земам за право себе како навивач на Вардар (без разлика дали имам членска од Комити или не) кој што ја подржал иницијативата за формирање на ИО за спас на клубот да се амнестриам од вината за сите погрешни потези направени во изминатиов период, и истата да ја префрлам на некој трет. Сите ние којшто го носиме вардаровиот амблем во срцето сме до негде виновни што дозволивме клубот да западне во актуелнава состојба.

И за крај најмалку е битно дали на хартија си член на Комити. Припадноста кон оваа навивачка група чии што основни и суштински идеали сеуште ги почитувам, треба да се заслужи со дела. Проблемот е во тоа што оние кои што парадираат по медиумите и се представуваат себеси како воџи и месии свесно подзаборавиле на предмалку споменатите идеали!

Тогаш зошто им го дозволувате тоа?

Уствари кој им дозволи на нив, да се претставуваат во името на Комити дека ке го водат баш они клубот?

Мислам дека треба да си ги поставите овие прашање самите.

Зар немате состаноци како клуб на навивачи, зошто тука не ги кажете тие проблеми, дека не се согласувате со досегашното раководење на клубот?
 
Брацо требаше да биде избркан и ја стојам зад тоа. Наместо него дојде Трифун и скоро сите очекуваа дека Вардар под негова капа ќе се издигне скалило погоре, како резултат на неговите претходни достигнувања. Ама ете, не секогаш предвидувањата излегуваат како што сите Вардарци посакувавме. За жал потоа не се дојде друго адекватно решение и Вардар дојде до оваа ситуација да практично не може да се издржува. Јас пак ќе кажам дека за главен кривец на ситуацијата го сметам Камчев и евентуално некој од Одборот на навивачи што соработува со него.
 
Абе лесно е вака од настрана да се даваат совети, меѓутоа во практика работите стојат малку поинаку, и ситуацијата е далеку од демократска за секој да би можел да си го изрази сопственото мислење онаму каде што истото и треба да биде чуено!
Поздрав!
 
Да токму така, мене ми е лесно од оваа страна.

Но сепак кога се мора, мора се !

Значи ако се согласуваат “сите“ комити, за неправилната работа во Вардар од страна на управниот одбор во кој главен збор има одборот за спас на Вардар, тогаш не гледам причина а да не се бојкотира нивната работа.
 
Добро, јас мислев дека и вие сте дел од Комити, зашо ако бевте тогаш требаше да барате одговорност од вашите луѓе или евентуално до другите.
Ете јас сум Комита. И пртеходно кажав дека тие што сме на трибини во моментов и воџи и сите други поглавни немаме три чисти што се случува во вардар:kesa: Единствена наша врска со тие што преговараат за нов спонзор и што се обидуваат да пронајдат некој таков е само Миле:wink:
И он работи за доброто на вардар. Но ете се појавуваат разни струи. Камчев неможеме да го тргнеме тоа јасно ни е ставено до знаење. Незнам од кој причини али едноставно НЕ СМЕЕМЕ да примениме сила врз него како што беше врз Брацо. Јас како обичен член немам врска за некои матни игри низ минатато али по се изгледа имаме некои долгови кон овој човек. А многу е и веројатно дека од тој долг што Камчев го бара од секој потенцијален иден спонзор, по некој дел ќе добијат и извесни наши чланови. Моја претпоставка немора да е вистина. Тоа се членови кои некогаш иделе на запад, кога јас уште сум правел осмици во пепељара и немам врска ни кои се ни што се:toe: Струјата која се обидува да го врати Брацо сакашпе да направи една мала превара. Т.е. да излезе со понуда позади која стои Брацо но тоа ние да не го знаеме:wink: Но ете ги открија на време. Јас не сум за Брацо да се врати назад. Единствен спас по се изгледа ни е враќање по регионите, па да се почне од нула:tapp:
 
Абе нели се најавуваше дека има некоја фирма од швајцариа заинтерсирана феникс спорт мислам дека се викаше,сеа нигде ни нема нз што се дешава со клубот се најавува дека пола играчи ке си одат од вардар и тоа како слободни фудбалери.
 
Колку што јас разбрав, до почетокот на наредната недела треба да го дадат својот дефинитивен одговор за тоа дали ќе влезат во Вардар. Засега имало потпишано преддоговор со нив за преземање на клубот на 5 години. Ќе видиме што ќе излезе.
 
Ај да го видам и тој одговор,ние чекавме 3 години за спонзор па за една недела проблем ли е:toe:. Ке дојде и тој ден па се надевам веќе незнам по кој пат дека ке не земе некој, и не мора да ни казува во лш дека ке влегуваме само неке не земе колку да мрдне работата во вардар,па за натаму има време.
 
Брацо требаше да биде избркан и ја стојам зад тоа. Наместо него дојде Трифун и скоро сите очекуваа дека Вардар под негова капа ќе се издигне скалило погоре, како резултат на неговите претходни достигнувања. Ама ете, не секогаш предвидувањата излегуваат како што сите Вардарци посакувавме. За жал потоа не се дојде друго адекватно решение и Вардар дојде до оваа ситуација да практично не може да се издржува. Јас пак ќе кажам дека за главен кривец на ситуацијата го сметам Камчев и евентуално некој од Одборот на навивачи што соработува со него.
Трифун мислеше ќе начека во Вардар ситуација како во Работнички...6 навивачи еден тапан и сите среќни и задоволни,но овде има буквално рекетери што се колнат дека се навивачи,водачи и кој к*р незнам веќе и мора да земаат и они,а се многу верувајте така да човекот фино лепо си излезе не финансирајќи некои вакви...има најави дека водачите земаат и по неколку илјади евра а фудбалерите едвај 100 и тоа на два-три месеци,па никој нормален нема да остане во клубот :tapp:
 
Не претерувај сега :) Одма дсемантирам дека не си во право за водачите дека земале толку пари. Единствено што ние го баравме од трифун ба организираните гостувања т.е. платени автобуси за гостувањата:wink:
 
Камчев неможеме да го тргнеме тоа јасно ни е ставено до знаење. Незнам од кој причини али едноставно НЕ СМЕЕМЕ да примениме сила врз него како што беше врз Брацо. Јас како обичен член немам врска за некои матни игри низ минатато али по се изгледа имаме некои долгови кон овој човек. А многу е и веројатно дека од тој долг што Камчев го бара од секој потенцијален иден спонзор, по некој дел ќе добијат и извесни наши чланови.

Камчев повеќе од една деценија има побарувања од клубот за спортска опрема, кои на почетокот изнесувале нешто над 100 000 денешни евра, а денес со камати се нараснати на приближно половина милион. Меѓутоа неколку пати има ветено дека ќе се одкаже од истите за да му овозможи непречен влез и чиста сметка на новиот можен финансиер. Ветувања коишто не само што не ни размислува да ги исполни, туку напротив со своето однесување го прави спротивното!
 
ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ ДАЛИ ВАРДАР ЌЕ ИГРА ВО НЕДЕЛА..........
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom