Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ај честито победа и да ни се множат
Со кого и да играме мора да прими 3 гола во мрежа
 
Пази пази Вардар гази!

Одлична игра и рутинска победа, ова е Вардар кој сите одамна го посакуваат.:helou:
 
Македонија - Победа 5-0
Милано - Вардар 1-3
Ренова - Пелистер 3-1
Турново - Силекс 1-0 (90`)
 
Браво Вардар супер игра на нашите но само на момент,што им беше едно 20 мин во 2 ро полувреме јас незнам одбраната тапа среќа што овие не знаеа како да дадат гол,ама сепак мн топ гол на Положани а и на Јанчевски беа супер,само напред следен е напредок дома нова 3-ка.

НАПРЕД ВАРДАР!!!!!!!!!!
ПАЗИ ПАЗИ ВАРДАР ГАЗИ:helou:
 
Од резултатот треба да бидеме задоволни, нова победа,нови три бода одново потврдени со три гола во противничката мрежа, максимален учинок после 4 натпревари и прво место.
Тоа е она што е за пофалба,ама играта реално гледано беше слаба, т.е. најслаба во новава сезона. Одбраната ја немаше нигде, Милано во текот на целиот натпревар лесно продираше во нашата половина,изведе дури 11 корнери,имаше едно 10тина закани од кои 4-5 беа 100% шанси, но за среќа реализацијата им беше мизерна. Сепак големите екипи се големи затоа што и кога не играат најдобро умеат да стигнат до победата,а Вардар на овој натпревар одигра токму така - слабо, но во манир на голем тим.
Поединечно ќе искритикувам неколку играчи
Никола Глигоров - не беше слаб но под своите можности, во одбраната требаше да доминира на 30-40 метри од нашиот гол но токму тука го немаше нигде, а во нападот во второ полувреме прокоцка две акции.
Али Муса - очигледно не му се ни трчаше па затоа и не одигра ништо
Јанчевски - даде два гола но во второ полувреме апсолутно безопасен

За пофалба единствено би ги издвоил Пачовски Положани и Милисављевиќ
 
И ја се согласувам дека одбраната беше доста несигурна денеска. Дали беше само беше до неа или немаа доволно помош од останатите, е главната дилема кај мене. Добро што од другата страна го имаше дрвото Глигоровски, кој уште 90 минути да играше немаше гол да даде. Бар ако ништо друго се уверив дека направивме добар потег што го пуштивме во Милано. Муса Али дефинитивно покажа дека не е марка за во Вардар и крајно време е да се тргне од првиот тим. Не мрдна 90 минути човекот. Има момци на клупата кои многу подобро ќе одговорат на обврските од него. Ја би го издвоил и Масев, кој и покрај тоа што трпеше дивјачки стартови од тој идиотот Статовци, уопште не се исплаши.
 
И Ја би го издвоил и Масев, кој и покрај тоа што трпеше дивјачки стартови од тој идиотот Статовци, уопште не се исплаши.

Одкако Божиновски беше сменет со Менгленски, Масев беше прекомандуван на десен бек и сосема солидно се снајде во таа улога,иако малце покасно по природа менталитетот почна да го влече да иде напред при што остави доста простор позади.
 
Одкако Божиновски беше сменет со Менгленски, Масев беше прекомандуван на десен бек и сосема солидно се снајде во таа улога,иако малце покасно по природа менталитетот почна да го влече да иде напред при што остави доста простор позади.
Не знам зашто Достаниќ не се реши за Брага, кога веќе го имаше на клупата:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom