Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
КуПС се под просек од тим, го кажав тоа уште после жрепката, иако вечен песимист поради мафијашко аматерската структура, бев оптимист дека ги проаѓаме ,и тоа лагано. Остај тоа што го кажува потпаролот на козарот, карти по 100 евра, Финска економски гигант и незнам што. Денес имаа негде 2000 публика (од град од 120к, и регион од над 200к),помножи по 20 евра, па помножи со спинувањата на потпаролот на Свињенко, ќе добиеш = мизерија. Фудбалот е 4-5ти по популарност/гледаност во Финска, лигата им е на незавидно ниво. Едноставно и тие малку пари што се вртат кај нив ,се трошат домаќински. Нешто непознато за нас.
 
Напредок за разлика од минатата недела секако дека има што е добар знак затоа што тренерот е подготвен да учи од своите грешки и да ги менува работите во од. Денес ја погоди и формацијата со 3 позади, и стартниот состав и измените. Тоа што го уништи е несфатливо плиткиот ростер и слабата физичка подготвеност поради која пола екипа ја фатија грчеви уште пред истекот на регуларните 90. Во најважниот натпревар во сезоната од која ти зависи буџетот и приходите доаѓаш во ситуација во оган да ставаш 16 годишно дете кое лани играло пионерско-кадетска лига и ветеран од 40 и кусур кој сакаше да се откаже од фудбал уште пред 5 години. Затоа е потребен човек од фудбалот кој ќе ги детектира овие проблеми и ќе донесе тоа што е потребно. Не постои клуб во светот без позиција спортски директор, или како и да се вика таа функција која се занимава исклучиво со фудбалските прашања. Од друга страна сега веројатно ќе слушаме политички флоскули дека финскиот шампион не е ништо подобар од нашиот и оваа пирова победа ќе се претстави како херојска. Никако да сфатиме дека овие квалификации се двомечи каде е битно вкупниот резултат од двата натпревари да е во твоја корист, а тие уметнички дојами и херојски изданија се забораваат за неколку дена. Играл Вардар херојски и во Бордо, но кој памети...

Сега е најбитно уште повеќе да се подобри играта затоа што не чека ривал далеку подобар од Купс за кој заклучивме дека е греота што му се пристапи така и ривал кој можеше да биде елиминиран, Сега секако ќе се оди по потешкиот пат до Конференција, шансите се скоро па никакви, но токму овие натпревари треба да послужат за што подобро затегнување на екипата и да се надомести она што се пропушти на екскуризијата во Норчија.

Едно е сигурно, со овој тим, Вардар ќе биде бар 10-15 бодови подобар од сите ривали во првенството. Никаква помош, глупирања и срамотења не се потребни
 
рига во Скопје мора да падне !!!
Автоматски споено мислење:

Вардар денес покажа карактер. Победи на гости против КуПС, се бореше до последниот атом сила и го остави срцето на теренот. За жал, тоа не беше доволно за пласман понатаму.
Но, токму тоа е фудбалот. Не секогаш победува оној што е подобар во тие 90 или 120 минути. И најголемите доживуваат разочарувања. Франција, со еден од најскапите и најквалитетни состави во светот, не успеа да стане светски шампион. Такви приказни има безброј. Затоа, нема место за разочарување и откажување.
Сега е моментот кога Вардар има најголема потреба од нас. Не кога победува, туку кога треба да се исправи и повторно да тргне напред.
Следува Рига. Нов натпревар. Нова битка. Нова можност.
Да покажеме што значи вардарова поддршка. Да покажеме дека Вардар никогаш не оди сам.
Мобилизација. Вардаризација.
Сите на Запад. Игра Вардар!
 
Последно уредено од модератор:
procitaj pogore, vardar e prezeman pred partijata da ja prezeme vlasta. ima pomos do nekade ali privatni pari se.
Браво Кано, победивме на гости. Сепак среќата е дел од фудбалот. Честитки од мое име. Си се продал, и ќе купиш. Епа затоа Македонија е стара од антиката.
И во трета лига,и во петтата, има луѓе што не се продаваат. Не си се продал,си купил,или те купиле,си купил, ти си знаеш .
 
9. Хоакин Торес
Од академијата на Бока Јуниорс. Колку што сум јас од школата на Славија Прага.
Интернет вика дека е од Њуел Олд Бојс, а ти си од школата на Славија.
 
Вчера се надминаа себеси и одиграа добра натпревар на вештак. Герсон да бидеме реални остави добар впечаток, посебно со своја физичка подготовка. Е сега ни се удира од глава што Мишко ни е стопер на овие години и мораше да влегува во игра баш кога не требаше. Бабунски и Спахиу добија шанса ете им да се докажат ама ништо нема од нив. Подобро Диме Тодоровски да влезеше место оној Спахиу.

Останува да жалиме што во Скопје не почна со Најдо, Мане и Герсон. Дај боже вака да играат и со Рига, ќе биде добро за гледање.
 
Рига ми личат на три пати појак противник од КУПС.
Страшен тим, чудо е како не поминаа вчера, реално многу ги посака Ерменциве според то шо можи да се види од Хајлајтс.
Со овие дома и гости 5-4-1 харам дефанзивен блок и иншалах. :popce:
 
Во среда на 22.07 играме дома од 20:00 часот со Рига, повторно првата уткамица се игра дома.
 
 
Рига ми личат на три пати појак противник од КУПС.
75% од екипата се интернационалци. Денес имале 5 бразилци, 5 летонци, 2 од Гана и по 1 играч од Коста Рика, Колумбија, Тунис, Мароко, Гамбија, Нигерија, Камерун и Сенегал.
200-0 ќе не тепаат у двомечот.
 
Back
На врв Bottom