Омерагиќ може да направи трансфер само во ФК Скопје. Помина времето кога можеше да се прелаже некоја странска екипа, само затоа што настапувал за репрезентација и е капитен на шампионот. Милион софтвери постојат за секое движење на играчите, сите сериозни екипи скаутираат играчи на таков начин. Доволно е едно видео да пуштиш од утакмица со екипа од топ 5 во Македонија и да ти е јасно дека типот нема никакво движење, фудбалско знаење, ниту пак квалитет за да игра во странство. Настапите во репрезентација му беа уште поголема антиреклама.
Повеќе од јасно е дека останува кај нас и повторно ќе биде стартен напаѓач. Во спротивно ќе купевме некој досега.
Гледам и овој Компаоре се отишол од Струга. Не знам дали нашол екипа, али претпоставувам ќе отиде во Шкендија и ќе ни го каже вицот.