Дали сметаш дека Родригез и Пиреш се доволни за добар настап во Европа, и дали треба да бидеме задоволни ако се затвори ростерот само со овие двајца?
Доколку извлечевме противник против кого не можи да парираме, нормално дека подобро би било и да се зачуваат парите за следна сезона, (како шо беше случај лани со Лозана..), особено во ситуација кога лигата ни е "сигурица" и нема потреба од 100% трошење на буџетот, шо значи многу за нас.
Шкендија направија 6-7 милиони оваа сезона од европа (со се нивниот годишен буџет тоа се тројно повеќе финансиски средства од годишниот буџет на Вардар), а денар не потрошија на сериозни засилувања.
Паметно ги чуваат финансиите за некој потенцијални
нивни подобри времиња, зато шо се свесни дека во следни сезони нема да помирисаат титула (а со то и излез во некој групи на европа).
Но тоа не значи дека ние треба да останиме со Омерагиќ напред и да не почниме да се подобруваме и градиме нов тим и систем за во европа.
Зато шо и следна сезона никој не ни гарантира дека ќе играме со Тре Пене, Ларне и остала боранија.
Во време на Самсоненко имавме респектабилен тим кој парираше на Малме, Копенхаген па и со Фенер изигравме јако, претходните две сезони со Апоел, Динамо Загреб.
А со екипава составена од Седло и тие пред него, против аматерски тим на Ла Фиорита гости се избламиравме.
Фудбал во европа не се игра со пешачење, а такви играчи ги имаме во Закариќ на пример, на кого договорот му го продолжуваме за 2 години.

Ај ваљда ќе брка работа во лига..
Најбитно е да му се дадат одврзани раце на Фабијани, колкав и да е буџетот
тој да ги селектира играчите.
Да земиме пример како се работи од Целје, со значително помал буџет од горе споменатите Сабах и Рига, имаа супер издание во европа.
2 пати тепаа со тим како Аек во конференциска, еднаш гости 0-2 и дома 3-1, завршија пред екипи како Фиорентина, Аз Алкмар..
Шо се однесува до засилувања, ако планираме да потпишеме со јаки играчи, најдобра опција било некој договори до 30 септември 2026 со автоматска опција за продолжување до јуни 2027 ако клубот се пласира во групна фаза на Конференциска лига.
Е сега едно е во теорија вакви договори, друго е во пракса. Веројатно ќе повлече некој играч Фабијани.