Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се отпадне од Купс, 2 коло Лига Европа се игра против поразениот од Арарат (11 странци, со 9 репрезентативци) и Рига.

Потешко е второ коло ЛЕ, него ли ЛШ.
Актуелниов ростер не ми дава надеж дека нешто далеку ќе се изгура летово, едина шанса и релативно “полесен противник” се само Купс од се следно што следи.
Ако сакаат нешто подолго лето, мора со Купс да идат all in у смисла на засилувања…
Ебате клубот каде што главна мака е да ни се посреќи 1% и да падне лесен противник, отколку да се купат неколку играчи и да немаш толку голема грижа и страв од екипи од Финска, Сан Марино и Северна Ирска. Самото останување на Азер зборува за амбициите на ФК Многу си моќен, на страна тоа што не донесовме ниту еден асален играч. Драган Начевски и Зоран Мисердовски сега да ги ставиме во напад, сигурен сум ќе имаат поголем придонес од неписмениов копач.
 
Уф, Сабах се оган екипа. Микелс крилото е ненормално брз и технички добро поткован, Лепињица е топ во средина. Одбраната можеби им е најслаба алка ама за разлика од лани и таму се имаат засилено. Инаку, клубов е нов и го држат Руси така да, нешто сличен клуб како Рига и Цеље. Лани Цеље (кој моментално на балканов е меѓу топ 3 клубови од бивша Југо) бајаги се намачи да ги елиминира.
Купс е екипа по мера, само сериозен пристап и мислам дека ќе ги елиминираат ама потенцијално Сабах во второ коло е брутално тешко.
 
Сеа Пура коа ќе не изненади со засилувања има да згазиме се по ред. А и да не, не е важно , битно македонска лига сме освоиле. Да ти се намочам у лигата.
 
Лани Цеље (кој моментално на балканов е меѓу топ 3 клубови од бивша Југо) бајаги се намачи да ги елиминира.
Со доста скромен буџет во споредба со нив, Целје имаат Португалец тренер, супер работаат.
 
Што се случи со Малески и Димоски???
Нели ќе ги зимавме
Ништо не земавме. Само Пирес од Силекс и овој Родригез што бил најдобар стрелец во историјата на Луксембург. И некои голмани потпишавме, небитни ко ланскиот снег.
 
Ги гледам Купс, ништо посебно од екипа.
Играат посед фудбал цело време, ниско темпо, добри на средина, имаат ок пас игра.
Но немаат некој индивидуалци атлети брзи шо делат, главен играч им е тој Рупи од Мајнц и левото крило изгледа на ок пробивен играч.
Играат висока линија напред, шо нас би ни одговарало (дома).
Овие со цврста дуел игра и добра транзиција лесно можи да ги добиеме во Скопје.
Дур го пишам постов само шо примија пацерски гол од корнер.
Но и ние имаме свои проблеми за решавање.
1781715436422.pngПланираме да играме со 3 стопери, а воопшто немаме длабочина назад.
Велковски последните натпревари за репрезентација и за клуб, не можи да издржи цели 90 минути, Најдовски е сличен пример + играч склон на повреди.
Нивните замени се Куестас и Мишковски.
Немаме никаква замена за Јанкулов (можеби Пулеио?!), додека замената за Маневски е 16 годишно дете, за кој натпревар со ваква тежина лесно може да го "изгори".
Слаби сме на 6ка, лани го имавме Донгмо, сега го имаме Босанчиќ, ок играч за лига, иако е повеќе бокс то бокс играч отколку класичен задњи везни.
Со Пиреш ќе добиеме на свежина, добар технички играч, игра високо темпо 90 минути со чести уфрлања во шеснаесетник кај шо е доста опасен.
За Николов сум скептичен, има менталитет и искуство за вакви натпревари, но прашање дали е 70% од играчот кој беше до пред 4-5 сезони.
Дури и да го имаме стариот Николов, не е некој прес ресистентен технички поткован играч, на натпреварот со Босна разочара.
Напред идеално би било Родригес со класична таргет 9ка, но ако биде тоа Омерагиќ, подобро да играме со Торес и Родригес.
ТЛДР - Ни фалат едно 4-5 играчи на повеќе позиции.
Стопер, Деветка, Задњи везни, 8ка, лев/десен бек.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hoy
Што се однесува до Трансфермаркт, истиот е, само има два профили, едниот профил како играч, другиот како тренер.

А тоа дека дошол Густаво Лопез од Атлетико Мадрид во Вардар, од Боинг 747 на магаре, да видам не верувам. Веројатно се работи за овој.
Не постои таква будала што би се откажал од могучноста да му биде помошник на легенда како Симеоне за да ги искуси селските ливади низ Македонија.
Ебате клубот каде што главна мака е да ни се посреќи 1% и да падне лесен противник, отколку да се купат неколку играчи и да немаш толку голема грижа и страв од екипи од Финска, Сан Марино и Северна Ирска. Самото останување на Азер зборува за амбициите на ФК Многу си моќен, на страна тоа што не донесовме ниту еден асален играч. Драган Начевски и Зоран Мисердовски сега да ги ставиме во напад, сигурен сум ќе имаат поголем придонес од неписмениов копач.
Чекај сеа дефинитивно останува пуноглавецот? Свесен си која тенекија и колку се мали шанси да загризе било кој, ама пак си со некоја пуста надеж дека ќе се куртулиме:D
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom