Ги гледам Купс, ништо посебно од екипа.
Играат посед фудбал цело време, ниско темпо, добри на средина, имаат ок пас игра.
Но немаат некој индивидуалци атлети брзи шо делат, главен играч им е тој Рупи од Мајнц и левото крило изгледа на ок пробивен играч.
Играат висока линија напред, шо нас би ни одговарало (дома).
Овие со цврста дуел игра и добра транзиција лесно можи да ги добиеме во Скопје.
Дур го пишам постов само шо примија пацерски гол од корнер.
Но и ние имаме свои проблеми за решавање.

Планираме да играме со 3 стопери, а воопшто немаме длабочина назад.
Велковски последните натпревари за репрезентација и за клуб, не можи да издржи цели 90 минути, Најдовски е сличен пример + играч склон на повреди.
Нивните замени се Куестас и Мишковски.
Немаме никаква замена за Јанкулов (можеби Пулеио?!), додека замената за Маневски е 16 годишно дете, за кој натпревар со ваква тежина лесно може да го "изгори".
Слаби сме на 6ка, лани го имавме Донгмо, сега го имаме Босанчиќ, ок играч за лига, иако е повеќе бокс то бокс играч отколку класичен задњи везни.
Со Пиреш ќе добиеме на свежина, добар технички играч, игра високо темпо 90 минути со чести уфрлања во шеснаесетник кај шо е доста опасен.
За Николов сум скептичен, има менталитет и искуство за вакви натпревари, но прашање дали е 70% од играчот кој беше до пред 4-5 сезони.
Дури и да го имаме стариот Николов, не е некој прес ресистентен технички поткован играч, на натпреварот со Босна разочара.
Напред идеално би било Родригес со класична таргет 9ка, но ако биде тоа Омерагиќ, подобро да играме со Торес и Родригес.
ТЛДР - Ни фалат едно 4-5 играчи на повеќе позиции.
Стопер, Деветка, Задњи везни, 8ка, лев/десен бек.