Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Марио Станковски Гама играчот од Шкупи што ни даде гол во неделата ново засилување во зимски прелазен рок.
Бато оваа тема не е за неготински Вардар :D
 
Марио Станковски Гама играчот од Шкупи што ни даде гол во неделата ново засилување во зимски прелазен рок.

Зашто не сум изненаден познавајќи го каков местач е?
Целосно се уклапа у местачките шеми на Миленко и таман една полусезона да “изигра” на тие утакмици кај што “треба”.

п.с. Не знам и дали видовте како “падна” на 0:0 у неделата коа моеше сам со голман да излезе, цел стадион му се смееше.
 
Не "падна"... туку стварно падна... Дечкото е изгубен случај буквално толку му е знаењето, се сопна во 2-3 ситуации, нема теорија да дојде во Вардар, па макар било тоа и од Миленко...
 
Не "падна"... туку стварно падна... Дечкото е изгубен случај буквално толку му е знаењето, се сопна во 2-3 ситуации, нема теорија да дојде во Вардар, па макар било тоа и од Миленко...
Марио Станковски моментално неможе ни за екипа која има амбиции за влез во втора лига да биде засилување,а камоли за Вардар.Ми текнува на времето кога татко им беше тренер на Работнички и Марио и Лука добиваа шанса во прв тим,но за разлика од Лука кој и заслужено беше во првиот тим Марио и покрај тиа што татко му се обидуваше да го форсира и на крај кога виде кое дрво е и он го седна на клупа и на крај во Борец или Саса заврши
 
Го допре дното кога Тетекс испадна во понизок ранг. Таа сезона даде околу десетина голови, а сигурно можеше со чистите промашени шанси да ја надмине бројката од 20 голови. Најголемиот виновник е за испаѓањето на Тетекс во таа сезона.
 
Па добар трансфер би бил, доколку дојде. Имаше добри настапи во Раднички плус млад е, 23 години.
 
За сите што се прават паметни и ми коментираат на мојот пост како божем за Марио сум помешал за кој Вардар станува збор за Неготино или Брвеница само да ви пишам на кратко иако не заслужувате пошто немате никаква почит за нас луѓето што имаме инфа за следни трансфери за Вардар .
Марио Станковски е син на Горан Станковски Гама моментално селектор на у-15 репрезентација на Македонија и еден од топ 10 најблиски луге на Масар а знаеме дека Масар како што ќе каже така и се игра во клубот кај нас он го прави ростерот , се планира Марио да биде земен за да ја засили клупата значи резерва ако е потребно после 70 минута да влага у игра , месечни примања 3000-4000 евра .
Следни денови подетално за уште други 2 трансфери што се во очекување
 
Другар никој не оспорува дека ти имаш инфо дека Марио ќе дојде во Вардар.Ние коментираме дека Марио е просечен второлигашки фудбалер.
 
Па добар трансфер би бил, доколку дојде. Имаше добри настапи во Раднички плус млад е, 23 години.
Тој е Лука Станковски, него ако треба и на грб ќе го донесеме од Крагујевац до Скопје, ама за жал кај нас ќе дојде брат му Марио Станковски, тешка цепаница, моментално игра за Слога која е во распаѓање, полош напаѓач и од Омерагиќ.
 
Тој Марио једино да дојде да носи топки, води и пешкири, и да зема нешто ситно за тоа. Сигурно нема да дојде да игра. А ако се прави солидна екипа, тој Лука ако е паметен ќе потпише за нас. Која е желбата па да играш во Раднички??
 
Реално Српската лига е за едно ниво подобра од нашата, само проблемот за Лука е што ни таму не игра, оваа сезона има одиграно само 165 минути, значи нема ни цели два натпревари, ниту еднаш не бил стартер, максимум ако добие 20 минути кога ќе влезе од клупа, на повеќето натпревари воопшто не ни влегол во игра.

Во наша лига беше еден од подобрите играчи пред некоја година, важеше за голем талент и имаше доста понуди да бега надвор, ако добро се сеќавам неколку клубови од Хрватска беа заинтересирани за него, само како и многу други наши играчи, се залета по пари и најверојатно ја прифати финансиски најдобрата понуда.
Од Работнички отиде во Газиантеп што за него во тој момент беше преголем залак, небо и земја е разликата од прва Македонска до прва Турска лига, логично го заковаа на клупа, капак на се и земјотресот во Турција се случи уште првата сезона кога потпиша таму и клубот не ја доигра сезоната.

После почнаа да го шетаат по позајмници, Горица од Словенија, Тузласпор и Раднички, дури пред почетокот на оваа сезона Раднички го откупи за 30.000 евра.
Суров е фудбалот, еднаш ако испаднеш од ритам, тешко е да се вратиш после.

Така да во моментов и не е толку нереално да потпише кај нас, може и ова со брат му да има поврзаност, не знам само Раднички колку ќе се согласат да го пуштат и за која цена, а за нас секако ваков играч би бил големо засилување во борбата за титула.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom