Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Onaj Omeragic treba da odi zatvor pa poarno so deca da igrate od kolku so to drvoto zaebi prevoz mu se lutite na cel tim za eden antitalent ke bidi interesno vo barazot ako gi potcenite Detonit iako ste po kvalitetni sledno kolo vi ja dava gorce I spremajte se za baraz

Sent from my SM-S901B using Tapatalk

Нема грешка, не постои екипа во моментов во Втора лига што може да го помине Вардар во бараж. Ниту е курчење, ниту потценување, тоа е реалноста.

Штета е само што ќе отпаднат две наши екипи, а сите села се накотија во Прва лога.
 
2022 се играле два баражи во Штип и Струмица , лани 2023 во Кавадарци ..

Струмица сигурно ке отпадне бидејки Радовиш клубот од каде доаѓа Детонит е само 30 километри од Струмица , Штип од Радовиш е околу 40 километри па веројатно и Штип ке отпадне :D

Колку што знам според правилата на ффм мора да се најде град кој на двата клуба им е одалечен најмалце 100 км , така да најголеми шанси за Вардар - Детонит му давам на Охрид :) ( ке има пак кортео низ пристаништето :cool: )
 
Последно уредено:
Останува да жалиме за испуштените бодови против Воска и Брера, со кои сеуште ќе бевме во игра за избегнување на баражот, но што е тука е. Веројатно немањето на пристоен напаѓач си го стори своето. Едноставно мака мачиме со постигнување голови сезонава и решавањето на тој проблем мора да биде приоритет.
 
Не само со Воска и Брера, туку и со Работнички, моравме да извадиме бод на таа утакмица, златни шанси се промашија за изедначување.
Тие две ги нафрлив како последни утакмици, а инаку бодови во самиот финиш се испуштија и против Гостивар/Шкендија исто така...
 
Тоа што се случи лани во Кавадарци се случува еднаш во ХХ години и не треба да се залажуваме со приказни дека ќе се повтори и годинава во баражот и дека ќе има такви изливи на емоции, радост, и пола Скопје преселено во друг град, што на стадион, што надвор од него. Тој бараж лани дојде после две години неиграње во 1 лига, со екипа која немаше земено пари, која и не беше за прва лига, и беше аутсајдер во дуелот со поквалитетниот прволигаш. Сега се би било обратно, на страна на Вардар и се освен убедлива победа би било сензација за јавноста, а хорор и бездна за нас, што нормално нема да се случи иако доза на претпазливост е секогаш потребна. Така да реално не менува многу дали овојпат ќе биде Охрид, Штип или Прилеп. Битно е Вардар да има поддршка како и секаде досега, и пред се да има добар терен каде што полесно би ја материјализирале квалитативната надмоќ над противникот.
 
Вардар има 3 класи подобар состав од Детонит,бараж натпреварите се секогаш тешки,и тесни на резултат,но се освен убедлива победа на Вардар би било катастрофа!
 
FB_IMG_1714734573274.jpg

ВЕЛИГДЕНСКА НАГРАДНА ИГРА❗️

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, започнуваме со симболична наградна игра.

Право на учество имаат сите, а правилата се многу едноставни. Имено, секој оној кој сака да учествува, потребно е до недела(05.05.2024) во пораки/inbox на официјалните Facebook и Instagram профили на ФК Вардар да испрати фотографија од нацртано велигденско јајце во Вардарови мотиви.

Во недела, во 14:00ч. фотографиите ќе бидат објавени на нашите официјални страници, а личноста чија фотографија ќе добие најмногу лајкови, ќе добие поклон дрес од ФК Вардар, потпишан од сите фудбалери и членови на стручниот штаб на клубот.

НАГРАДНАТА ИГРА ЗАПОЧНУВА ВЕДНАШ!
 
Тоа што се случи лани во Кавадарци се случува еднаш во ХХ години и не треба да се залажуваме со приказни дека ќе се повтори и годинава во баражот и дека ќе има такви изливи на емоции, радост, и пола Скопје преселено во друг град, што на стадион, што надвор од него. Тој бараж лани дојде после две години неиграње во 1 лига, со екипа која немаше земено пари, која и не беше за прва лига, и беше аутсајдер во дуелот со поквалитетниот прволигаш. Сега се би било обратно, на страна на Вардар и се освен убедлива победа би било сензација за јавноста, а хорор и бездна за нас, што нормално нема да се случи иако доза на претпазливост е секогаш потребна. Така да реално не менува многу дали овојпат ќе биде Охрид, Штип или Прилеп. Битно е Вардар да има поддршка како и секаде досега, и пред се да има добар терен каде што полесно би ја материјализирале квалитативната надмоќ над противникот.
Зошто да не се повтори или надмине ланско Кавадарци? 99% од тие што беа тогаш ќе дојдат пак, а ќе дојдат и други навивачи што не биле, бројката сигурно ќе биде и повеќе од лани. Емоциите тогаш беа појаки, ама секогаш е убаво ако се победи и има среќен крај. Очекувам да биде градот домаќин Штип или Охрид што е подобра варијната од минатата сезона и голем навивачки караван од Скопје со коли и бусеви.
 
jas mislam na gradski ke bide barazot. najprofitabilno ke e za ffm a veruvam i 2ta kluba ke sakaat tamu.
 
ajde valjda u vtoro ke gi resime mada i neresno osiguruva baraz
 
Пуштете некој линк од преносот ако имате.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom