Фан Клуб: Вардар

Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Е сега полесно се дише , најбитна победа денес и тоа со 3-0 и речиси сигурен бараж во џеб :)

Шушњара ваков таков ама он го постигна првиот и најважен гол за после смирено да се затвори утакмицата и од контри ги потопивме , искача дека 90 % од лигава кој прв ке поведе тој и победува ..

Им избегавме на Ѓорче и Брегалница 6 бода и 99 % одат во втора лига ..
..
Добро е што со овие + 6 бода ке играме без притисок дека мора да се победи Ѓорче , бидејки и со нерешено ради меѓусебен дуел они и последните две да ги добијат(а ние изгубиме ) пак сме пред нив...

Го гледам распоредот на Воска и Брера , имаат лесен распоред и нема шанси да ги стигнеме и сите до крај да ги тепаме , значи Вардар во бараж со Детонит , се чека да објави ффм терен и да направиме инвазија за победа и останување во прва лига ..:)
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.886
Поени од реакции
25.366
Е сега полесно се дише , најбитна победа денес и тоа со 3-0 и речиси сигурен бараж во џеб :)

Шушњара ваков таков ама он го постигна првиот и најважен гол за после смирено да се затвори утакмицата и од контри ги потопивме , искача дека 90 % од лигава кој прв ке поведе тој и победува ..

Им избегавме на Ѓорче и Брегалница 6 бода и 99 % одат во втора лига , а со победа над Ѓорче во сабота веќе и сигурно се второлигаши ..
Добро е што со овие + 6 бода ке играме без притисок дека мора да се победи Ѓорче , нека влезат смирено и тоа е тоа ..

Го гледам распоредот на Воска и Брера , имаат лесен распоред и нема шанси да ги стигнеме и сите до крај да ги тепаме , значи Вардар во бараж со Детонит , се чека да објави ффм терен и да направиме инвазија за победа и останување во прва лига ..:)
a rabotnicki? ima sansi bar niv da gi pomineme?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
405
Поени од реакции
1.211
Ги добивме Дошев и Пато, што би изјавиле некои селектори. Шала на страна, очајно ни требаше ефикасен натпревар, добро е што е со директен конкурент за опстанок/бараж. Штета што ѓорчевци не скинаа бодови со Вошка. Уште сме во игра за директен опстанок и мора јако до крај.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.477
Поени од реакции
8.628
Onaj Omeragic treba da odi zatvor pa poarno so deca da igrate od kolku so to drvoto zaebi prevoz mu se lutite na cel tim za eden antitalent ke bidi interesno vo barazot ako gi potcenite Detonit iako ste po kvalitetni sledno kolo vi ja dava gorce I spremajte se za baraz

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
a rabotnicki? ima sansi bar niv da gi pomineme?
Им треба една победа од последните три меча , наредно дома играат со Тиквеш кој не му треба бодови и не гледам како би ги стигнале , џабе сите математики ние ке играме бараж
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.107
Поени од реакции
74.966
Мораше да се испукаме со некого полусезонава :D

Прво, највеќе ги мразам овие натпревари околу први мај и особено за Велигден, кога цело Скопје е пустина. Мора да се забрани да има фудбал на овие денови. Ставија забрана за организирано доаѓање на Комити од Брегалница, па секоја чест за сите 50-тина луѓе што на своја рака присуствуваа денес.

Лесна победа со директниот конкурент со која можам да кажам дека 99% го осигуравме баражот.
Нема потреба да се негуваат надежи дека може да се осигура сигурен опстанок и да се избегне баражот, едноставно 5 бода разлика на 3 кола до крај е ненадоместлива.
Да гледаме да не се посрамотиме во последниве три кола и да влеземе свежи, без повреди во баражот.

Ѓорче загуби од Воска, што максимално ни одговара.

10. Вардар 32
11. Ѓорче 26
12. Брегалница 26

Шест бода предност на 3 кола до крај и подобар меѓусебен дуел со двата конкуренти, што значи дека ние треба да изгубиме се', а некоја од овие две екипи да освои барем 7 бода од можни 9 за да заврши пред нас.

Веќе во сабота имаме директен дуел во кој веќе можеме да го осигураме баражот.

Вардар-Ѓорче
Брера-Брегалница

Ѓорче-Брегалница
Силекс-Вардар

Вардар-Тиквеш
Брера-Ѓорче
Брегалница-Силекс

Во последното коло веројатно ниту една од противниците нема да има императив, па многу веројатно дека сите ќе тепаат, вклучувајќи не и нас со Тиквеш. Така да дури и по цена да Ѓорче не стигне со бодови во следниве две кола, пак би требало да осигураме бараж во последно коло. Ама најубаво е да ги решиме уште во сабота.
Ќе ни треба барем нерешено со Ѓорче и Брега да не тепа во Струмица (нема шанси да тепа) за да осигураме бараж.

Денес сите одиграа на ниво. Малку одбраната беше нестабилна во прво полувреме и Мишко имаше по некој кикс, ама ништо страшно. На Гача му избега еден сигурен шут, ама среќа теренот е нерамен па не влезе во гол.
Шушњара даде ран гол и мислам дека тоа многу влијаеше врз конечниот исход, бидејќи се ослободивме психички. Траљаво прими една топка, но добро пласираше за 0-1.
Потоа Омерагиќ имаше неколку шанси, ама не даде гол, како по навика.
За последната шанса, направи се' убаво и кога дојде до голот шутна како баба во Јанков.
Швајц доби повеќе простор откако Брегалница се отвори и конечно покажа дел од квалитетите.
Во една акција, нововлезениот Дошев доби топка во празно и одлично погоди за 0-2.
Потоа, Швајц со одлична асистенција за Пато кој го постави конечниот резултат.

За крај, жалосно е што Штип останува без прволигаш. Општо, тој дел на источна Македонија нема ниту еден прволигаш, ниту пак југоисточниот дел. Сум кажал и порано, се гледа дека е лоша финансиската состојба кај нив и играат доста немотивирано. Се надевам ќе опстојат во иднина и брзо ќе се вратат во прва лига.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
641
Поени од реакции
3.418
Има ли поголеми местачи од Силекс ? уште од завчера се знаеше дека им ја пуштаат на комшиките денес, затоа во ниедна кладилница само нив не ги даваа воопшто во понуда… Требаше порано да обезбедиме 9то место, за да не зависиме од никого, но што е тоа е, да имавме шпиц добар одамна ќе имавме и средина на табела осигурано.
 
Член од
28 јануари 2024
Мислења
53
Поени од реакции
195
Дечки, мислам со победа против Џорче имаме сигурен бараж.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.173
Поени од реакции
7.333
Ајдеее идеме бараж,добро е се надевам ќе останеме во прва лига,за следна сезона да идеме на ноќна кај шурите :vozbud::vozbud::vozbud::pijani:
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.732
Поени од реакции
4.552
Јас веќе мислам на Детонит. Фрлив око кај нив. 2 класи послаба екипа од нашата. Дома добри се, ама на страна просек жив.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
645
Поени од реакции
1.554
Има ли шанси во Скопје да го стават да се игра баражов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom