Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.039
- Поени од реакции
- 62.027
Има безброј бизнисмени кои сакаат да вложат во Вардар, јас лично знам неколку и тие не го прават тоа затоа што знаат дека нивните пари нема да се искористат квалитетно туку ќе пополнат нечиј џеб.
Доколку некој не го купи ФК Вардар и го стави под свое и сам да решава за се` Вардар само ќе тоне. На пример, некој бизнисмен од пичке си матер од Аустралија кој навивал како дете за Вардар, одвои милиони евра, го присвои, избрка се` од дирекција и постави тројца способни луѓе... Вардар ќе процвета за една сезона и ќе го гледаме во борба за Лига на шампиони. Гарантирам со живот.
Апсолутно, се согласувам дека треба да го купи некој бизнисмем како што е случај со поголемите клубови. Затоа што на оној кој ќе вложи свои пари нема да му биде сеедно дали клубот ќе биде силен или и понатаму ќе се валка во калта. Тоа е веројатно начинот да се расчистат работите. Да се најде некој тип што ќе ја исплати баграта и ќе им ја покаже вратата. Понатаму лесно е за спонзорства. Големите компании знаат каде треба да пари. Како пример може да го земеме Динамо Загреб. Динамо си има сопственик, кој не е многу популарен меѓу навивачите ама сепак, тој е газда во клубот и тој е одговорен за се што се случува во него. После неговото доаѓање, Динамо има 40 спонзори, од кои 10-тина поголеми и 30 помали. И веќе личи на клуб, а играчите ги продава за милионски суми. Вардар мора да го фати тој пат затоа што не се живее од стара слава. Навивачите си барат успеси...