Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
ех експерти од фудбал од навивање од менаџирање од историја од економија.... да не биде следно да велите врати се миленко простено ти е се?
 
До кога со тие раѕмислувања дека врвен клуб може да биде спонѕориран од државата, поготово овие од овие простори кои ги наброја Хој. Сигурно државата не им дава 90 милиони на Динамо, Олимпијакос и ЦЗ, туку тие ги заработуваат продавајќи играчи и заработувајќи од Европа. И таму не седи у управа Миленко Неделковски, туку Звонимир Бобан, Терзиќ, Марко Марин, Данко Лазовиќ. Имаат управни одбори. Па уште и немаме спортски директор, што веројатно не прави единствен таков клуб во Европа, а поготово шампион на една земја.

И нека биде политички клуб, и нека биде партиски, државен, ама тие мора да постават човек кој е од фудбалот, кој може да отиде надвор и да се поздраи со истите такви од другите клубоби, а не Миленко, Јохан, Бошко, немојте да не јебете... Ете во кошарка нека биде дека дава државата во Србија (бидејќи во тој спорт нема повраток на средстава, и со два порази од јебени Купс и Рига да земеш 960.000е колку што земаа заедно Олимпијакос и Магдебург кои се европки прваци у кошарка и ракомет) ама таму спортскиот дел го води Теодосиќ или не знам Зоран Савиќ, а овде Миленко и туристички водич од ЦГ. Се чудеа од ЦЗ кога беа тука, од толку фудбалски луѓе кои ги извадил Вардар, немаше со кого да се поздрават ,мораа да идат кај Панчев дома.
Брат, целата теза ти паѓа во вода во моментот кога се правиш дека Црвена звезда е некаков стерилен пазарен проект кој сам од себе израснал во регионален гигант, а државата и политиката никогаш немале никаква улога.
Никој не спори дека Звезда заработува од Европа, трансфери, билети и спонзори. Прашањето е како создаваш систем кој ќе дојде до точка да може редовно да ги создава тие приходи.
Ајде истиот модел да го примениме во Македонија. Направи околу Вардар силен корпоративен конзорциум преку најголемите македонски компании вклучи ги Стопанската комора и Град Скопје во инфраструктурата обезбеди сериозни спонзори; изгради тренинг центар, академија и регионални школи низ Македонија; вложувај 5, 10, 15 години; создади професионален скаутинг и спортски сектор; собирај ги најдобрите македонски таленти продавај играчи за милиони; направи фан-шоп, членство, сезонски билети, маркетинг и силен бренд; и секоја година поставувај Вардар во позиција да ја освојува Македонија и да игра Европа.
И да речеме дека една власт ВМРОДПМНЕ или која било друга владее 15 20 години и институционално го фаворизира токму Вардар, додека околу клубот се концентрираат капитал, инфраструктура, спонзорства и политичко влијание. После две децении немој да ми објаснуваш дека резултатот е само некакво фудбалско чудо и „самите си заработиле“.
Па нормално дека потоа сами ќе заработуваат.
Кога еднаш ќе направиш клуб кој секоја година е шампион, игра европски квалификации, повремено влегува во ЛШ ЛЕ Конференциска лига и произведува играчи од сопствена академија, машината почнува сама да создава пари.
Тоа е токму поентата што ја промашуваш: не се расправаме дали голем клуб денес заработува пари. Се расправаме како бил создаден екосистемот што му овозможува денес да заработува толку пари.
Да му обезбедиш на Вардар 15 години капитал, инфраструктура, академија, најдобри домашни таленти, корпоративна поддршка и институционален ветер во грб, па после да видиме дали ќе остане клуб што се мачи со Купс или ќе почне да продава фудбалери за 5 10 милиони и да игра европски групи.
И тогаш јас ќе можам исто како тебе да кажамШто има врска државата? Вардар сам си заработува од Европа и продавање играчи eте толку е апсурден аргументот кога ќе го префрлиш на другата страна.
А за управувањето тука дури се согласувам со тебе. Ако веќе вложуваш милиони, поставуваш спортски директор, CEO, скаутингслужба, професионален Управен одбор и луѓе со меѓународни фудбалски контакти, а не партиски туристи кои не знаат со кого да се поздрават кога ќе дојде европски клуб. Токму затоа Вардар треба да биде професионално управуван систем, а не нечие привремено игралиште.
И само уште нешто за крај…
Извини брат, грешка беше. Не сакав баш сега да ти ја спомнувам фамозната европска машинерија од Белград…
ама ако веќе ја величаме Звезда, барем почекај да заврши со Хапоел пред да ја прогласиме за мерна единица за европски фудбал.
Ако стварно ја посраат сред Белград и ја исфрлат од ЛШ, ќе ти оставам тебе да ни објасниш како тоа се вклопува во предавањето за големите европски клубови
 
Back
На врв Bottom