Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Несериозно е да се поддржува Вардар предводен од козарот и идиотот, со Седлоски како шеф на „стручниот“ штаб. Никогаш не ми биле симпатични идеите за бојкот и секогаш сум мислел дека во суштина бојкотот е автогол - води до пасивизирање на членството и симпатизерите, до дисконтинуитет и губење на контактите и дружбата меѓу луѓето, што после сериозно ќе удри по бројката... Ама ова веќе нема поента. И онака ефектот од срањата што му ги приредија на клубот е скоро ист како да има бојкот - посетеноста на последните натпревари беше мизерна. Никој не сака да гледа клуб киднапиран од партиски куропушачки амеби. Ако се прогласи официјален бојкот, барем ќе има некаков одглас на артикулиран отпор, а вака сѐ се претвора во агонија без крај. Вардарскиот дух и групата може да се одржуваат на ракомет и со разни акции.

Некој пиша дека ова се случува затоа што Вардар не може да собере ни 10.000 луѓе на Градски. Ова е делумно точно. Ако успееше првичната идеја за продадени 33.000 карти, колку што е капацитетот на Градски, многу ќе беше потешко говедава да се изживуваат врз клубот и навивачите, како што прават сега. И покрај тоа, она што го постигна управата на Вардар предводена од Комити е подвиг. Да го одржиш клубот во живот, во прва лига и да продадеш неколку илјади сезонски во услови кога владее општо куроболие за македонски фудбал, во средина кај што ако поканиш некого на утакмица или апелираш да се купат сезонски за спас на Вардар те гледаат како да си со пречки во развојот, ич не е мала работа. Тоа што ме боли најмногу е што здравата, убава приказна на претходната управа можеше да расте и да даде уште подобри резултати, ако дојдеше ново добронамерно раководство. Па тие 10.000 на Градски за сезона-две и немаше да бидат фантазија, ако не на секоја, барем на поважните утакмици.

Не можам да се идентификувам со Вардар предводен од рамноземјашот, а напикан со антивардарски морони. Ми се приповрати кога ја видов малоумната свиња во опрема на Вардар. Па уште да ги анализираме присобраните несреќи од фудбалери или да бркаме стримови од пародијата од фудбал што се игра на подготовки... Подобро ќе одам на викендашки екскурзии низ Македонија и ќе гледам второлигашки и третолигашки фудбал. Барем ќе се смеам место да губам нерви.

Уште нешто: дури и ако по некоја сезона клубот доживее каков-таков успех, присуството на козарот и идиотот во Вардар никогаш не смее да се прифати како нешто нормално и да се легитимира. Навреда е делењето воздух со такви накази, а не па друго.
 
Тоа им е целта нив, да го оттуѓат клубот од навивачите, да биде приватна прчија во која ќе си ги лечат комплеските и фрустрациите, и во која на раат ќе носат фудбалери што всушност и не се фудбалери. Додуша нема да им биде сеедно (не на нив, туку на тие што ги поставиле и ги држат сеуште) ако гракне цел стадион 90 минути против нив без оглед на резултатот и случувањата на теренот. Ваљда има бар некој со малку акал у главата таму. Во оваа ситуација кај што е модерно (гледајќи од комшии) да се изразува револт, најмалку што им треба е тоа да се случи на натпревар на нивната приватна забава...
 
0:0, супер резултат против екипа која е на 9то место во втора унгарска лига.

Интересно, ниту еден единствен портал не објави кој ни е противник, односно од која лига и позиција доаѓа

Инаку @Kamehameha нивото е тоа, дури може да се каже дека е ова добар резултат со оглед на разликата помеѓу нашата и сите други лиги во Европа.
 
Последно уредено:
Да е уште попарадоксно за последниов ангажман: ова им е сега 9ти странец во тимот а дозволени се максимум 8, значи ќе мора сега некој од претходните да избркаат за да се ослободи место за Аргентинецов.
Зашто да се мора да се ослободи место. Ќе си тренира мајсторот без да го регистрираат, на крај крајева ќе го тупнат негде на позајмица ако треба, а они ќе си ја делат неговата плата, која никој жив не знае колку изнесува. No name лик, за кого никаде не постои било какво инфо дека се бави со фудбал, е идеален за нивните покварени шеми за испумпавање пари од клубот..
 
За Ким имаше некоја информација на нет, овој бетер е. Мислам дека правилото е 8 странци да бидат во ростер највеќе за меч.
 
Многу нови играчи во тимот,донесени исто како на лето од малски фудбалски лиги,може со исклучок на еден двајца.
Имаме ли асална "9ка " во екипата да дава голови или голови ќе чекаме да даваат играчи од одбраната и од средината.
За Омерагиќ не пишувајте печен е за деби во репрезентација во март.
 
Многу нови играчи во тимот,донесени исто како на лето од малски фудбалски лиги,може со исклучок на еден двајца.
Имаме ли асална "9ка " во екипата да дава голови или голови ќе чекаме да даваат играчи од одбраната и од средината.
За Омерагиќ не пишувајте печен е за деби во репрезентација во март.
Ако е за лупање глупости, нека ти е дека еден или двајца играчи биле само на место. Мато, Јанкулов, Тодоровски, Спахиу, голманот Талески, Пинтер, па и Хрватот Матиќ се сосем ок играчи за приликите во кои се наоѓа Вардар. Тоа не го менува фактот дека они се тешки говна од луѓе и преку ќумбето од Сљога и гаучосот си праат шеми на штета на клубот.
 
Тај жив го однема што даваше инфо за Ким, сигурно он ги прати овие по турнириве.
 
Ако е за лупање глупости...Тоа не го менува фактот дека они се тешки говна од луѓе и преку ќумбето од Сљога и гаучосот си праат шеми на штета на клубот.

ne si podobar... si mu go videl dogovorot na milenko ili znaes kakvi mu se bonusite za da znaes dali mu treba eksta za da si pravi shemi? daj be olabavate malku so teoriite za zagovori, ova im e prv preoden rok sami bez da im se mesha nekoj da dogovaraat igraci pa da vidime sto dogovorile i donele i dali ima napredok.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom