Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не е подобро да игра Дошев. За истото се уверивме со Слога. Не е лош Омерагиќ без топка, али очајно му треба напаѓач голгетер крај него за да не биде единствен шпиц. Не играч како Мацата, туку некој побрз како Лемос, како Швајц, ама без нив ќе останеме без крила.
А Здравковски има шанси наскоро да се врати во игра или ништо од негов камбек сезонава? Оти он ако не се лажам делуваше најсолиден од младинците.
 
Ќе беше премногу и денес да останевме без заслужената победа. Струга не се виде буквално цела утакмица и од еден удар во 98' можеше да ни откине два бода. Се покажа дека многу подобро функционираме кога играат Пато, Дурански и Бришки заедно во средината, отколку со Маца во стартни 11. Далеку повеќе топки освоени, далеку повеќе дуели добиени и противникот не успеа да воспостави доминација.
За следниот викенд и мечот со Работнички на Градски, уште од сега владее голем интерес. Се надевам само дека нема да остане на тој сезонава, едноставно мора да се размислува сериозно за враќање онаму каде што припаѓаме. Премногу време помина по игралишта несоодветни за клупскиот имиџ...
 
Уфф каква голема победа беше ова ...

Колку продужи судијата бе дали е нормален , се играше 100 минути сигурно .
Последните 5 минути напаѓаа Струга нафрлуваа ствараа шанси за гол но конечно и нас не посака среќата , секако и Гачевски е херој со таа парада со прсти ја извади у 90 +

Кога свирна судијата нашиов тренер Михајлов одма дотрча накај нас на трибина и скокаше од среќа :)

Извадивме и убава кореографија денес во
3 Д , добра атмсофера на стадион иако сонцето не утепа на трибина и мачно беше за навивање ..

Го победуваш шампионот и се враќаш на градски нареден викенд , ова е мотив повеќе за добра посетенсот на Јужна и секако на Запад ..Screenshot_20240407_190241_Flashscore.jpg
Малце помирно се дише , плус 4 бода од директните места што водат 2 лига
 
Што да запамтиме, дупло повеќе е предизвикот :cool:
Дај боже 3000,тоа беше бројката од прославата и сам знаеш тогаш каква мобилизација имаше по мене тешко осварливо е таа бројка можеби доколу има по атрактивен противник.И бројка од 1500 е одлично за утакмицата со работнички и враќањето на Градски.
Убеден сум дека ќе има огромен интерес за оваа утакмица која многу значи за Вардар.
 
Многу сум среќен. За овие моменти се живее. Вреди секоја ,,изгубена" секунда за овој клуб. Фала што постоиш Вардаре!


Што да запамтиме, дупло повеќе е предизвикот :cool:
Дупло повеќе од дупло повеќе од 1500 е предизвикот :vozbud:
 
Факт е дека ќе им ја наполниме касата на Работнички со продадени карти.
Незнам која трибина ќе биде отворена за гледачи дали југ или север ,да речеме јужна меѓу 5000- 6000 по моја проценка.
На запад незнам како ќе изменаџира раковоството на групата ама сигурно ќе има 1200-1500 Комити добро би било парите за картите од западна трибина да идат во групата.
 
Играа шипурките денес сите против Вардар, даруваа бодови таму каде што треба за да испаднеме, дали дека им се ближи празникот па многу се великодушни не знам, ама на крај со клуч 17ка ги отшравивме јајцава и им го зачукавме до крај што би рекол @Комити Лисиче. :D

А брату пепел беше денес?:D
 
Факт е дека ќе им ја наполниме касата на Работнички со продадени карти.
Незнам која трибина ќе биде отворена за гледачи дали југ или север ,да речеме јужна меѓу 5000- 6000 по моја проценка.
На запад незнам како ќе изменаџира раковоството на групата ама сигурно ќе има 1200-1500 Комити добро би било парите за картите од западна трибина да идат во групата.
Во случајов Работнички продава карти , неможе ние како група да си ги земеме ..

Иначе последен пат Вардар играше на градски 23.11.2022 прославата со Железничар , а лигашка утакмица немаме играно повеќе од 3 години сезоната кога испаѓавме од лига ...
 
Во случајов Работнички продава карти , неможе ние како група да си ги земеме ..

Иначе последен пат Вардар играше на градски 23.11.2022 прославата со Железничар , а лигашка утакмица немаме играно повеќе од 3 години сезоната кога испаѓавме од лига ...
Може и да ни следуваат карти,нели имаше 10% од капацитот на стадионот им следуваат на гостите тоа се 3300 карти.Ама пак треба да се купат од нив,затоа реков ќе им ја наполниме касата.
 
Момци ќе си има соопштение со детални инструкции за натпреварот со работнички. Не се сеќирајте. Уште пред три недели почнато е да се работи на случајот. Вечерва славете, а од утре сите барем по еден човек дневно да убедувате да дојде во недела. Секој од нас да донесе по 5 луѓе на утакмица, ќе го освоиме светот, а не па еден работнички.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom