Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Gjorce se razdelil so nekolku igraci. Kako dobro bi ni dosle Manev i Stojkovski...
На која сметка би легнале парите ,сметката на Вардар е блокирана како што знам, ако е некој поупатените нека каже.Тоа од спортмедија се пренесени шпекулации кои веќе некое време се ширеа.
Тетовче најавил заминување во втора кинеска лига, ама некако сите повеќе веруваа на шпекулациите дека со заминува за да оди во Силекс. Затоа реков дека ако отиде во друг македонски клуб, треба да му се затворат вратите во иднина. По мене катастрофално предавнички потег, кога веќе си се нафатил да го водиш клубот, смешно е со вакви изговори да си оди. И оди за да биде тренер во тоа умреното Кратово, каде што пиле не пее. Не ме јеби...
Разбираме сите дека условите се лоши и дека и он и Хаџиевски профатија скоро без пари да работат (особено вториов), али веднаш си фатија џаде кога стигнаа подобри понуди. Не можеш да помогнеш, ако не останеш подолго, вакви пролазни помагања, особено на спортскиот директор, воопшто не ни се потребни.
Тотално разочарување излегоа на крајот. Тетовче не мораше да дава онакви оправдувања, не кочеле, пари немало, едно друго. Кажи си бате се договоривме дека ако стигне подобра понуда ќе си заминам и тоа е тоа...
Вака сега сме во небрано. Он имаше идеи како ќе се скрати составот, какви треба да бидат новите засилувања итн. Сега ќе дојде некој нов, па додека ги научи играчите, ќе помине времето кога можеме да донесеме нови. И тие нови ќе нема кога да се воиграат.
По мене, нема да потпише Горазд, иако е желба број еден. Желбата број 2, односно кандидатот кој реално би требало да биде нов тренер, скоро никакво искуство нема во прва лига.
Да се надеваме дека конечно ќе легнат парите од Град Скопје...