Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде беееееееее, преважна победа!!!

Најубаво се навива без дерби навивачи, а и конечно одигравме подобро од противникот.
Што само утна Дурански за 2-0 при крајот, ако не казнеа од прекините ќе се убиев.
Брда на крајот место да му ја остави на Гача, зема да ја води му избега во корнер. Веце денес дефанзивно коректен, али два пати дрибла на средина, му ја земаат и ни прават опасен напад.
Србинот невидлив, ништо не одигра освен кога ја загради за слободниот на крај и веројатно он и ја рецна стативата од слободен. Претходно и Николовски во прво полувреме биеше одлично од слободен, ама Алчевски одбрани.
Солидно одиграа сите, особено Лемос кој истрча премногу, имапе добри продори ама немаше кој да ги заврши акциите. Како фали некој како Јове Костовски на времето...
Омерагиќ убаво пласираше за голот, по катастрофалната грешка на противничкиот дефанзивец.
Браво за сите, успеавме да врземе две победи и колку толку да се држиме не неколку бода разлика од последните.
Следуваат два многу тешки дуели и после мора да одиме ол ин со Воска. Секој бод со Струга и Слога на гости е премија реално...
 
Гостивар има топ екипа и оној шпицот им е класа за лигава. Воска и Ѓорче зад нас па и Работнички би рекол. Васо нека ја тера формацијава топ сме!
 
Со двете победи си ја подобривме ситуацијава, тимот изигра борбено и дадоа максимум на овие две утакмици ама вака мора да се игра до мај до крај на сезоната а за тоа реално мора зимово да дојдат уште некои засилувања, со овој состав сме лимитирани во опциите.
 
Гостивар има топ екипа и оној шпицот им е класа за лигава. Воска и Ѓорче зад нас па и Работнички би рекол. Васо нека ја тера формацијава топ сме!

Потук вреди колку цела лига заедно.
Со двете победи си ја подобривме ситуацијава, тимот изигра борбено и дадоа максимум на овие две утакмици ама вака мора да се игра до мај до крај на сезоната а за тоа реално мора зимово да дојдат уште некои засилувања, со овој состав сме лимитирани во опциите.

Да најдеме ние прво средства да ги задржиме и овие кои ги имаме
 
Зарем од старт се откажуваме од бодови па се одмараат играчите за следните кола?
 
Кога веќе го предале натпреваров од старт и се решиле да играат со младинци, бар да им дадоа шанса на некој стопер и страничен бек, криминално сте дефицитарни во одбрана па можеа да пробаат со некој младинец. Не вака со 6 везни бапнати во прв состав (Спасиќ и Здравковски ако не сум грешка исто се везни како Дошев, Јусуфи и Цветков), па дел од нив џабе сега добиваат шанса ако играат целосно вон позиција, абер немам кој од нив ќе игра стопер со Папули а кој ќе игра лев бек.
 
Наредниот натпревар е веќе за три дена така да логично е да се тактизира со составот во еден од двата тешки натпревари
Победа денес ќе ни донесе пласман над зоната за испаѓање и со тоа притисок до воска горче гостивар работнички ама ајде да се надеваме дека дечките денес ќе имаат желба за докажување и тоа ќе вроди со плод
Автоматски споено мислење:

Кога веќе го предале натпреваров од старт и се решиле да играат со младинци, бар да му дадоа шанса на некој стопер и страничен бек, криминално сте дефицитарни на тие позиции па можеа да пробаат со некој младинец. Не вака со 6 везни бапнати во прв состав, абер немам кој од нив ќе игра стопер со Папули а кој ќе игра лев бек.
Најверојатно брдаровски
 
Требаше дс "запнеме" денеска,мислам дека тетовче прави грешка со составов ама дај боже да грешам
 
Недела (Работнички) - Среда (МЃП) - недела (Брера) - среда (Струга) - сабота (Слога). 5 утакмици за 13 дена. Пеколен распоред. Ваков распоред не памтам дали имавме и лига Европа кога игравме. Едноставно мораше да се калкулира на еден натпревар, а со оглед на тоа што во сабота играме дерби, логично е денес да се одморат првотимците. Што ќе беше подобро? Денес истрошени од неделата, уште толку да изгинат првотимците, па во сабота да изигравме со деца во Чаир?

Многу играчи ќе бидат гладни денеска да дадат 1000%. Само напред за младите, нека покажат дека заслужуваат прволигашки фудбал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom