Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Разликата во бодови не е голема,но да бидеме реални Вардар не игра апсолутно ништо и не гледам како би победил некој со ваква игра.Сите екипи горе-доле ги гледав по неколку пати и според тоа што видов Вардар и Работнички прикажаа најмалку,но Работнички дома некако тепа,на гости шанса не направија.
rabotnicki i "namerno" izgubi po nekoj bod... sepak imaat dosta visok kvalitet taka sto i tie nema da bidat na dnoto. gazdite vlegoa za da pecalat na eden i drug nacin, no ke frlaat dosta pari za da bidat prvoligasi. malata sansa na vardar IMO e da ostane blisku do gjorce i voska, i dvete ekipi da ne izbegaat daleku do zimata i posle da ima nesto na podobro za da se stignat.

vo sekoj slucaj kako nekoj prilicno neutralen (bidejki ne sum navivac) mislam deka najloso e da se stvara negativna energija. mnogu loso e sto nekoi likovi stvorija nerealni ocekuvanja, bez vrska za dali za sportskiot del ili za toa so vleznicite. potrebno e site da se pomirat so toa deka za letoto gore dole tie bea moznostite. kako prvo ne znam so koj pamet nekoj ocekuvase deka ke se prodadat nekolku desetina iljadi sezonski bileti. ne zaebavajte, vo koj univerzum toa e realno za makedonija? abe da se prodavaa clenski za makedonija da ne bide severna dali ke se prodadoa 50.000 za cena od po 1.000 denari, a ne pa za fudbalski klub da se prodadat povise od nekolku iljadi. skrzavi se makedoncite, toa e fakt. poveketo pre ke dadat 10.000 denari za ceca 2 saata da ja gledaat za licno zadovolstvo odkolku 1.000 denari da dadat za da se spasi lokalniot klub. takov narod sme za zal, jasno mi e toa i kako diasporec, treba uste pojasno da mu e na nekoj izrasnat vo makedonija. osven lajkovi na social media ne treba povise da se ocekuva od poveketo, zalosno, no toa e. i btw mizerno e sto se sitat navivaci na drugi klubovi, kao demek kaj niv odzivot ke bil poinakov.

kako vtoro mnoogu loso e sto se kritikuva upravata na vardar i so toa se stvara nedoverba, iako mislam deka kritikata za sega ne e prestrasna. dobro e sto stigaat predlozi kako nesto da se podobri, no da ne se lazime, kolku golema i da e zelbata tesko e nesto da se podobri. mesecive citav razni predlozi, koncerti, prodavanje na akcii, kontakriranje na biznismeni itn. ama realno site tie predlozi ne se nisto novo. najgolemiot problem e sto nema pari, a da se stigne do pari e najteskata zadaca vo makedonska sredina. ako nekoj misli deka e lesno da se stigne do znacitelna suma na pari siguren sum deka nikoj od upravata ne bi go odbil. isto smesno mi e koga ke slusnam nesto vo pravec deka e potreben konkreten plan za da se dadat pari. kakov konkreten plan, jasno e kako bel den, povise pari pokvalitetni igraci. realno so 10.000€ mozese barem za polusezonata da se potpise eden igrac koj ke pravese golema razlika, so 20.000€ dvajca itn. lesna matematika, taka sto nekoj koj navistina ima pari i zelba da gi dade so suma od 20.000-30.000€ ke napravese nesto prilicno golemo za klubot, verojatno ke mozese da pomogne klubot do zimata da ima barem plus 6-7 bodovi i so toa da ostane vo igra za opstanok.
 
Инаку кога веќе се споменува Сокол, овие два гола што денес ги прими големиот Гача ќе ги одбранеше секој голман од тој турнир. Ако ја изоставиме првата утакмица со Брера, буквално прими гол од секој шут што идеше во рамка на истиот. Што е погласен на социјални мрежи послаб е на терен
 
Математики до сабајле може да си правиме ама есапот некако не е ист како оној дома што сме го предвиделе. Реално да збориме, во ситуацијава ниту од Марота и Гвардиола не би имале никаква корист, а не па од некој ко Грне и Бајо. Па и првите кола егал бевме резултатски, а играчки далеку од тоа. Кај нас 2-3 играчи (веќе ветерани) се 99% од тимот, а тоа ни е огромен проблем. Лани/пред 2 години играта да не беше поубава случајно!? Иста мизерија како и сега, ниту еден поквалитетен тим не победивме, со тоа што тогаш имавме барем по 1-2 шута на гол и во најголем дел од натпреварите влегуваше на ќоро топката во гол, а сега во прва лига малку поинаква песна се пее. Лани еден да не влезеше од оние 90+ што ги дадовме, сега пак ќе игравме во втора лига, каде што (во моментов) и ни е местото. Дека и оваа сезона ќе ја истеравме со хемија/другарство мало сутра, рачунај сите екипи на волеј те чекаат бидејќи си Вардар, а од таа хемија ни Х нема да остане кога играчите ќе наредат 3-4-5 порази по ред. Една е хемијата кога имаш 7 од 9 бода против Кадино, Саса и Мралино, а сосема друга ќе биде хемијата по врзани порази од Слога, Шкендија и Силекс, да не се лажеме...

Убаво пиша некој погоре, што би промениле во овој момент во клубот, а да е реално? Јас, како што пишав и претходно, освен сума која би ја дал градот и која би била искористена за 3-4 квалитетни играчи, не гледам поинаков начин за подобрување на состојбата и опстанок во лигава. Дури мислам и дека повеќе треба да не плаши наредната сезона од оваа. И кај нас на почеток на сезона се создаде еуфорија како кај навивачиве од Битола во ракомет, а реалноста е далеку од она што многумина го имаа зацртано во главите.
 
Знам дека повторно ќе бидам нападнат од одредени ,,возрасни мажиња и фраери" кои не сакаат да разберат што сакам да кажам туку да глумат лудило и да соберат лајкчиња, ама во ред ниту ќе им реагирам ниту па ќе им реплицирам.

Јас бев ,,скептик" кога Комити го превземаа Вардар, меѓутоа кога ќе се види реалноста каква е, треба да им се даде поддршка. Да не се они Вардар ќе згаснеше и немаше да го гледаме денес во прва лига без разлика на резултативе.

За жал финансиите се тие. До која точна бројка се стигна од членските карти не знам, ама претпоставувам дека е премала. Од општините исто така не знам дали воопшто доаѓаат пари како што се најавуваше и мислам дека е време да се каже со нив каква е работата(доколку раководството смета дека треба да каже). Град Скопје како што видовме фрли трошки колку ради реда (едвај) само за да се покажат пред народ и да не ,,лаеме" ние премногу.

Кога ги спомнав вардаровите легенди во претходниот пост за што бев нападнат од еден ,,возрасен фраер", не мислев на тоа тие да влезат да играат сега на терен. Поентата ми беше наместо Комити тие да го превземеа Вардар и да го водат клубот. Јасно е дека Ќириќ проба лани или преклани да донесе спонзор од Германија кој за жал не успеа, ама не значи дека тоа со германците ако не успеа дека треба тука се да застане и да се влечкаме те во втора те во прва лига.

На пример Дарко Панчев. Гледа дека ситуацијата во Вардар е крајно сериозна, кога Комити ја направија акцијата со членските карти зошто Панчев не направи една реклама за тоа како јавна личност? Верувам дека ќе имаше големо влијание. Зошто он не проба да донесе некој спонзор во Вардар кога има доста конекции во странство? Зошто не дојде и да понуди некое решение? Зошто се прави како да не е од тука, а гледа дека ситуацијата во Вардар е лоша? Ова истото важи и за Васил Рингов, Чедомир Јаневски и останатите да не ги набројувам.

Пример ќе ја земам ЦСКА Софија од Бугарија. ЦСКА пропадна од нивни причини и колку што знам беа исфрлени во општинска лига. Колку што знам нивната клубска легенда Христо Стоичков влезе како сопственик во клубот и не само он туку уште неколку нивни клубски легенди влегоа во управниот отбор и ја вратија во нивната прва лига или како да им се вика. Исто така и најдоа доста спонзори за нивниот клуб. Е ова ми беше муабетот за нашите вардарови легенди. Наместо они да го превземеа Вардар да го водат и да помогнат во наоѓање на спонзори, Комити сега го водат клубот и тоа сами. А капак на тоа го имаме Мијалче како потпарол :D . Пак ќе кажам максимален респект за Комити што си го трошат своето слободно време и од свои џебови даваат пари за Вардар и не треба да плукаме по раководството. Тоа беше муабетот за вардаровите легенди, ама за жал не бев разбран како што треба.

Во врска со играчите Сајбер најдобро објасни во неговиот пост. Разликата со овие играчи да играш со екипи од типот на Саса Каменица и Кадино и со екипи како Работнички, Брегалница, Тиквеш итн. е огромна. Тој е капацитетот а ние можеме да вриштиме и пцуеме колку сакаме. Колку пари толку музика.

Башка имаме долг од 4 милиони евра што не знам како би го исплатиле. Тоа е плус што ниту една компанија несака да го превземе клубот. Верувам дека раководството работи нонстоп за како да се реши случајот со долгот.

За крај. Знаеме дека ситуацијата е лоша и дека со една нога сме во втора лига. Ама па може некое чудо да се случи :). Тие што немаат карти нека купат затоа што парите одат во клубот. На играчите треба да им се даде поддршка без разлика на резултатите бидејќи и тие сигурно несакаат да се последни на табела. Да се надеваме на подобар резултат против Брегалница наредната недела.

Поздрав!
 
Од Општините парична помош над 50 000 денари даде само Орце - 800 000 денари, пари пред баражот со Скопје. Неколку општини (градоначалниците лично) дадоа суми од 30 до 50 000 денари. Се на се, паричната помош од сите општини и град скопје не надминува 1 милион денари. Град Скопје нема дадено ниту 1 денар директно во буџетот на ФК Вардар, единствено припремите беа покриени преку луѓе на градот.
 
Бидете свесни дека овој буџет минимален што го имаме е само ради тоа што 10 луѓе од Комити се бореа Вардар да преживее , ова се парите од Членските карти и толку е силата .

Жално е што ни еден спонзор/компанија не сака да даде пари во Вардар да помогне , знам дека проблем е долгот ама сепак веројатно има некој начин и тоа да се реши.

Еве во РК Вардар Борко Ристовски гледам многу лесно наоѓа спонзори(можеби му помага и Вмро бидејки е нивни ) , јасно ми е дека не е исто кога ти доаѓа човек со таква ракометна историја и луѓе од Комити кои првпат ги гледаш но сепак една компанија да подадеше рака , жално е ова што му се дешава на Вардар клуб со ваква историја да се остави на цедило .

И сега све е веќе јасно , ги нема општините кои ветуваа дека ке помогнат , се чека амин од партија (Вмро)а тоа во превод значи чекејте да дојдеме на власт и ние ке бидеме спасителите на Вардар , а редовни избори имаме мислам во Мај 2024 до тогаш ке се мачиме вака без спонзори за жал ..
 
Знам дека повторно ќе бидам нападнат од одредени ,,возрасни мажиња и фраери" кои не сакаат да разберат што сакам да кажам туку да глумат лудило и да соберат лајкчиња, ама во ред ниту ќе им реагирам ниту па ќе им реплицирам.

Јас бев ,,скептик" кога Комити го превземаа Вардар, меѓутоа кога ќе се види реалноста каква е, треба да им се даде поддршка. Да не се они Вардар ќе згаснеше и немаше да го гледаме денес во прва лига без разлика на резултативе.

За жал финансиите се тие. До која точна бројка се стигна од членските карти не знам, ама претпоставувам дека е премала. Од општините исто така не знам дали воопшто доаѓаат пари како што се најавуваше и мислам дека е време да се каже со нив каква е работата(доколку раководството смета дека треба да каже). Град Скопје како што видовме фрли трошки колку ради реда (едвај) само за да се покажат пред народ и да не ,,лаеме" ние премногу.

Кога ги спомнав вардаровите легенди во претходниот пост за што бев нападнат од еден ,,возрасен фраер", не мислев на тоа тие да влезат да играат сега на терен. Поентата ми беше наместо Комити тие да го превземеа Вардар и да го водат клубот. Јасно е дека Ќириќ проба лани или преклани да донесе спонзор од Германија кој за жал не успеа, ама не значи дека тоа со германците ако не успеа дека треба тука се да застане и да се влечкаме те во втора те во прва лига.

На пример Дарко Панчев. Гледа дека ситуацијата во Вардар е крајно сериозна, кога Комити ја направија акцијата со членските карти зошто Панчев не направи една реклама за тоа како јавна личност? Верувам дека ќе имаше големо влијание. Зошто он не проба да донесе некој спонзор во Вардар кога има доста конекции во странство? Зошто не дојде и да понуди некое решение? Зошто се прави како да не е од тука, а гледа дека ситуацијата во Вардар е лоша? Ова истото важи и за Васил Рингов, Чедомир Јаневски и останатите да не ги набројувам.

Пример ќе ја земам ЦСКА Софија од Бугарија. ЦСКА пропадна од нивни причини и колку што знам беа исфрлени во општинска лига. Колку што знам нивната клубска легенда Христо Стоичков влезе како сопственик во клубот и не само он туку уште неколку нивни клубски легенди влегоа во управниот отбор и ја вратија во нивната прва лига или како да им се вика. Исто така и најдоа доста спонзори за нивниот клуб. Е ова ми беше муабетот за нашите вардарови легенди. Наместо они да го превземеа Вардар да го водат и да помогнат во наоѓање на спонзори, Комити сега го водат клубот и тоа сами. А капак на тоа го имаме Мијалче како потпарол :D . Пак ќе кажам максимален респект за Комити што си го трошат своето слободно време и од свои џебови даваат пари за Вардар и не треба да плукаме по раководството. Тоа беше муабетот за вардаровите легенди, ама за жал не бев разбран како што треба.

Во врска со играчите Сајбер најдобро објасни во неговиот пост. Разликата со овие играчи да играш со екипи од типот на Саса Каменица и Кадино и со екипи како Работнички, Брегалница, Тиквеш итн. е огромна. Тој е капацитетот а ние можеме да вриштиме и пцуеме колку сакаме. Колку пари толку музика.

Башка имаме долг од 4 милиони евра што не знам како би го исплатиле. Тоа е плус што ниту една компанија несака да го превземе клубот. Верувам дека раководството работи нонстоп за како да се реши случајот со долгот.

За крај. Знаеме дека ситуацијата е лоша и дека со една нога сме во втора лига. Ама па може некое чудо да се случи :). Тие што немаат карти нека купат затоа што парите одат во клубот. На играчите треба да им се даде поддршка без разлика на резултатите бидејќи и тие сигурно несакаат да се последни на табела. Да се надеваме на подобар резултат против Брегалница наредната недела.

Поздрав!

Панчев неколку пати беше дел од управата на Вардар, а јас на една корисна работа од него не се сеќавам, ако му текне на некого слободно нека ме демантира.

Околу сезонските, мислам дека се продадени во реална и очекувана бројка (според мене), а единствено каде што требаше да има поголеми бројки е дијаспората.

За долгот се криви голем број на луѓе, не може ти клуб да земеш, да наследиш милионски долгови, а за возврат да не ја добиеш инфраструктурата или барем дел од неа во висина на долгот што е направен. Сосема друга приказна е тоа што најверојатно најголем дел од долговите се фиктивни за купување 'ветер и магла'.

ЦСКА е неспоредлива, удел има Стоичков ама позади клубот е милионер и поранешен газда на Литекс, така што не се споредуваат тие работи.

Јас поддршка на играчите до крај на сезона секако ќе им давам, но не со очекувања дека ќе играат во Европа, а голем дел од популацијава кај нас треба најпрво со тоа да се помири. Чудото е тоа, давање поголема сума на пари со која ќе се купат неколку квалитетни играчи со кои би пробале да бидеме поконкурентни, без тоа картата ни е во еден правец...

Колку и да е тешко, се чини дека единствено решение ќе биде почнување од најнизок ранг, но и така да се почне којзнае кога ќе се вратиме до ова ниво, а и колку долгови тогаш би се насобрале.
 
Бидете свесни дека овој буџет минимален што го имаме е само ради тоа што 10 луѓе од Комити се бореа Вардар да преживее , ова се парите од Членските карти и толку е силата .

Жално е што ни еден спонзор/компанија не сака да даде пари во Вардар да помогне , знам дека проблем е долгот ама сепак веројатно има некој начин и тоа да се реши.

Еве во РК Вардар Борко Ристовски гледам многу лесно наоѓа спонзори(можеби му помага и Вмро бидејки е нивни ) , јасно ми е дека не е исто кога ти доаѓа човек со таква ракометна историја и луѓе од Комити кои првпат ги гледаш но сепак една компанија да подадеше рака , жално е ова што му се дешава на Вардар клуб со ваква историја да се остави на цедило .

И сега све е веќе јасно , ги нема општините кои ветуваа дека ке помогнат , се чека амин од партија (Вмро)а тоа во превод значи чекејте да дојдеме на власт и ние ке бидеме спасителите на Вардар , а редовни избори имаме мислам во Мај 2024 до тогаш ке се мачиме вака без спонзори за жал ..
Ама другар пак ќе се вртиме во круг. Ете благодарение на Вмро дојде Самсоненко во Вардар(Камчев исто така), ама кога паднаа од власт видовме што се случи. Работата е да дојде спонзор кој ќе вложува во Вардар 10-15-20 години и да не зависи од политичка партија!

Политиката надвор од спортот! Ама за жал изгледа во државава неизбежно е политиката да се меша во спортот.
 
Кај нас одење во ВЦ е поврзано со политика, а не па давање неколку милиони евра во спорт, да не се лажеме... Таков спонзор нема никогаш да најдеме, стави тука и дека фудбалот е во Топ 5 најлоши во Европа.

Не е проблемот што се сменила власта во овој случај, туку зошто е направен толкав долг, а без притоа никој да одговара, овие суми не се направени за време на смена на власта, туку таложени се со години.
 
За жал во право си. Епа затоа ќе немаме никаков спорт во државава додека се меша политика и никој не одговара за криминал(во нашиов случај Вардар).
 
Ама другар пак ќе се вртиме во круг. Ете благодарение на Вмро дојде Самсоненко во Вардар(Камчев исто така), ама кога паднаа од власт видовме што се случи. Работата е да дојде спонзор кој ќе вложува во Вардар 10-15-20 години и да не зависи од политичка партија!

Политиката надвор од спортот! Ама за жал изгледа во државава неизбежно е политиката да се меша во спортот.
Никој нема да го врати долгот ако не се реши ова со политичка сила , јас сум кажал овде неколку пати дека не сум ниту за една партија и несакам политика во клуб , но искрено ова со Вардар не гледам како може да се реши на друг начин и некој да даде така 4 милиони евра ..

Очигледно е дека никој не сака да помогне во Вардар , сите си бараат свои интереси , на Вмро му беше тогаш од национален интерес Вардар да биде јак и Македонците да се радуваат на успеси на Вардар што во фудбал што во ракомет , се погоди со Самсоненко но после тоа со промена на власт потоп и катастрофа , го оставија Вардар на цедило ..

Се додека не дојде спонзор газда од странство вака ке биде , очигледно е додека е на власт Вмро Вардар ке биде јак , а кога е Сдсм никој не помага во Вардар , и еве сега Шкупи и Шкендија си газат со оваа власт ..

Имав надеж во град Скопје , но и таа Данела Арсовска незнае кај тера изгубена е тотално .
 
@The Zorro северџанот панчев е еден од најголемите побарувачи на неисплатени плати во ФК Вардар, од него нема што да се очекува освен да му наштети на клубот
 
На страната на Гостивар има видео од головите.
На 1:12 може да ја видите целата акција на Гостивар за првиот гол. Прво лошо преземаат во одбрана, Глишиќ оди на напаѓачот и го остава крилото сам, место да му го остави на Мишковски. Во моментот на нафрлувањето покрај дембелот што ни даде гол, околу него има 4 играчи на Вардар. Ако го отпишеме Дурански кој е на раб на шеснаесетник, Мишко прави грешна проценка и оди понапред, веројатно со идеја дека ќе втрча некој друг на прва статива. И доаѓаме до ситуација да ќумбето го чува Николовски со 1.50 висина, додека кловнот Вевевски е изгубен во времето и просторот. Додека лета топката се трга од црнецот на кого му е директен чувар и му го остава на Пато и како изгубен оди едно метро понапред додатно блокирајќи го Гача. Гача мораше да се фрли, иако од видеово ми личеше дека немаше да ја фати, едноставно не очекуваше дека црниот ќе стигне до топката покрај толку наши играчи.
За вториот гол мат во два потега. Деганжман на голманот, Мишко влегува во воздушен и можеби под мал фаул ја враќа топката назад, таму Веце забрзува со трчање кога црниот веќе влегува во шеснаесетникот. Поставеноста на Гача не вреди ни да се коментира.

Огромен удар е заминувањето на андорецот, со Веце толку се можностите. Мислам дека за следен натпревар и Мишко е суспендиран. Така да ќе настапиме со Веце и Папули. Поможи боже.
Стварно не знам што може да се направи, можеби играње со Брда како трет штопер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom