- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.358
- Поени од реакции
- 7.343
А каква етикета имавме во 2020 другар!? Како клуб кој две години по ред не добива лиценца за настап во Европа поради неподмирени примања кон сопствените играчи. Вардар се распаѓа по којзнае кој пат од кога ја го пратам, па не заебавај, не сме од вчера. Ни прв, а за жал нема ни за последен да биде.Прочитај го првиот пасус од мојот претходен пост, ист е одговорот.
До тој момент Вардар никогаш се немаше распаднато како сега, две години претходно играше групна фаза ЛЕ и Самс не беше уште заминат целосно. Уште правеше оди ми, дојди ми и сите потајно се надеваа дека ќе продолжи да дава пари.
Неспоредлива е појдовната точка тогаш и во моментов.
Веќе имаме етикета на клуб кој 2 ГОДИНИ НЕРЕДОВНО ДАВАЛ ПЛАТИ ИЛИ НЕ ДАВАЛ ПЛАТИ, клуб кој во секој момент може да се врати на стари патеки. На крајот од денот, сите тие играчи си имаат менаџери кои не се од вчера, знаат кој клуб има пари за молзење, а кој нема.
Новиве генерации играчи воглавно се примадони какви што порано немало, да им го знаете барањата, немаше ни да го правиме муабетот.
За последниот дел, идејата колку што знам беше таква за до моментот кога клубот ќе застане на некакви здрави нозе. За долгорочен план, секако ќе мора да има надзор од Комити, затоа што сите претходни управи работеа недомаќински. Од сегашен аспект не можам да говорам во иднина, може сегашниве Комити ќе кренат раце од ситуацијата, може ќе се сменат структурите, во моментов е најдобро клубот да има 51% сопственост од Комити, па ако сакал и шеик од Саудиска арабија да го презеде клубот. Нормално ова е мое мислење, тешки да се најде спонзор каков што сакаме, може ќе се смени првичниот план.
Околу Каевски, дечкото е вардарец. И татко му е екс фудбалер и го сака Вардар. Сакаме да играме на Градски, ти треба решение со ПУИГ, ти треба човек од партија кој го сака клуботНе викам дека он ќе го реши проблемот, ама луѓето претеруваат со некои реакции. Секој што го сака Вардар е добредојден на стадион, на Дарко не му е прв пат да биде присутен на утакмиците и како функционер и после тоа. Е зошто го ставиле во "ложата", тоа е друга работа.
Автоматски споено мислење:
Помошта од градот е потребна за да се истурка сезоната, за и овие играчи кои ги имаме утре да не ни чукнат на врата и да си бараат долгови назад со камата.
СЕКОЈ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА Е ИНДИРЕКТНО ВОДЕН ОД ПАРТИЈА. Сите јаки клубови во соседството се или државни проекти ило поддржани од политичари. Се објаснив во претходниот пост, нема да се повторувам.
Џабе верглам, изгледа стварно не ви е јасно кога велам дека ниту една фирма не е заинтересирана да инвестира. На состанок те примаат трет ешалон вработени, за никаков план не се заинтересирани да слушнат. Си има групата цела стратегија, која цело лето ја изработувале некои луѓе од љубов, без надоместоци. Џабе, кога фирмите прво вртат во партија, а после те примаат колку да се каже. Македонија не е на македонците, стравот од ДУИ им е во коските. Знам дека сите дпбронамерно зборувате, од страна личи дека ништо не се прави и затоа ви кажав ако знаете детали уште повеќе ќе се разочарате и од држава и од легенди и се'.
На легендите не рачунај, историјата го покажала тоа.
Долгот во најголема мера е фиктивен, освен долговите кон екс играчи, другото е мижи асан да ти баам. Зароа државата треба да го отпише тој фиктивен дел, како што тоа го направи Мијалков во минатото
За УГЕ апсолутно не си во право. Стотици пати помогнале на Вардар досега, еден куп патувања организирале за Комити и помагале сп донации. Да не ја заборавиме и пријателската која тогашното раководство не знаеше да ја искористи за заработка.
Си имаат они своја борба во моментов, ниту Шалке не е во подобра ситуација од нас (за нивни услови). Се сложувам дека требаше да има поголема реклама за членските кај нив и мислам дека допрва ќе се удри на рекламирање.
Младинци од Шалке да дојдат овде?
Со што ќе ги привлечеме? Кој ќе им плаќа смештај, каде ќе се образуваат? Ќе дојде некој во задно дупче од свиралото, нема грешка. На кој терен ќе тренираат? По ниви играат младите.
Инаку, млади странци не влегуваат во У 21 играчите кои мора да настапат на натпреварите. Така што никаков ќар од нив.
Ако сакаме да бидеме клуб на социоси/членови како што тврдат од Комити, прво треба да се запознаат со статутот на управување. Еве најблизок пример е Хајдук, а во исто време и успешен. И таму здружението Наш Хајдук го бира надзорниот одбор на клубот, на мандат од 4 години, со гласање на избори, ама за такво нешто најпрво откупија 25% од акциите по цена од 4,5 милион евра, со рок на исплата од 10 години. Здружението 35 години Вардарци за колку ги откупија акции од Цобе? Плус што Наш Хајдук има скоро 100.000 члена годинава, кои со уплата од 20 евра поединечно, придонесуваат со 2 милиони евра во клупската каса. Комити колку членски продадоа? Едвај 5.000 така, со колење, со молење.
Се залагаме за моделот еден член - еден глас, а не се држиме до начелата на истиот. Повторно една мала група луѓе носи одлуки.
А ова дека Комити ќе имаат 51 % од акциите, додека некој друг ќе има обврска да го обезбеди буџетот, заборави дека ќе се деси некогаш. У старт е осудено на пропаст.