Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Гачевски да го стави прстот на чело. Не му е прв пат сезонава да прави вакви кардинални грешки. Помалку глумење Вардарство, поголема концентрација и фокус на натпреварите
 
Нема многу надеж со оваква игра а особено со ситуацијата т.е. безпарицата
 
A Voska gi kupuva i domasnite natprevari. Cim na eden Karaormanmu dadoa pari znaci sve do kraj ke kupat

Sent from my LYA-L09 using Tapatalk
 
Баталете ги Воска и Гостивар, јасно беше тоа.
Ни останува битка за трето место со Пелистер и бараж со Скипје најверојатно.
Шансите и за едното и за другото не се сјајни.
 
Сепак играта радува со ваква игра има надеж.Фудбал е се случуваат и вакви работи.Сега не очекува еден од потешките натпревари готување во Охрид после имаме полесен распоред.
А Охрид ваша екипа
 
Нема многу надеж со оваква игра а особено со ситуацијата т.е. безпарицата
Оваквата игра како што ја нарекуваш вчера овозможи 17 шута, а 9 во рамки на гол, од кои барем 4-5 стопроцентни шанси од нив, плус изнуден пенал. Да кажеш дека реализацијата беше катастрофа, апсолутно секој ќе се сложи зашто требаше најмалку 3 комада да им стрпаме во мрежа, ама дека нивото на кое одиграле не било ко што треба, мора некои изразито чудни критериуми за фудбал да имаш. Или пак преголеми очекувања.
 
Ајде да видиме како ќе постапи ФФМ за овој кикс на турците, иако ова е и кикс на ФФМ што дозволила да биде регистриран за Гостивар, ако претходно знаеле дека сменил 3 клуба... Освен ако не настапил за некој од тие три, па да се извадат на тоа...
 
Последно уредено:

Pa iskreno ako FFM go registrirale toa e propust na FFM, taka da ne veruvam deka ke jade kazna klubot
 
Pa iskreno ako FFM go registrirale toa e propust na FFM, taka da ne veruvam deka ke jade kazna klubot
Ајде мајката. Да те потсетам дека и пред скоро 10 години, Вардар беше казнет ради сличен пропуст на ОФС Гази Баба при регистрацијата на Бујчевски (постарите членови на форумот како Коњаникот, Кано, Ред & Блек, Драчево Сити, Незапирливи сигурно памтат), а вие први што скокавте за бидеме санкционирани. Така да мукла сеа. Гостивар ќе си биде казнет и точка! Двојни аршини не смее да има, иначе одма треба да истапиме како клуб, кој што го кркал за истата работа.
 
ФФМ нема вина го регистрира ,а клубот треба да пази од кога смее да игра играчот согласно правила.
Исто ти е како возачка со забрана за возење во одреден период т.е. се сликаш ти ја пишат забранат назад , ти ја дават дозволата ама смееш да возиш од кога ќе ти помини забраната.
 
Баш дојдов за да го кажам истово, ФФМ не сноси никаква одговорност за овој пропуст кој е чиста аматерска грешка на администрацијата. За регистрација ФФМ има одговорност доколку протне играч со фалш документи (не платено обештетување доколку не е чиста исписницата или пропусти во исписница како да фали печат од клубот и слични ситни грешки), а за право на настап нема апсолутна никаква вина и целиот товар паѓа на клубот. Ќе летаат глави сега таму, на тие пари што се фрлаат, а ваква грешка да ги снајде. Ќе разберам во неорганизиран клуб каде плата се дава 3 пати годишно, па на сите им дреме кур за се околу клубот.
 
ФФМ нема вина го регистрира ,а клубот треба да пази од кога смее да игра играчот согласно правила.
Исто ти е како возачка со забрана за возење во одреден период т.е. се сликаш ти ја пишат забранат назад , ти ја дават дозволата ама смееш да возиш од кога ќе ти помини забраната.
Исто беше лани кога Вардар го потпиша Ристески Моцарт. Беше регистриран, но чекаше два месеци да добие право на настап од вакви причини.
 
А ако е така, а игра голема улога на табела, зошто само Вардар се жали? Кај е Пелистер да потегне и да направи притисок? И нив им оди во прилог да добијат казна/одземање бодови.
 
А ако е така, а игра голема улога на табела, зошто само Вардар се жали? Кај е Пелистер да потегне и да направи притисок? И нив им оди во прилог да добијат казна/одземање бодови.

izgleda rucale so ovie esenta
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom