kano
Farang
Не ме сфаќај погрешно, не сакам да те напаѓам, ама ова ми се класични муабети на постарите генерации, „ее децава од мочка правени, у наше време не беше вака“, а што прават сега? Буквално ништо, наполниле 30+ години и нивното завршило, нит се на трибина, нит покажале интерес, нит па ги поддржуваат помладите, се избацуваат „јаките“ фаци само кога ќе намирисаат пари и прават раздор во групата. Очигледно подолго не си во државава и си целосно застанат во минатото, немаш никаква претстава за реалноста и за тоа што и како функционира државата, сегашноста, младината.
Ќе го цитирам само овој дел од коњаникот:
Ова е друже реалноста, Вардар и Комити одамна го имаат изгубено реномето. Мора да се тргне од некаде, потребен беше сериозен рестарт и да се надеваме дека сезонава ќе биде тоа, и за клубот и за групата. Потребно е враќање барем на дел од значењето на имињата Вардар и Комити како поими во државава за спорт и навивање, потребно е создавање здраво јадро, потребно е враќање на љубовта и приврзаноста кон клубот. Преку .!. веќе од секакви индијанци и лупање во гради на карта патриотизам, од луѓе кои ја користат групата за издувување и лечење сопствени фрустрации криејки се зад истата или за гадните партиски игри од позадина, преку .!. од индијанци на трибина кои немаат појма кој игра на теренот, не знаат 3 играчи да набројат а камоли позиции и се дојдени од сосема други причини, кои секогаш завршуваат на штета на групата и клубот. Како сакаш сфаќај го ти, ама правецот кој го фаќа во моментов групата е за мене правиот, има одлична позитивна енергија, се ствара една убава дружба, се ствара една убава и едуцирана екипа, се ствара приврзаност кон клубот. Можеме да пишуваме за минатото колку сакаме, сегашноста е друга и секакви паралели со минатото се сувишни. Никој не го заборава минатото, ниту пак го отфрла, ама од грешките се учи, време е тие да се корегираат. Комити биле и треба да останат патриотски настроена група, тоа никој не го спори, ама Комити како група се создадени за ВАРДАР, тој момент како да се подзаборави и обезвредни низ годиниве.
ke vidime doprva. kolku vreme se toa ke se stvara, posto istoto go zborime veke 10+ godini i se nesto se stvara a ne e stvoreno posto poveke se zbori nego raboti na teren. ali ok, so sreka neka e, imate poddrska od mene sekako, poentava bese sosema druga.

... ОК, ова веќе смрди на партиска директива.