Без разлика на тоа што цела фамилија Грнчарови се тешки карактери и се надевам дека Бобан никад нема да стигне до очигледно посакуваната функција во Вардар, сепак вакво соопштение од страна на клубот е недолично и глупаво. Прво, што сакаат да постигнат со објавување на сумата што ја земал за 4 години во Вардар? Второ, фала им што објавија и покажаа дека за тие 4 години во Вардар он земал помалку пари него ли да останеше во Ботев. Добро се сеќавам на изјавата на претседателот на Ботев летото кога Грне се врати дека они му понудиле 12 000 евра месечно за да остане кај нив, но ги одбил за да дојде во Вардар. Слободно пресметајте колку ќе земел ако останел во Ботев тие 4 сезони
. Кој друг од тој тим на Вардар може да се пофали дека имал понуда за поголема плата но решил да дојде тука? Преплатен бил? Човекот изгина на терен за Вардар да оствари успех во тие 4 сезони, прав симбол за капитен на клубот за секој друг кој би ја носел лентата во иднина, се сеќавам како му изигра фластер на она животноно центарфор на Копенхаген, Парагваецот Сантандер на утакмицата у Скопје. 90 минути на него, не можеше да диши кога заврши натпреварот само легна на терен дур другите ја прославуваа победата, Новак не смееше да помисли да отиде еден на еден да го чува него, ќе го уништеше. Да не зборам што психата им ја јадеше на играчите на Шкендија, како ментално закочени беа на меѓусебните утакмици тие сезони, посебно на тие во Тетово, дури и кога имаа подобра игра од нас, Грне и можда донекаде Гача и Попов беа она што се во ракометниот тим Столе, Тимур, Карачиќ... лидери на тимот и создавачи на атмосферата за тие дербиња. Колку се битни такви психолошки игри најдобро покажува оној очаен обид за пресметка од Хасани со него во Тетово, си ја покажа наталожената фрустрацијата играчот што е симбол на тој клуб, нивен капитен и лидер. Имало може преплатени играчи во Вардар изминативе години али Грне тоа сигурно не е, а управа што носела дечковци на ракометарки за да ги задоволи нив, најмалку има за право да збори кој бил преплатен, а кој не.
