Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не е точно!
Ти кај си роден и каде си растел?
Да, има дојденци, но не се ваљда 500.000!?!?
Вардар е симбол на мак фудбалот и како таков треба да делува. Клубот има(л) навивачи од сите градови, но тие "малку" скопјани ги бркаат и вреѓаат "сељаците".
Вардар е клуб на сите македонци.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk

Скопје сум роден, Скопје сум растен, ама симпатизер сум на еден уште постар скопски клуб од ваш Вардар, Работнички.

цел живот живеам во Центар и најмногу се движам од Ново Лисиче па до Карпош 4. можам комотно да дадам проценка дека населението во овој дел во последните 20 години е драстично променето. па само во Аеродром пола Битола е преселена, пошо во секое ќоше напикаа згради.
 
Целoснo се слoжувaм. Вo мoментoв мoже брoјoт нa млaди нaд 20 гoдини, рoдени вo Скoпје е двoјнo пoмaл oд oние кoи не се рoдени тукa. Oд мoи генерaции живo пиле не oстaнa вo држaвaвa.
 
Убаво било пред 63та, градот имал душа, стил, сега ни остана само една бетонска пустина во Скопје..
 
Моето искуство па е различно. Во круг од околу 20-тина пријатели со кои горе-доле активно се дружам и контактирам сите се родени во Скопје, а на фудбал и на ракомет одиме двајца. Буквално сите од нив сто пати повеќе следат фудбал од мене (мојата спортска пасија е ракометот), но ете освен тие ЛЕ мечеви не се појавуваат на стадион. Тешко дека постои една главна причина за таквата ситуација, причините се многу. Почнувајќи со личните финансии, непостоечкиот маркетинг, федерацијата, квалитетот на лигата, состојбата во која се наоѓаат навивачките групи во Македонија, термините во кои се играат мечевите и сите останати причини кои сте ги набројале пред мене.
 
Ова што го напишавте за маркетингот за луѓето кои моментално се во Вардар е научна фантастика или нуклеарна физика. Немаат тие толкав капацитет да го направат сето она што го напишавте. Инаку потполно се сложувам со вас и одлични ви се идеите.
 
Битна е дружбата :icon_lol:
Еднаш годишно си го правиме муабетов шта би било кад би било.
Чисто да разбијам монотонија: што мислите дека ќе се случи ако самсоненко напушти наскоро?
Град Скопје со пијандурана и неговите советници не верувам да влезат повторно. Ќе има ден за нас или ќе паднеме на ниво на Пелистер и Победа?
 
Ќе одел во Бразил да игра.Во М.Спорт така пишува.Ова е екстремно лошо.Го допревме дното.:notworthy:
 
Не сакам да верувам, ама ХФ иде у Шкендија. Во Тетово на големо се збори за ова.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk
 
Не сакам да верувам, ама ХФ иде у Шкендија. Во Тетово на големо се збори за ова.

Sent from my HUAWEI VNS-L21 using Tapatalk

Ти гарантирам дека Фелипе не оди кај рамковните, си заминува од Вардар бидејќи сака да живее и игра во Бразил за да биде поблиску до неговото семејство.
 
На повеќе места пишува дека си оди од "семејни причини", па по таа логика никако не би завршил во Шкендија.

https://sport1.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/felipe-si-odi-od-vardar-poradi-semejni-prichini

Ептен единствено ако лаже или он или некој од управа.

Во секој случај дефинитивно ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери што го носеле црвено-црниот дрес во историјата на клубот.
 
:cuc::cuc::cuc:

Искрено, очекував да си оди, реално беше прашање само на време кога ова ќе се деси, и беше за очекување зимава или на лето да направи трансфер, ама вакви таленти, да го пуштат у сред сезона (иако не се бориме за ништо), без денар оштета, немам коментар. Не дека претходно нешто се ослонував на нив, ама сепак изјавите на Чеде, Панчев и остали од управа ми имаа некое значење и тежина, ама веќе не верувам во ни еден збор излезен од било кој од клубов, а ова се повеќе и повеќе личи на распад систем и паѓање на дааалеку пониско ниво, што е спротивно на изјавите на нашата ни драга управа.

Фелипе, мајсторе, легендо, фала ти за се, без двоумење најдобриот играч кој со свои очи го имам гледано во дрес на Вардар и воопшто во македонскиов фудбал, среќно понатака. Заслужува барем пристојно испраќање и оддавање на некаква почит за она што го пружи изминативе години!
 
Филипе најдобриот играч што играл у Вардар од кога пратам МК Фудбал, бољи и од Вандаир и од Брага и ако и овие двајца оставија голем траг у клубот. Нека му е со среќа у Бразил, искрено ја очекував да направи трансфер у некоја појака лига, барем уште 2-3 сезони да изигра у Европа.

Ако не остави Самс ја мислам дека некој од локални лоповчини ко Брацо што се врткаат низ МК фудбалот ќе не земат, не гледам како некој странец би инвестирал у клубов и би фрлал кеш у ваква лига и држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom