И Филип Стојчевски е меѓу младинците заедно со Даре, затоа што и тој побарал заминување во јуни и одбил да го продолжи договорот. Епа другари од управа, требаше порано да мислите на продолжување на договори, не на 6 месеци пред истек. И очајно глуп потег е ова, ако Стојчевски нема да се осети толку многу, Даре ќе помогнеше доста оваа полусезона, поготово на утакмици како денес, кога еден од штоперите е отсутен, па моравме да го трпиме Попов. И Чеде премногу разочара, јас и не ни имав некакви очекувања, затоа што не знаев што да очекувам од него, ама целосно потфрли. Ако есента имаше еден куп оправдувања, сега веќе нема, а подобрување нема ни малку, дури сме и послаби. И кај играчите оди дел од вината, Фелипе е тотално незаинтересиран, премногу лежерно си игра, не е она што навикнавме да го гледаме од него. Највеќе се трудат новајлиите, триото од Пелистер и Битанг, и евентуално Новак да го додадам, мада и он послабо од тоа што знаел да изигра, ама добро, Глишиќ е на негова страна, игра за двајца.. Титулата секако е загубена, останува да изгинат во купот, иако и таму ни се мали шансите, ама мене повеќе ме плаши дека лошото раководење до сега нема да ни донесе подобра иднина..
П.С. Знам дека резултатите се слаби, дека на сите ни е тешко за титулата, ама имајте малце разбирање за се што се случува во клубот, мислам дека не треба да се избрзува со извици како „играте ко пички“ кон играчите, треба да покажеме малце трпение и разбирање со оглед на ситуацијата во која и тие се наоѓаат, а и со оглед на резултатите кои ги прикажуваа минативе 2-3 години..