Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
11935005_10153963754929879_3846104404556285772_n.jpg


Еве ви крило, бар у фотошоп :D
Не трошел време за џабе сигурно, да видиме ајде :D
 
Трансфер-рокот е завршен секако, ваљда намерно Аршавин го одбрале за заебанцијава да си мислиме дека стварно е возможно ова по некоја руска линија :D
 
Плус он летово потпишал за Кубан, така да не верувам после два месеца да си отиде.
 
Sho i arshavin da dojdeshe nemashe da cinit a ? :pos:
Па испукана пушка е, ете и во Кубан резерва е, зар со такви играчи ќе правиме Европски тим? Едино нешто шо би добиле од тоа да дојде, е реномето и ќе се носат полесно играчи кога ќе видат дека во состав имаш играч како Аршавин кој сварно имал врвна кариера.
 
Испукани пушки ко Аршавин е најбрз начин за банкрот и растур систем.Со тој кеш ќе се донесат тројца Фелиповци.Иако чисто сумњам да дојде кај нас,ЦЦС го донесоа и Пандев летово,па сега остана за наредното.Како и да е,ич не ми прават мерак вакви потези,циганска работа,имаш пари за три кила кравјо сирење а ти мангуп зимаш сто грама моцарела :D
 
На 23-ти месецов од 20:00 е финалето на суперкупот со комшиките
 
Сега читам по порталиве Дади бил слободен речиси цело лето пошо клубот не му добил лиценца за настап во прва лига, а нашиве носат странци, ок е овој Новак како играч, ама што има да се носи странец кога сме имале на тацна наше дете, вардарово кое лани имаше одлична сезона во Керкира а и ако ништо друго најмалце е на ниво на овој Новак ако не и подобар.
 
Вардар добива тренинг-камп каков што имаат Јуве, Реал, Барса...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб и актуелен шампион Вардар на 21 септември ќе го отвори својот тренинг-камп во Хиподром, неофицијално дознава „Спортмедиа".

Тренинг-кампот е изграден по највисоки стандарди, по урнекот на европските фудбалски великани како Јувентус, Реал Мадрид, Барселона. Вардар ќе биде првиот клуб во Македонија кој ќе има свој сопствен тренинг-камп по европски стандарди.

Изградбата на тренинг-кампот привршува, едниот терен е веќе поставен, а денеска почна да се поставува вториот терен. Завршена е и изградбата на зградата во која фудбалерите ќе ги имаат сите услови, од хотелски соби за одмор и карантин, преку теретани, сауни, џакузи, ресторан...

Вардар со изградбата на тренинг-кампот конечно ќе добие место за врвни подготовки, откако во изминатите години, шампионот имаше проблеми за нормални тренинзи поради лошите терени. Тренинг-кампот е еден дел од гигантскиот проект на црвено-црните, во кој влегува и изградбата на Академија, која веќе е во фаза на изградба кај Националната Арена „Филип Втори“.

Во моментов, тренинг-центар има само Фудбалската федерација на Македонија, проект кој е остварен со поддршка од Агенцијата за млади и спорт и со донации од УЕФА, кој даде пари за кужата на фудбалот да изгради своја управна зграда и три терени во населбата Ново Лисиче.

54337-vardar-dobiva-trening-kamp-kakov-shto-imaat-juve-real-barsa...foto.jpg


54338-vardar-dobiva-trening-kamp-kakov-shto-imaat-juve-real-barsa...foto.jpg


http://sportmedia.mk/fudbal/domashn...ng-kamp-kakov-shto-imaat-juve-real-barsa-foto



Уште да сме на организационен и маркетинг план како нив добро ќе биде ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom