Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Според статистикиве Асани дели прво место со Петров на листата на најдобри стрелци за 2014 година, ама Асани има дадено повеќе во првенството :D
Напаѓачиве очај...

Се споменува враќање на Пеџа Ранѓеловиќ во Вардар. Изгледа им зарибало со Вујчиќ, па ќе го враќаат Пеџа. Немам ништо против, и онаа ми беше еден од омилените во Вардар. Малце да се симне товарот од Дашјан...
 
Според статистикиве Асани дели прво место со Петров на листата на најдобри стрелци за 2014 година, ама Асани има дадено повеќе во првенството :D
Напаѓачиве очај...

Се споменува враќање на Пеџа Ранѓеловиќ во Вардар. Изгледа им зарибало со Вујчиќ, па ќе го враќаат Пеџа. Немам ништо против, и онаа ми беше еден од омилените во Вардар. Малце да се симне товарот од Дашјан...
Има на некое место по интернетов листа на стрелци во нашава лига?
ФФМ курац, мацедонианфутбал исто, дури ни transfermarkt и whoscored, кај што обично има статистика за се и сешто, нема ни таму.
 
Попов глуми шериф на тренинзи, тренер без авторитет, си ја гледа платата и работата и целиот тим се врти околу 3-4 „ветерани“ кој диктираат и попуваат што и како ќе се прави, цел стручен штаб под тренерот е анемичен и без став.. дури и со две титули годинава, екипа сериозна вака не се гради..

Џабе условите и парите.. за македончето треба цврста рака, од ова ништо позитивно нема да излезе ако нешто не се промени.
 
Попов глуми шериф на тренинзи, тренер без авторитет, си ја гледа платата и работата и целиот тим се врти околу 3-4 „ветерани“ кој диктираат и попуваат што и како ќе се прави, цел стручен штаб под тренерот е анемичен и без став.. дури и со две титули годинава, екипа сериозна вака не се гради..

Џабе условите и парите.. за македончето треба цврста рака, од ова ништо позитивно нема да излезе ако нешто не се промени.
Нема газда во Вардар! Тука лежи проблемот. Самсоненко е се, само не и газда! Се додека е така, ќе изиграваат шерифи Попов, Грне, Илчо, Деспотовски, а да беше ова сериозен клуб ќе летаа на клоци уште одма...
 
http://ekipa.mk/ilija-nestorovski-na-spisokot-zasiluvana-na-vardar/

Нека видат кој е најдобар и во 3та лига во Сингапур
10 000 евра плата.
Ах бе очигледно дека на некој наши лингури ќе им се отоворат очите и ќе ги добијат животните догооври токму од Вардар, Стефан Вујчиќ, Несторовски, Блажевски какви само најави за Европски Вардар се овие шпекуалции, па јас мислам дека први фаворити ќе бидеме догидна за освојвуање на Лигата на шампиони, иако ќе почнеме од квалификациите т.е секако овие класа играчи повотрно не изиграат феноменална сеозна и завршат на 5то место.
Јас мислам најубаво е да не се замара никој со ФК и РК Вардар пошто очигледно е дека некој си има зацртано плани и ние сме безгласни букви во оваа ситуација, сакаа многу приватизација, епа еве ја приватизацијата. Ќе си пере ДПМНЕ пари преку Вардар и ич уво нема да им чуе.
 
Која ја договара ова за платите ? Пола екипа ви зема над 3к месечно,Илчо колку што разбрав со Грнчаров по 10-12к месечно зимале,многу од играчите ни на сон во некоја друга лига не би земале пола од овие пари,уште и Несторовски кој повеќе од 3к не зема во Хрватска 10 да му дадете и сета наредена,има некоја зделка тука со некој менаџерчиња се делат пари на велико,а Самсонско дава на празно..
 
Кај нас е обратно, наместо да покаже дека вреди па да му се покачи платата, они им даваат понуда боли глава за овие простори и се молат да се повредат, ги заболе курот за Вардар и за оваа селска лига.

Тоа "Играјте од срце за Вардар" не ги дира 2%, треба физички да им се примени, за да сфатат што значи овој дрес!!
 
Сеа дозанв засега контактирани биле Мојсов, Блажевски, Несторовски, Ранџеловиќ, Блажевски, Вујчиќ и Пачовски. А на Вардар му биле понудени 3ца бразилци и еден Аргентинец. Од овие нашиве Блажевски е 99% наш со другиве се преговара освен со Мојсов кој им рекол дури во Февруари дека би дошол доколку не најде ангажман во странство.
 
Па и не е така лошо. Добри засилувања би биле, и квалитетот би се подигнал ниво погоре. Проблем е што немаме асален тренер (веројатно и авторитетен, не знам каков е односот тренер-играчи) што ќе ги спои во целина и ќе ги стегне дисциплински. Едино за Несторовски не знам што да кажам, го немам гледано, ако го носат него тогаш треба да лета Ивановски (Илчо и Адемовиќ не ги ни рачунам). Треба да се свртат малце повеќе кон талентите, пред се од Македонија, ако останеме само на Асани како квалитетен под 21 год. ептен го ограничуваме составот и изборот на играчи. Вујчиќ-Пеџа по мене ќе биде многу поквалитетен среден ред од Деспотовски-Глигоров, надополнети со Дашјан, Блажевски пред нив ќе се прошетаме низ лигава. За Европа рано е да се размислува, далеку сме сеуште од групна фаза, треба време и многу работа
 
Сосема солидни желби, иако најпрво треба да се ослободиме од неколку играчи кои земаат плата без да играат. Чкрипи многу ситуацијата кај напаѓачите, Адемовиќ и Ивановски аут, исто и Илчо иако сакав да видам како ќе одигра кај нас, али се случи тоа што се случи сега е ваљда касно за враќање, со тоа што Блажевски би бил едно засилување и тоа огромно, плус уште еден минимум треба.
 
Адемовиќ и Наумовски после такви повреди нема што да бараат во нашиот клуб. Напразно трошење пари е тоа...
Ивановски може да се задржи, со тоа што би се донел обавезно различен тип на напаѓач, на кој Ивановски и Петковски би му биле резерви, додека во друга формација некој од нив двајца би играл покрај новиот напаѓач.
Миранјан обавезно треба да испие клоци.

Пачовски има страшен пад во формата, сигурно ќе бара еден тон пари, така да според мене уште едно непотребно засилување. И на Мојсов мислам дека му поминаа најдобрите години. Неговата кариера отиде во надолна линија откако му се случија настаните во Војводина. И за Македонија е невидена катастрофа. Нема потреба да се менува ништо во нашата одбрана, ако го донесат Мојсов, тогаш сите тројца дефанзивци (Грне, Злате и Мојсов) би земале големи пари, а еден од нив ќе грее клупа.

Ранѓеловиќ, Вујчиќ и Блажевски се веќе некакви засилувања, додуша ако ги донесат и Вујчиќ и Ранѓеловиќ, тоа можеби би значело шут карта за Деспотовски, која веројатно и ја заслужува бидејќи не го прикажува тоа што се очекува од него.
Темелков аут, обавезно.

За Несторовски немам коментар, ако е вистина цената која му ја нудат, сите нека се удават во Вардар!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom