Аууу грмење песнава, потоп на Градски

Можеби најдобро навивање годинава на фудбал.
Прво полувреме за заборав.
Игравме без Асани иако беше најавен дека оздравел.
Но затоа во составот беше Темелков, а остана забележан по еден слободен кога ја зарогачи топката 100 метра над гол

Веројатно Реља има суспензија, па затоа Стојчевски играше како десен бек.
Колку беше само смешен, али мислам дека и он подобро нафрла од Реља...
Најголеми проблеми мислам дека ни правеше Костенцовски, ако беше тој играчот со број 8.
Сепак првото полувреме помина без некоја конкретна прилика.
Во вториот дел подгруга слика. Почнаа да играат нашиве, влезе Георгиев место Иванов и ја живна играта.
Дури и спрема овие од Еуромилк бевме ултра спори човече

Иванов одново си изигра солидно и не заслужи да излезе...
Ивановски одново тотален промашај, ама барем овојпат успеа да фати некој дуел со глава, да направи притисок врз противничките дефанзивци и толку од него.
Стварно не знам зошто не игра со Бујчевски...
Голот падна по нафрлување на Рибар, кратко одбија, а Деспотовски налета на волеј и даде убав победоносен гол.
Гроздановски игра мноуг пожртвувано ама во очајна форма е. Се надевам дека ќе ја крене формата иначе си знае што му следува...
Георгиев внесе брзина во тимот, и он придонесе за уште по некоја шанса.
Долг беше денов и сум подзаборавил на дел од шансите. Знам дека имавме една добра акција по која Петров или Георгиев влегоа од страна, а во шеснаесетникот беше Ивановски плус уште еден наш играч и идефанзивец на Лисиче. Петров или Георгиев ја даде по земја, а дефанзивецот на Лисиче со клизач ја спука во пречката и имаа голема среќа што не дојдовме до 2-0.
Победа на мускули, во една одлична атмосфера на Градски.
Шансата за титула ќе се врати само ако го добиеме Работнички. Тој меч ќе биде СЕ ИЛИ НИШТО во идното коло...
Но со играта што ја прикажуваме, мнооооогу тешко
