Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да му биде така глатко ни на новото раководство, хиените од цементара пак се лигават за парите од Васовски, сега бараат 120 000 еврејчиња, наводно одкриле дека трансферот изнесувал 600 000 евра. Парите се кај боро, барајте си го од него!
 
Значи според penal.com Ѓорѓи веќе кандисал, а и доаѓањето на Љубоја колку и да изгледа нереално е сепак и тоа како возможна варијанта. Според нив тоа би требало да биде најзвучниот напаѓачки двоец во историјата на клубот. Најзвучен дефинитивно да, ама дали ќе биде квалитетен останува да видиме, и бајо и јанкер требаше да жарат и палат минатата есен ама ништо од тоа (до душа и тренерите се криви што не ги пуштаа истовремено во игра). И Христов и Љубоја како и 90% од напаѓачите во светот се троа вообразени и препотентни, и од тој аспект чисто се сомневам дека се решени да кршат нозе за Вардар по "нивите" ширум Македонија, меѓутоа ок, никој не бара од нив да освојат златна копачка туку само да го разбудат нашиот подзаспан напад кој на последните надпревари едноставно непостоеше.
П.С. Инаку Љубоја дури и да дојде мислам дека ќе остане само до Јуни т.е. до следниот преоден рок, така да се лажеме ако мислиме дека тоа е фудбалерот што ќе треба да биде нашиот фронтмен за пласман во групите од лигата на шампионите или купот на уефа.
 
и бајо и јанкер требаше да жарат и палат минатата есен ама ништо од тоа (до душа и тренерите се криви што не ги пуштаа истовремено во игра).

Бајо и Јанкер имаа без број шанси да играат заедно оваа сезона, нема врска дека тренерите се криви за нивната форма:wink:
 
На Јанкер нагло му опадна формата застана на тие тогаш 7 голови, почнаа финансиските проблеми, Трифун држ не дај и тоа е.
Него сега ко што гледам работава опасна е само да се донесат и помлади фудбалери, вака со пензионери ништо не се прави.
 
Во денешен дневник пишува дека Љубоја до крајот на сезоната бил суспендиран од Штутгарт така да оваа сезона до крај ќе ја преседел на трибините на Готлиб Дајмлер.
Утрински пак наведува дека една од најголемите вардарови легенди Кирил Дојчиновски се бори за живот во белград, боледува од гангрена и му била ампутирана левата нога. Колку за информација за најмладите вардрови фанови на форумов, Крили Дојчиновски го водеше тимот минатата пролет сред виорот на оргнизацисктие промени.
 
На денешното собрание Поповиќ и официјално ја презеде контролата врз Вардар, при што е изгласано и новото раковотство на клубот.
Официјализирани се и првите две засилувања, како и што се очекуваше : Ѓорѓи Христов и Јовица Трајчев.
Новиот тренер како и останатите 5 засилувања ќе бидат промовирани во вторник.

http://macedonianfootball.com/200902071109/Newsflashes/Bojan-Zahariev-as-president-of-FK-Vardar.html
 
По се изгледа подготовките место на Анталија ќе се одработат во Србија...а за новите засилувања...Трајчов е во ред,играч од средниот ред каде после Захариевски на времето ни еден асален немавме...а Хрисот е непотребен :toe: веќе е истрошен ама ај ако сака да ја заврши кариерата тука ок,нека седи
 
Хахаха Срле, имаше јак шут од далечина, мислам дека сите го паметиме голот против Рома.
Трајчев како деструктивец е топ ама за плејмејкер не го бива, а Ѓорѓи дојде само за 6 месеци колку да си ја оствари желбата и кариерата да ја заврши во Вардар. Сезонава е anyway загубена (барем што се однесува до борбата за титулата) така да нека си ги испорба човекот своите преостанати голгетерски способности one last time по ливадите ширум републикава :)
 
И ја мислам дека е промашена инвестиција, ама во секој случај ќе биде подобро да го гледам Христов, него Ејупи. Трајчев е добар играч, го покажа тоа на Градски против Вардар пред 2 месеци а башка и пред 4 години кога играше за нас имаше солидни игри. Останува да земат уште барем тројца во одбрана (повеќе од сигурно е дека ќе бидат Срби). Голманот не е лош, ама ако брани како што бранеше изминативе 5 месеци...:uvo:
 
Ејупи, хм, изминатава полусезона неуспеа да се запише во листата на стрелците на ниеден натпревар, ама во поглед на борбеноста и залагањето неможе да му се замери, потекнува од младинската школа на клубот и игра со срце за Вардар. Одбраната по заминувањето на Ковачевиќ и Станишиќ дефинитивно ќе мора да се засилува, а за голманската позиција не заборавајте дека покрај Пачовски го имаме и Кметовски а во нашава лига секоја екипа би посакала да го има него за втор голман.
 
Многу играчи потекнуваат од школата на Вардар и клубот ги има пуштено за без пари, додека овој иако не бил никогаш стандарден во младинските школи останува да игра за прв тим. Да си напаѓач и да не дадеш гол во оваа лига каква што е, значи дека не вредиш.
 
Ебате фудбалерите. Гледаат дека се менува управа тие штрајкуваат. Бог да чува и да брани....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom