Фан Клуб: Валенсија

Валенсија потпиша со...

o_valencia_varios-1672238.jpg


o_valencia_varios-1672259.jpg



...Бон Џови :pos2:
 
Валенсија заинтересирана за крилото на Депортиво Андрес Гвардадо како замена за Мата кој е се поблиску до Барселона. Не ви го даваме под 12 милиони :)
 
Валенсија заинтересирана за крилото на Депортиво Андрес Гвардадо како замена за Мата кој е се поблиску до Барселона. Не ви го даваме под 12 милиони :)

Точно, има многу играчи за кои е заинтересирана Валенсија како замена, но во моментот не се знае ни дали воопшто Мата ќе биде продаден. Инаку се спомнуваат Гвардадо и Чори Кастро од Мајорка.
 
“Манчестер Сити постигна договор со Валенсија за трансфер на Давид Силва.” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Сити.

“Советниците на играчот и официјални лица од двата клуба ги финализираа деталите за петгодишен договор, кој ќе го донесе 24 годишниот Силва во Манчестер Сити.”

“Тој ќе ги комплетира медицинските тестови и официјално ќе стане играч на Сити кога неговата инволвираност на Светското Првенство ќе биде завршена.”

Силва зборувајќи од Јужна Африка рече: “Најпрво сакам да се заблагодарам на Валенсија како клуб и на сите лојални фанови, на моите соиграчи на тренерскиот персонал.”

“Ужував во шест одлични години во Валенсија, тие ме открија како фудбалер и тие секогаш ќе бидат специјален клуб за мене.”

“Ова е право време за јас да побарам нов предизивк и сум презадоволен што ќе играм во Англија со Манчестер Сити. Верувам дека Премиер Лигата е едно од најдобрите првенства во светот и сакам на Сити да му донесам успех и трофеи.”

“Имаше многу шпекулации за мене во медиумите од Британија и Шпанија, и сега потребно е целосно да се сконцентрирам на Светското Првенство. Затоа моите советници постојано беа во преговори со Сити во мое име за јас да можам да се фокусирам на националниот тим.”

Менаџерот на Сити, Роберто Манчини додаде: “Многу сум задоволен што тој доаѓа, мислам дека ќе направи големо влијани во Манчестер Сити.”

“Со ангажманот на Давид на сите им покажавме дека ги носиме најдобрите фудбалери тука и дека градиме тим за освојување на Премиер Лигата.”

“Со нетрпение чекам да го видам Силва како игра за Сити.”
 
Се напунивте пари ов Виља и Силва , ве боли стојко
 
Како и што реков Силва потпиша со Сити за 33 милиони евра! Барем не отиде во некој од ривалите во Шпанија. :)

Сега останува Валенсија да донесе уште еден играч од средината и еден напаѓач.
Како замена на Рубен Бараха ќе биде 25 годишниот Аргентинец Алберто Тино Коста играч на Монпеље кој би можело да потпише уште утре за Валенсија.

o_valencia_fichajes-1691716.jpg


Во нападот пак Унаи Емери инсистира на Ариц Адуриз од Мајорка, па ќе видиме што ќе биде. :)
 
Се споменува и Адријан од Депортиво како решение во нападот:)
Мислам дека беше само шпекулација а и се надевам дека ќе остане на тоа. А и интересот за Гвардадо скоро го снема :)
 
Официјално претставени новите дресови на Валенсија за следната сезона:

Kits0.jpg


img_2848_7a5400fc6c5bd76dfc3f9d2a7c87ee19_1.jpg

img_2922_eee1369205fe4689620aabcc7b0f060d_1.jpg

img_2999_6142387708420c019cf790c39a81ae1e_1.jpg


Трите дреса изгледаат прекрасно! :vozbud:
 
дада Валенсија од секогаш имала најубави дресови :) иначе сакам да дојде Педро Леон од Гетафе!!!!
 
Баш ми се свиѓаат дресовите, иначе неможам да се начудам како може играч ко Силва да сака да игра за Сити.........:uvo:
 
Видете го првиот пост на странава. Ви објасни манга.

Инаку, да не знае некој колкава беше кризата на клубот, односно колку беа во минус, и колку си вратија со продавањето на трите најдобеи играчи, Виља, Силва и Жигич и уште некој ако си отишол??
 
Видете го првиот пост на странава. Ви објасни манга.

Инаку, да не знае некој колкава беше кризата на клубот, односно колку беа во минус, и колку си вратија со продавањето на трите најдобеи играчи, Виља, Силва и Жигич и уште некој ако си отишол??

Минатата сезона Валенсија имаше долг од 550 милиони евра, а Љоренте пред продажбата на Силва и Жигич изјави дека долгот е намален на 470 милиони евра. Со оглед на тоа што се бара купувач на парцелите на Местаља за најмалку 350 милиони евра со што ќе се продолжи изградбата на Новата Местаља, Валенсија ќе се врати во нормала. :)

Еве ја Новата Местаља кај која е стопирана изградбата:
o_valencia_mestalla-849794.jpg


o_valencia_mestalla-47422.jpg


Стадионот ќе има капацитет од 75.000 гледачи со што Валенсија ќе може да биде поконкурентна во однос на Реал Мадрид и Барселона.
 
valencia_mestalla.jpg


clipboard2lp6.jpg


Новиот стадион ќе биде еден од најубавите во Европа. Според планот, требаше да е готов во 2011 година. Но заради кризата, до кога е продолжен рокот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom