Фан Клуб: Тотенхем

  • Креатор на темата Креатор на темата fantomX
  • Време на започнување Време на започнување
ќе тепаат ли утре бе
ќе ги пишам ја па........
 
и дојде крајот на Хуанде Рамос

епа не им чинеше Мартин Јол и лани не му ни дадоа ни толку време колку на Рамос а барем Јол беше на седина на табелата и сезонава е прв со Хамбург во Бундес лигата. Лани не сакаа да му дадат пари за засилувања на Јол а на Рамос му дадоа колку сака и сега е касно да си ја исправат грешката.

Немам што понатака да кажам сега друг ќе треба да ги чисти гомната и да бара ОПСТАНОК во ПЛ, а незнам кој сега би се нафатил да го направи тоа бидејќи ќе биде под голем притисок од големите очекувања , нешто слично ќе им се случува како во Њукасл
 
не не
боље нек си го чуваат уште малку
колку да изгубат уше 5 6 утакмици
:pos2::pos2:
arsenal4ever :)
hate the spurs
 
Јас мислам дека челниците на Тотенхем се полакомија кон местото во големата четворка(што не е лошо, но сепак е малку прерано и пребрзо)...За таму треба огромни финансии, потенцијал и моќ,но и време да се создаде шампионски тим, согледувајќи дека треба да совладаат тимови од калибар на Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Арсенал, па и еден Евертон, Портсмут ги има доста добри тимови... Не е финтата само потроши огромни богатства, изнакупи играчи, а тие како муви без глава да се бркаат по терен.. Тоа се пополека се оди..Тотенхем се изнапотроши за скапи играчи, им накачи плати, и се, и ако продолжат со ваква слаба игра, и спонзорите дали би му стоеле уште, и ќе распродаваат се што купија за до спасат клубот од колапс.. Искрено, најмалку очекував од Тотенхем да му се случи ова што го преживува, и се надевам дека ќе крени..Мартин Јол беше сраснат со клубот, му ги знаеше способностите, и слабостите, и мислам дека независно од успехот на Рамос со Севилја, Мартин Јол требаше да си остане тренер, и да му се овозможи трансфери кои тој би ги побарал од Управата..Но како и да е..Очекував ваков потег, посебно по КАТАСТРОФАЛНИТЕ резултати на Тотенхем на почетоков на сезоната.Дали утре ќе ја оствари првата победа, или ќе продолжи да се тетерави ќе дознаеме...
 
Ова го потенцирам од мојот почетен коментар на темава, затоа што сега, по месец дена од отворањето на фан клубов, тоа се докажува.
Честитки за Тотенхем. Рамос е тренер со ѕвезда за трофеи.

Оваа сезона Тотенхем сигурно ќе биде меѓу првите 5 екипи во Премиер Лига.Со Бентли,Модрич,Дос Сантос и Гомес(ептен добар голман),ќе бидат незгодни за секого...

Јас мислам дека ќе завршат четврти! Пред лузерпул.

Многу добра екипа направи Рамос, очекувам меѓу првите 5 да бидат.
Колку ги има само стручњаци на форумов.:pos2::pos2::pos2:
 
Мор да тепа утре Тотемхем ако не тренерот ке си оди според мене 100%. Утакмица плаце за Сингкл во кладилница 1.90 коефициент .Топ:helou::helou:
 
Мор да тепа утре Тотемхем ако не тренерот ке си оди според мене 100%. Утакмица плаце за Сингкл во кладилница 1.90 коефициент .Топ:helou::helou:

Тренерот си отиде веќе, само незнам утре кој ќе ги води.
 
Сеа ке би требало да биде поинтересно конечно рамос отиде...Да го видиме Редкнап као ке му тргне:smir:Со Среќа редкнап
 
Колку ги има само стручњаци на форумов.:pos2::pos2::pos2:

Ај пошто си ме цитирал, а уствари не знајш шо си цитирал...

Мојот пост е од периодот кога Тотенхем го зеде Лига Купот со Челзи. Да потсетам, тогаш немаше ништо од растурање на убиственото дуо Кин-Бербатов, кое Бенитез и особено Фергусон, го растурија и тоа на начинот на кој се жалеа дека се врбувани нивни играчи, (За Кики Куроналдо бе беше, како не ти текнува?!) на што всушност и се жалеше Леви. Павличенко, кој привикнувајќи се на екстранапорната Премиер Лига се повреди, и Дарен Бент се далку од пристојни замени.

Гомес е добро решение за голман. Тоа уште го мислам.

За Дос Сантос се плашев и уште се плашам да не го изгорат бидејќи е доста млад и доаѓа од друга земја, а ПЛ е многу тешка, инаку е добар играч.

За Модрич реков дека има шанса да се покажи, но иста таква шанса има и да биди „нов Сергеј Ребров“ за Спарс.

Вудгејт е промашување според мене, Чорлука го зедоа „на ветар“ на крајот на преодниот рок, по се изгледа не баш планирано.

Бентли исто така е излишен, особено за прите кои се платија за него.

И да, уште мислам дека Рамос е добар тренер кој очигледно се изгуби во хаосот наречен Премиер Лига.


Со среќа нека му е на Реднап.
 
Ах...значи и денес ке губат..Сигурно сега жалат за Рамос,па нема да им се игра....
 
Тренерот си отиде веќе, само незнам утре кој ќе ги води.

Сакаш да те пуштам тебе? Има уште малце време, кажуви и одма пуштаме те. :)

Сеа ке би требало да биде поинтересно конечно рамос отиде...Да го видиме Редкнап као ке му тргне:smir:Со Среќа редкнап

нема ли да ги води он од следниот натпревар? на овој ќе е помошниот, ваљда...
 
Ај пошто си ме цитирал, а уствари не знајш шо си цитирал...

Мојот пост е од периодот кога Тотенхем го зеде Лига Купот со Челзи. Да потсетам, тогаш немаше ништо од растурање на убиственото дуо Кин-Бербатов, кое Бенитез и особено Фергусон, го растурија и тоа на начинот на кој се жалеа дека се врбувани нивни играчи, (За Кики Куроналдо бе беше, како не ти текнува?!) на што всушност и се жалеше Леви. Павличенко, кој привикнувајќи се на екстранапорната Премиер Лига се повреди, и Дарен Бент се далку од пристојни замени.

Гомес е добро решение за голман. Тоа уште го мислам.

За Дос Сантос се плашев и уште се плашам да не го изгорат бидејќи е доста млад и доаѓа од друга земја, а ПЛ е многу тешка, инаку е добар играч.

За Модрич реков дека има шанса да се покажи, но иста таква шанса има и да биди „нов Сергеј Ребров“ за Спарс.

Вудгејт е промашување според мене, Чорлука го зедоа „на ветар“ на крајот на преодниот рок, по се изгледа не баш планирано.

Бентли исто така е излишен, особено за прите кои се платија за него.

И да, уште мислам дека Рамос е добар тренер кој очигледно се изгуби во хаосот наречен Премиер Лига.


Со среќа нека му е на Реднап.
Како бе да не ве цитирам кога ке напишете:
Тотенхем СИГУРНО ке биде во првите пет сезонава.
Значи не можеби, туку сигурно. Косата ми се крева кога ке прочитам нешто, мн играње фудбал менаџер не е на арно. Ѕирни на почеток на темава кога некој спомна дека чим Рамос му земал бод на Ферги значи е светски трењер. Абе очај, ама очај до бесконечност. Туку ај шо се замарам ја со стручњаци. :)
 
Ајде бе, врска нема, се заебаа што го отпуштија, јас мислам џабе ќе плаќаат оштета 20мил., кога играчите се камења, или пак го бојкотираа Рамос.
 
Како бе да не ве цитирам кога ке напишете:
Тотенхем СИГУРНО ке биде во првите пет сезонава.
Значи не можеби, туку сигурно. Косата ми се крева кога ке прочитам нешто, мн играње фудбал менаџер не е на арно. Ѕирни на почеток на темава кога некој спомна дека чим Рамос му земал бод на Ферги значи е светски трењер. Абе очај, ама очај до бесконечност. Туку ај шо се замарам ја со стручњаци. :)

Не глем дека така сум пишал. Освен во темата за Премиер Лига, кај шо и Вила и Сити и Тотенхем ги кладов во првите пет. Ама кој како разбрал. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom