Викендов во Скопје, Кичево и Дојран се одиграа полуфиналните плеј-оф дуели во пионерска, кадетска и младинска конкуренција
Во кадетското финале ќе играат Македонија ЃП и Тиквеш Национал. Ѓорчепетровци беа подобри од Силекс и го совладаа со убедливи 5:1, додека Тиквеш Национал во завршницата се најде по пенал рулетот со Шкендија. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а екипата на Тиквеш Национал по изведувањето на ударите од белата точка беше подобар за еден гол и славеше со 5:4.
Во младинска конкуренција за шампионскиот пехар ќе се борат екипите на Македонија ЃП и Вардар. Во Кичево младата екипа на Ѓорчепетровци им одржаа лекција по фудбал на младиот погон на Работнички. Во текот на целиот меч Македонија ЃП беше подобар противник и оствари убедлив триум од 5:0. Во второто полуфинале што се одигра во Дојран, Вардар со минимални 3:2 ја совлада Ренова.
ФИНАЛНИТЕ СРЕДБИ ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
КАДЕТИ
Македонија ЃП - Тиквеш Национал
Скопје ( утре) 16. 06. 2009 во 15h 30 min (Арена Филип II)
МЛАДИНЦИ
Македонија ЃП - Вардар
Скопје ( утре) 16.06.2009 во 17h 30 min (Арена Филип II)