[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]КОШАРКА - СТРУМИЦА ГО РЕШАВА ФИНАНСИСКОТО ПРАШАЊЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Странски фирми влегуваат во клубот[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Струмица. - Тоа што го најавивме пред извесно време дека Струмица, и покрај финансиската неизвесност, е амбициозна и дека планира да ја обнови шампионската екипа, најверојатно, ќе се оствари. Од редовите на ексшампионот доаѓаат пријатни вести дека финансирањето на клубот ќе биде решено и тоа на долги патеки. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]И покрај тоа што управата не ги открива деталите околу тоа прашање, сепак, неофицијално дознаваме дека се работи за две реномирани странски фирми кои во иднина ќе го спонзорираат струмичкиот клуб. В четврток е најавена прес-конференција на која челниците на "зелено-белите" детаљно ќе ја запознаат јавноста за сите случувања во клубот. Но, и пред да биде соопштено името на новиот спонзор, управата веќе забрзано преговара првин со домашните кошаркари, а потоа ќе разговара и со играчи од странство. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ova e prevzemeno od denesniot broj na vest i veke stvarno da neznaes na koj da veruvas c c c , igracka si igrat so javnosta vo sto e problemot stvarno neznam , da se nadevame deka e tocno. i ajde so dusa ja cekame veke ovaa pres konferencija.[/FONT]
Од Струмица на улица...
"Тоа е, нема веќе, не можеме да издржиме, и подобро е да кажеме јавно за да ја знаат сите судбината на клубот" - вели Панајотис Карапиперис.
Од Струмица, онаа народната вели, на улица. Е токму по таа убава песна како да се пишува сценариото за иднината на екипата на Струмица. Онаа која пред само едно лето ја славеше шампионската титула, а ова се бореше да ја одбрани, и не успеа во тоа.
Исто како што актуелното раководство на клубот не успеа во обидот да обезбеди генерален спонзор кој би ја направил Струмица посилна од кога било.
Наместо тоа, очај во редовите на "зелено-белите". Им се заканува тотален распад на системот. Тоа неволно го признава и претседателот на клубот, Панајотис Карапиперис.
"Тоа е, нема веќе, не можеме да издржиме, и подобро е да кажеме јавно за да ја знаат сите судбината на клубот" - вели Карапиперис."Пробавме да најдеме некоја реномирана фирма која би застанала зад клубот, но тоа тешко оди во овие времиња. Тоа беше и препораката на Собранието на клубот. Но и по недела дена нема напредок на тоа поле. А ако се знае распоредот на силите во и околу финансирањето, мораме да признаеме дека тоа не можеме да го поднесеме".
Согласно со ова с$ понеизвесна станува и судбината на играчите кои се под договорна обврска со струмичани.
"Ние веќе разговаравме со добар дел од нив. Имаме договор со Тасовски и со Соколов. И тие се слободни во обид да ја сменат средината, секако со соодветна отштета. Разговаравме и со капитенот Богоев, тој кажа што имаше да каже. Истото важи и за Грнчаров и за Крстевски, ќе ги сослушаме и нив"- додава Карапиперис.
Јасно е дека по една ваква слика, тешко дека Струмица ќе избега од најлошото, да ја снема од кошаркарската мапа на мак-баскетот.
"Ќе се обидеме да опстанеме, на ваков или онаков начин. Факт е дека ќе оди тешко, но ќе се обидеме. Можеби ќе го прескокнеме преодниот рок, но има опција да се продолжи со домашните играчи и некој странец, секако под услов да се обезбеди некој екстра приход во клубот, но се плашам дека може да ни се случи и она најлошото. Ќе видиме, уште ден-два. Можеби ќе се случи нешто до крајот на преодниот рок, во кој и да било случај, не се предаваме. Но добро е јавноста да знае со какви проблеми се соочуваме".
Индиректно тоа значи дека Струмица испаѓа од од БИБЛ лигата?
"Има време до почетокот на лигата. Разговаравме со луѓето од БИБЛ и се обидовме да им ја објасниме нашата ситуација. Свесни сме за актуелниот момент и од нив побаравме дополнително време за консултации. Никој од нас не сака да 'избега' од обврските, од учество во оваа лига за кое толку многу се боревме и ние и луѓето од КФМ. Но, ова е еден сосема нов, тотално неочекуван момент за сите нас во клубот. Затоа и побаравме малку трпение од нивна страна. Ако видиме дека нема напредок, тогаш ќе кренеме раце во знак на предавање" - заклучува разочарано Карапиперис.
Б. Радуловиќ
Тасовски сака "надвор"...
И при последните преговори околу евентуалното продолжување на соработката Карапиперс добил впечаток дека оние кои имаат договори сакаат да "излезат" надвор.
"Нема што веќе да се крие, Тасовски побара да го ослободиме затоа што наводно бил во завршна фаза од преговорите со една екипа од странство. Знае дека има договор со клубот и доколку сака да си замине, верувам дека ќе најдеме заеднички јазик и по тоа прашање".
Дарко Соколов е вториот играч под договорна обврска со струмичани. И за младиот бек има странски, но и интерес од неколку домашни екипи.
"Ќе видиме, доколку дојде некоја официјална понуда, пред с$ од некој клуб од надвор, ќе ја разгледаме, па потоа ќе видиме што е најдобро за двете страни"- дообјаснува Карапиперис.
Copyright © 2004 Македонски Спорт 2004