Кошаркарскиот клуб Милениум од Струмица ќе учествува на турнирот во Росес, кој се наоѓа во близина на шпанскиот град Џирона. Турнирот ќе се одржи од 25 до 29 јуни, а на него Милениум ќе учествува со две селекции - кошаркари, родени 1992/92 и 1994/95 година.
Покрај екипата на Милениум, на турнирот ќе судат и тројца струмички судии, Мицев, Пиљафов и Ахтаров, а делегат ќе биде и Сандо Масев.
На турнирот ќе учествуваат и екипи од Шпанија, Литванија, Шведска, Португалија, Италија, Франција, Финска и други држави.
На враќање од Шпанија, Милениум ќе одигра пријателски натпревар со соодветната селекција на хрватскиот гигант Цибона во Загреб.
Колко за информација на тие шо ги интересира на турнирот замина и нашиот форумџија Христов кој е дел од таа селекција.:helou: