Фан клуб: Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
MeToNo1[MkD] напиша:
Јее Јее .. 4 разлика на крај тепавме .. Колку беше само јако .. кога Гоцевски на крај направи 2-3 банани .. уткраде 1 топка па го закуци .. тоб .. СТРУМИЦА ЧЕМПИОН оваа сезона Фершпед може само да сонуваат

ке кажаш “да санјат“ а не да сонуват :rofl:... добро одриграа сите, само Флуелен 1/4 слабо играше, ама после 3/4 врати со 2тројки :basket:
 
Ајде нови шампиони :) jeeeeeeeeeeeeeeeee:vozbud::zver:
 
сега ке изгубиме во СК и потоа ке тепаме во СР:salut:
 
bama напиша:
сега ке изгубиме во СК и потоа ке тепаме во СР:salut:

не не... вчера правих мабет со Богојо кога заврши утакмицата, беа на трибините... и кажаа дека одиле на победа и таму... и ми вика “многу е мераклиски да освоиме титула таму, малко да ги понерираме“ и се смее :basket: има смех :lol!:
 
Само уште една победа ги дели кошаркарите на Струмица 2005 до првата, историска титула во шампионатот на нашата земја.
По победата, овој пат изразена преку резултат 74:70 на средбата во полниот струмички "Парк" каде се собраа околу 4.000 гледачи, сега "предизвикувачот" има големи, можеби и недостижни 3-0 во серијата "кој прв до четири победи" против Фершпед Работнички.

Иако и двете екипи почнаа под голем "притисок", особено гостите од Скопје, тоа не им попречи да го одиграат и најдобриот натпревар во серијата.

Пред с$ поради одличниот удар од далечина, посебно оној вреднуван за три поени. Секако и одличната игра на Диме Тасовски кого го "немаше" во првите два натпревари.

Но, струмичани уште еднаш имаа јунак во Златко Гоцевски, кој едноставно, уште еднаш се покажа како најинспириран, но и најдобар. Ги издржа сите 40 минути на "две нозе". Доби многу дуели со противничките центри Симиќ и посебно Пауновиќ. Стигна да даде 25 поени на другата страна од теренот, и повторно, како и на оној прв натпревар "ги разбрка" гостите од домашниот рекет.

И уште еднаш Струмица 2005 беше подобра екипа на "отворењето" на натпреварот. Имаа во 7 минути од играта, струмичани позитива од девет поени (21-12). Најмногу по заслуга на Гоцевски, но и Хаџивасилев, кои го диктираа темпото на играта. Но до крајот на првата делница од играта струмичани "уфрлија" само три, "шпедитерите" осум за 24:20.

И тогаш минути за "црвено-белите". Кога Крстевски го даде својот единствен поен за 25:20, гостите отворија една убава серија од 9-0 по која поведоа со 29:25. Водство кое го држеа речиси повеќе од 20 минути, а кое по тројката на расположениот (но само во првото полувреме ) Тасовски, го зголемија и на плус 5 (32:27).

Но ако добија "во играта" се чини дека "шпедитерите" многу повеќе загубија откако Огнен Стојановски, по вторпат за многу кратко време, "го свитка" скочниот зглоб на левата нога, на неполни три минути до одморот, при водство на неговата екипа (32:29).

Се чини дека оттогаш, макар и полека, се "загуби" играта на Фершпед Работнички иако тоа не беше "видливо" во резултатот.

Пред с$ поради нервозата која се вовлече кај домаќинот, чии играчи некако сакаа предвреме да ги завршат акциите. Но во тоа најчесто беа неуспешни. Гостите "ги држеше" прецизниот шут за три поени за разлика од оној домашниот, кој беше на очајно ниво (само 3/13 во првото полувреме). Србиновски донесе енергија повеќе за гостинската екипа, па по новата тројка на Тасовски, "шпедитерите" избегаа и на највисоките 39:31 на 1:17 пред крајот на првото полувреме кое заврши со позитива од само шест поени за четата на видливо нервозниот Давитков.

Кој друг, ако не Гоцевски, ги поведе домашните кошаркари и на почетокот на вториот дел од играта. Иако долго чекаше на соиграчите, кога виде дека не им оди одлучи да "солира" и најчесто реализираше. Тоа како да "го подразбуди" Тони Симиќ, кој полека "ги запали моторите", и почна да игра на своето препознатливо ниво. Се натпреваруваа двата центри во офанзивата и чекаа на другите. За момент "се товори" Богоев, на другата страна, макар краткотрајно Србиновски.

Оттука и немаше големи измени во резултатот, кој повторно беше на страна на бранителот на шампионскиот трофеј.

Симиќ беше тој кој му даде нови плус 9 на гостинскиот тим (47:38) во 23. минута. И место да продолжат во истото темпо, кое впрочем и им донесе резултат, по "препорака" на тренерот, "шпедитерите" поставија зонска одбрана. Можеби таа во првиот момент го донесе очекувното, се чини во вистински момент, пред сирената за крај на 30. минута, ја разби Грнчаров за 55:59.

Тоа како да беше инцијална каписла за домашните кошаркари. Не сменија ништо во одбраната гостинските кошаркари, а тој момент струмичани знаеја и тоа како да го искористат.

Како играч "надвор од скаутингот" се појави Весли Флуелен, кој во првите четири минути од четвртата четвртина нанижа осум поени (две тројки), по онаа втората ја доближи Струмица 2005 на негатива од само еден поени (65:66). Со нова "тројка" Грнчаров, кој некако "се пронајде себеси" во таа последна делница, донесе израмнување (68:68), прво на натпреварот, кога останаа да се доиграат 5:22 минути.

Србиновски најде сили да го врати водството (70:68) на спротивната страна пред да ја добие 5. лична грешка и да седне на клупата. А оние 3:52 минути колку што останаа до крајот беа "црни" за шампионот, кому сериозно му се заканува детронизација.

И Богоев полека се "дигна" со четири поени во серија за 72:70. А кога на 1:49 Гоцевски ги погоди двете слободни фрлања за 974:70 стана с$ појасно дека Струмица 2005 е само на чекор до остварување на сонот, оној шампионскиот.

Пред с$ затоа што оној кој ја брани титулата не знаеше како да го доигра натпреварот, поточно да биде далеку од оној шампионски тим, кој знаеше, можеше, умееше да ги "брејкне" противниците во големото финале, на себесвојствен начин.

Беа блиску до тоа во Струмица, но сега се ептен далеку, со километри далеку во обидот да го сочуваат и вториот трофеј во сезоната.
 
Најголема глупост е да се оди на пораз во Скопје!!!!
КФМ тоа чека, па да не подберат судиите.
Таму да тепаме, да ги понижиме, титулата да си земеме и готово!
 
Струмикс напиша:
Најголема глупост е да се оди на пораз во Скопје!!!!
КФМ тоа чека, па да не подберат судиите.
Таму да тепаме, да ги понижиме, титулата да си земеме и готово!

така е струмица ... колко можеме повеќе да ги победиме зошто да биде 4:1 или 4:2 или 4:3 имајки да биде 4:0 :basket::basket:
 
bravo za strumica ocekuvame da bidat sampioni
 
штета што нема да можам да ја гледам утакмицата во живо ама ЌЕ ПОБЕДИМЕ нема сомнеж :vozbud:
 
За оние што не беа вчера еве неколку клипчиња да ја доловат атмосферата во салата:

[media]http://www.youtube.com/watch?v=gXA-bW0FmcE[/media]

[media]http://www.youtube.com/watch?v=GyL-GYpdN9M[/media]

[media]http://www.youtube.com/watch?v=WkvcLOPRlGI[/media]
 
Многу лоши снимкиto e to..
 
Дали ги гледаше ?
 
Billa Bong напиша:
Многу лоши снимкиto e to..

Од телефон се затоа.
Требаше да ја намалам резолуцијата.
 
walker_girl напиша:
Од телефон се затоа.
Требаше да ја намалам резолуцијата.
Не знам дека се од мобилен ама некако не го бива мобилниот :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom