Фан клуб: Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Свисслион Пелистер ја пречекува Струмица 2005 во првиот меч од полуфиналната серија на Космофон Супер лигата во Битола. Мечот стартува во 18.30 часот во битолската сала: “Младост“, а Струмичани водат со 2:0 во серијата “подобар од пет“.

- Вечерва не очекува тежок натпревар. Но, ние ќе се обидеме со сите сили да им се спротивставиме на Струмичани и да останеме во игра во полуфиналето. Целта ќе ни биде да ги запреме Богоев и Крстевски, кој го реши победникот во Струмица. Ќе одиграме и неколку тактички изненадувања, кои би требало да ни помогнат во нашата намера. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ.

- Целта ќе ни биде да го комплетираме пласманот во финалето уште на оваа средба. Нема да ни биде лесно, Битолчани ќе направат се да не совладаат, но за нас е важна победата. Би било добро порано да обезбедиме место во финалето, за да имаме време да поработиме со новиот тренер пред настапите во директниот дуел за титулата. – вели еден од поискусните играчи на Струмица 2005, Виктор Крстевски.
 
Свисслион Пелистер го совлада тимот на Струмица 2005 со 80:73 и го намали резултатот на 1:2 во победи. Пресудна за победата беше третата четвртина, кога Битолчани ја направија предноста, доволна за победа. Бранко Мирковиќ со 20 поени беше најефикасен во редовите на Свисслион Пелистер.

- Го изненадивме противникот со поставената игра. Мечот го одигравме без Голубовиќ, а пријатно изненадување беше и Даниел Захариевски. Тој одигра одлично и покажа дека на него може да се смета, и покрај малата минутажа која ја имаше досега. Сметам дека клучен беше моментот кога Богоев излезе од игра поради 3 прекршоци, потоа направивме предност од десеттина поени, која ја задржавме до крајот. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ.
 
Каква федерација имаме си го полни буџетот од Струмица сме морале да платиме дополнителни 123 000 денари за тренерот не бил стручен тоа Давитков и другите како да се стручни сите NBA тренери
 
mite84 напиша:
Каква федерација имаме си го полни буџетот од Струмица сме морале да платиме дополнителни 123 000 денари за тренерот не бил стручен тоа Давитков и другите како да се стручни сите NBA тренери
Срамота!Од страна на федерацијата ама и на Струмица..убаво што е казнета Струмица..ама не е убаво што со 123 000 денари се казнети...ама тоа е ако беше казната без публика еден натпревар и уште парична казна..рачунај..значи ке беше подобро така..ама тие што се на чело на клубот знаат дека не играчите им треба потдршка од трибините на секој меч..така да сами си ја направија таква казната односно 123 000 денари:nesum:
 
strumica sega sigurno ke go osvojat plej-ofot ja naucija lekcijata od Kupot :) :)
 
MkUnited напиша:
strumica sega sigurno ke go osvojat plej-ofot ja naucija lekcijata od Kupot :) :)
Мејби ор мејби нот:wink:..Како што тргнал Работнички го згази Вардар дома тепаше во Кале..црно им се пишува на Струмица..јас сакам да тепа Струмица(веќе кога го нема Мзт)ама ке биде тешко Работнички е во невиден налет решени се да ја земат титулата па ке видиме:helou:
 
Струмица вечерва во 19 часот играат со Пела Роса, овај.. Пелистер!
Се надевам ќе успееме да победиме и да идеме во ФИНАЛЕЕЕЕЕЕ!
 
SANCTIMONIOUS напиша:
Струмица вечерва во 19 часот играат со Пела Роса, овај.. Пелистер!
Се надевам ќе успееме да победиме и да идеме во ФИНАЛЕЕЕЕЕЕ!
Да додадам to e to

Денес, со почеток во 19 часот во струмичката сала ”Парк” се игра третиот полуфинален натпревар од Космофон Супер лигата, помеѓу Струмица 2005 и Свисслион Пелистер. Струмичани водат со 2:1 во серијата ”подобар од пет” и се надеваат дека со победа ќе обезбедат место во финалето.

- Поразот во Битола нема негативно влијание на екипата. Сите се чувствуваме одлично и го очекуваме натпреварот. Постои голема еуфорија во Струмица, но ние сме подготвени и уверени, дека ќе излеземе како победници од овој натпревар, што ни ја отвора вратата кон финалето. – изјави капитенот на Струмичани, Ефтим Богоев.

Но, битолскиот суперлигаш нема однапред да се предаде. Свисслион славеше на двете последни средби со Струмица 2005 на домашен терен, а во Струмица доживеа минимални порази. Битолчани се свесни дека противникот не е во оптимална форма, и ќе се потрудат вечерва да го израмнат резултатот и да се изборат за ”мајсторка” на домашен терен.

- Нема што да загубиме во Струмица. Деновиве работевме доста, имаме неколку тактички замисли, кои би требало да ни помогнат. Најважно е да го издржиме почетниот притисок, ако успееме во тоа, имаме шанса да победиме. Но, дури и да не успееме, сметам дека постигнавме доста сезонава, и имаме на што да се надградуваме во иднина. Се уште не сум решил дали ќе играме со Голубовиќ или Жгоњанин. Голубовиќ тренира, но вечерва треба да решам, кој од нив двајца ќе настапи во Струмица. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ.
 
Со Сите сили одиме на победа Струмичани:baeh:
 
Лет с Го .. ајде јас излегувам одам да гледам .. После ке пишаме тука .... СТРИМИЦА ЧЕМПИОН
 
MeToNo1[MkD] напиша:
Лет с Го .. ајде јас излегувам одам да гледам .. После ке пишаме тука .... СТРИМИЦА ЧЕМПИОН
Не лажи бе неоти отиде кантер пуцаше:pos:лжов:pos:
 
Pa da vi go pretstavam noviot finalist STRUMICA 2005!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Strumica go sovlada pelister so 84:64 :cug::aplauz::zver:
 
Помеѓу 3та и 4та имаше смех :pos: :pos: :pos: а на крајот цела струмичка петорка со исклучок на Кицлуис ...Петре Цветков за нас тако звани “Бела“ ин шлакна една тројка :helou::helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom