Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Лесна победа, добро е што Верету, Џеко и Пелегрини одморија, да се надеваме Педро и Спинацола ќе бидат спремни наредните две со Интер и Лацио, па да бидеме комплетни.

Борха Мајорал, шта си урадио брате, каков гол:shook:
Автоматски споено мислење:

И да видиме дали се уште важи тоа дека неможат да тепаат со Фонсека дерби и јак тим
 
Спинацола спремен за Интер, ова е многу убава вест. Знаеме каков е ефектот со него по левата страна, Бруно Перез солидно го замени, Али добро е што ќе има замена на десната бековска позиција измеѓу него и Карсдорп.

Можна е замена Олсен-Бернард до Евертон. Бернард би прифатил смалување на платата од 4мил на 2.5мил. Фонсека добро го знае, бидејќи го тренирал две години во Шахтјор. Мислам дека добро ќе му дојде промената од Англија во Италија, исто како Мхтаријан.
Кога сме кај Ерменците, на нецела полусезона, има 9 гола и 9 асистенции, страшен е.
 
Покрај Бернард, наголемо се шпекулира дека ќе дојде Монтиел од Ривер.
Монтиел е топ десен бек. Игра за репката на Аргентина. Тоа значи дека Бруно Перез ќе си оди на крај на сезоната, а десно ќе ги имаме Аргентинецов и Карсдорп, кој игра одлично.
Бернард е десно крило и ќе биде добра замена за Мики. Тоа значи дека Ел Шарави нема да дојде. Имаше некои разговори дека не можат со Кинезите да се договорат.
Очајно ни треба играч за средина. Не го сметам Диавара и можно е уште зимава да си оди. Лестер беше заинтересиран за него и некој друг клуб.
Се надевам дека ќе си оди тој, а исто така Сантон, ЖЖ, Фазио и Пасторе.
Половина ако заминат од овие зимава топ ќе биди.
 
Наскоро и официално Њу Баланс нов спонзор, викаат добиле веќе примероци од третиот дрес и бил многу добар: https://www.footyheadlines.com/2020/12/as-roma-to-announce-new-balance-kit.html

Влеговме во добра форма пред мечов против Интер во недела ама ќе мора да се сме сконцентрирани цели 90 мин. Против Кротоне премногу се опуштија, а знаеме како завршивме против Аталанта и Наполи. Се молам Пау да не заеби пак нешто
 
Спинацола спремен за Интер, ова е многу убава вест. Знаеме каков е ефектот со него по левата страна, Бруно Перез солидно го замени, Али добро е што ќе има замена на десната бековска позиција измеѓу него и Карсдорп.
Ќе плаче Спинацола у недела.
 
До толку ли Фонсека не може да примети дека не може да игра како што сака од голман топката преку одбрана до среден ред, не дотепа Интер со пресинг и они упорно продолжуваат со таа игра :tapp::tapp:.
 
Вчера најзаслужни за нерешеното се Пау и Един. Првиот за неколкуте одлични одбрани, а вториов за неколкуте сјебани контри и полуконтри.

Мислам дека и со лацио ќе гледаме реприза од ова вчера.

Фонсека вика дека нема да се купува средњак, а баш вчера се виде дека немаме опции од клупа. Кристанте и Диавара ги има на клупа кои играат топло-ладно.
 
Секој натпревар што Рома го доби беше ради залихите што ги правеше во првото полувреме..
Ужасно паѓаме во 2 полувреме не можеше тимот вчера да се состави од кога излегоја во 2 полувреме, а ќе речеш одморени ете..
Сака клупа за топ 4.. Да право чудо е што сме тука кај што сме.. Ама Аталанта и Наполи дишат зад врат со натпревар помалку..
Можеби малите се ги добивме ама со големите ни една не добивме.. A кога тогаш ќе застане возот и со малите..
Како леб ни треба победа во петок со Лацио.. Не само затоа што немаме дерби добиено, туку да се задржи чекорот.. Не би било лошо со 4 бода ако поминеме со Интер и Лацио.. Ама со 1 или 2 бода ќе значи тонење кон 5-6 место..
Да помине овој натпревар па во купот може да ги пушти Хесуси, Фациовци, Кумбуле и остала багра Сантони..

И да каснимо со засилувањата Рома нема време да чека до 31 јануари па да ги разигрува потенцијалните засилувања..
 
Засилувањата очекувајте ги кон крајот на јануари.
 
Натпревар во кој реално и двете екипи сами си ја испуштија победата, во прво полувреме ги имавме тотално под контрола, спаси топки Пау кој се покажа дека е Буфон за Миранте, дечкото заслужува шанса и со контиунитет и растење на самодовербата со квалитетот кој го има можеби и нема да имаме потреба да мислиме на таа позиција и ќе сме солидно покриени.

Во второто полувреме Интер игра пресинг и наместо топката да оди од Пау директ на среден ред ние упорно преку одбрана, чиј што пресинг не дотепа, два гола ги примивме во такви грешки, а посебно првиот при корнер, да дозволиш највисокиот и најопасен играч да ти шета сам во шеснајсетник не ми е јасно, многу голови преку корнер примивме, мора да работат на тоа на тренинзи.

Потоа Интер направи измени како направи и ние ја вративме иницијативата, се гледа слабата клупа нема што да промени Фонсека (за тоа зборам од почеток) но и Мајорал не го пушта да направи промена, Џеко оваа утакмциа беше изгубен во времето и простор уште во 70та минута требаше да биде заменет од Мајорал, еден пенал кој требаше да ни го досуди ВАР контактот на Видал а и не ни дозволија последната акција да се заврши но кога не си дал гол пред тоа, џабе е.

Фонсека успешно може да го менаџира тимот со слабите и да ротира, но за појак противник му треба клупа каде што во второ полувреме кога паѓа нашата игра може да направи измени, а тие ги нема, се виде тоа најубаво со Јувентус (за кое и тогаш напишав) а и сега со Интер, да имавме клупа и двата натпревари ќе ги добиевме.

За титула без клупа не може, полека се лизгаме и за топ 4, така да наместо како што некој мислат на Скудето подобро да гледаме да не испаднеме од топ 4, играчи не мислам дека ќе зимат овој преоден рок, чекат на враќањето на Заниоло, па да видиме, во петок мора победа и не поради 3те бода, знаеме колку овој дуел и дерби ни значат.
 
Пошо се мал тим и слаб, вечер толку ќе ги тепаме, што на излавање од Олимпико пешачкиот нема да го погодат :kafence:
 
Ваков пристап не е достоинствен ниту на пријателски натпревар, а да не зборуваме за дерби какво што е ова, Лацио денес играше дерби а нашиве играа ревијален натпревар, никаков пристап, борба, освен Пау сите изиграа под дното, вакво срамење на дресот во ваков натпревар не паметам. Сигурно ќе бидат соодветно пречекани на првиот тренинг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom