Натпревар во кој реално и двете екипи сами си ја испуштија победата, во прво полувреме ги имавме тотално под контрола, спаси топки Пау кој се покажа дека е Буфон за Миранте, дечкото заслужува шанса и со контиунитет и растење на самодовербата со квалитетот кој го има можеби и нема да имаме потреба да мислиме на таа позиција и ќе сме солидно покриени.
Во второто полувреме Интер игра пресинг и наместо топката да оди од Пау директ на среден ред ние упорно преку одбрана, чиј што пресинг не дотепа, два гола ги примивме во такви грешки, а посебно првиот при корнер, да дозволиш највисокиот и најопасен играч да ти шета сам во шеснајсетник не ми е јасно, многу голови преку корнер примивме, мора да работат на тоа на тренинзи.
Потоа Интер направи измени како направи и ние ја вративме иницијативата, се гледа слабата клупа нема што да промени Фонсека (за тоа зборам од почеток) но и Мајорал не го пушта да направи промена, Џеко оваа утакмциа беше изгубен во времето и простор уште во 70та минута требаше да биде заменет од Мајорал, еден пенал кој требаше да ни го досуди ВАР контактот на Видал а и не ни дозволија последната акција да се заврши но кога не си дал гол пред тоа, џабе е.
Фонсека успешно може да го менаџира тимот со слабите и да ротира, но за појак противник му треба клупа каде што во второ полувреме кога паѓа нашата игра може да направи измени, а тие ги нема, се виде тоа најубаво со Јувентус (за кое и тогаш напишав) а и сега со Интер, да имавме клупа и двата натпревари ќе ги добиевме.
За титула без клупа не може, полека се лизгаме и за топ 4, така да наместо како што некој мислат на Скудето подобро да гледаме да не испаднеме од топ 4, играчи не мислам дека ќе зимат овој преоден рок, чекат на враќањето на Заниоло, па да видиме, во петок мора победа и не поради 3те бода, знаеме колку овој дуел и дерби ни значат.