Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Кражба од епски размери.. Со победа ќе бевме со 1 нога во нокаут фаза,а вака сега останува у Германија да не исплескаат и да стане калакурница у групава..
Издишаа нашиве згора на тоа и тежок беше теренот од обилниот дожд..
Нека играат со примавера не заслужуваат име како Рома у ова натпреварување..
Следна со Милан искрено они многу поодморни ќе ни дојдат.. Минимална победа ќе биде итекако добредојдена..
 
Кражба невидена... Врска немаше од пенал ама тоа е тоа, не знам што да кажам ...
Е ова беше повеќе од очигледно, директно во фаца му удри топката, зошто не гледаа ВАР, зошто не досудија пенал врска немам
 
Е ова беше повеќе од очигледно, директно во фаца му удри топката, зошто не гледаа ВАР, зошто не досудија пенал врска немам
Нема вар во ЛЕ во вар да се удават сите до еден ебемти мафијата..
 
Другари, судијата се извинил и признал дека нема пенал, исто и тренерот на Менхенгладбах кажа дека не е пенал, чисто информативно, ако примате извинувања и ако ви значи нешто :love:
Автоматски споено мислење:

УЕФА МАФИЈА :P
FB_IMG_1571993976274.jpg
 
Последно уредено:
Џеκ Ρодвел ќе сте го потпишувале, κаκо слободен игρач овие денови.
 
Џеκ Ρодвел ќе сте го потпишувале, κаκо слободен игρач овие денови.
Тој или Бучел кој ќе се покажел тој..
Добро е ни треба веднаш играч во среден ред ради многуте повредени па само оваа опција е во игра фри трансфер..
 
Џанлука Манчини пак ќе игра средина против Милан, ете толку сме за никаде со повредите. Родвел и Вучел минале медицински тестови изгледа тренирале со Рома, еден од нив ќе остане.
Замислете Родвел на 28 години успеал да го допре дното, да остане без клуб, да не го сакаат и Блекбурн и ние сега ќе го зимаме :facepalm:

Ако ова им е карма за Де Роси..
 
Тој или Бучел кој ќе се покажел тој..
Добро е ни треба веднаш играч во среден ред ради многуте повредени па само оваа опција е во игра фри трансфер..
Марсел Бухел ако е истиот беше предвидуван за wonderkid за Јуве, имаше 2-3 настапи ама го снема...
 
Кај имаме 30 играчи повредени уште орсато фали да ни суди. Навистина не знам дали да ја гледам. Немам нерви за тоа судиско гомно. Многу одвратен!
Која мизерија со повредиве, со судиски грешки на наша штета и купување на аматери на крај на октомври.
Денес сѐ освен пораз ќе е успех.
Калакурница!
 
Манчини не може да игра среден ред, ако го остават у второ црвен ќе добие. Тој на неговата природна позиција едвај се снаоѓа а не па средњак да изиграва, а и карактерот му темпераментен, треба Фонсека да го рашљака.
Пасторе каква шанса пропушти за 2-0 све му ебам
 
Шансата на Пасторе ќе не кошта многу. Милам има повеќе опции и може да се пофлексибилни во второ. Ние немаме други играчи со што би можеле да изненадиме. Мора да се игра претпазливо. Би било добро во второ да се стегнат и уште еден брз гол да се даде.
И јас мислам дека Манчини има големи шанси за црвен, со оглед на неговиот темперамент.
 
Со оглед на составот и повредените играчи, задоволен сум од прикажаното и победата.

Само видете второ полувреме кој ни беше у напад, освен Џеко, Антонучи лево, Сантон десно крило:shook: и Пасторе полумртов како полушпиц.. а средината цел меч ни ја држи централниот бек Манчини со Верету кој незнам од кога не е добил одмор. А во одбрана во второ полувреме ни дебитираше турчинот Мерет Цетин кој е централен бек а играше десен. И што повеќе да се зборува, кога ќе ги земеме околностите со повреди и несреќни судиски одлуки, добро се држиме, на 7 бода од првиот.

Сега да се види сериозна ли е повредата на Спинацола или ќе се приклучи на Запакоста, Ундер, Мхтаријан, Пелегрини, Кристанте, Диавара и Калинич.
 
Супер резултат за нас со оглед на проблемите. Оваа победа оди на контото на Фонсека. Успева со крпен состав да вади максимум.
Милан е толку очаен што полуиграч како Пасторе делуваше како Меси на теренот хахах
 
Капело после победата на Интер со Борусија од студиото на Скај му препорачал на Еспозито после добрата партија да не ги следи стапките на Заниоло алудирајќи на неколкуте испади на Заниоло со репрезентацијата до 21год.(го проценил вајда како недисциплиниран играч на кој славата му удрила во глава) на кое сите во студиото на Скај останале вчудоневидени. Тогаш некој пробал да го испере дека сигурно мислел за тоа да не си оди од Интер.

Како и да е, крајно несериозна изјава на Капело, не е Заниоло како Балотели, едноставно млад е, цела италија му врши притисок, па и мал негов испад ќе биде забележан од сите.

Затоа, од друга страна, после изјавата на Капело во средата, Заниоло игра фантастично а тоа го круниса со два прекрасни гола против Менхенгладбах и Милан сега, со одлични игри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom