И за Верету постигнат договор. За фиорентина одат 17+2мил, за играчот 2.5мил плус бонуси некои.
На толку барање и ценкање да видиме што играч е.
Од видеата што можев да видам ме потсеќа на Пизаро во онаа 4231 формација, истата што ја користи Фонсека, вајда затоа толку инсистирање за овој играч,бидејќи немаме deep lying platmaker, истото е и за Диавара, пред да прејдеше во Наполи и првата година во Наполи многу го ценев како млад играч. Сега имаме два такви средњаци, па покрај нив и покрај Кристанте и продажба на НЗонзи и Пасторе ќе се бара уште еден средњак сличен, но со малку подобри дефанзивни карактеристики, некој со добра вештина на добивање дуели и одземање топки, што ќе знае кратки пасови но и да пробие средината. Барела беше идеален за таа позиција, може и Пелегрини таму, но сите знаеме дека тој се чува за најофанзивната позиција во средината на Фонсека и знаеме дека таму може да пружи најдобри партии заедно со Заниоло доколку остане и нормално Кристанте на кого тоа му беше природна позиција во Аталанта.
Кога сме кај Кристанте, само да потенцирам дека е единствениот играч што нема пријавено повреда минатата година и секогаш е бил достапен и на располагање, оваа низа му траела уште во времето кога играл за Аталанта.
Е кога сме кај Заниоло ситуацијата е хаос. Петраки а посебно Фонсека сакаат да го задржат, додека Балдини нашиот стручњак и советник верува дека може да направи добар дил со Тотенхем, да има го даде а да извлече добра пара и Алдервилд за него. Јувентус е ставен во втор план, иако се добива впечаток дека дечкото кога би ја напуштил Рома попрво би останал во Италија.
Кога ќе се реши ситуацијата со Заниоло ќе знаеме многу други работи што се однесува до идните трансфер цели. На пример доколку би останал нема да се купува десно крило бидејќи покрај Ундер како главно десно крило тука можат да одиграт и Клајверт, па и Шик, а секако и Заниоло кој блесна кога ЕДФ го стави на таа позиција.
Исто така доколку остане ќе направи да не се купува дополнителен средњак.
Многу работи зависат од неговиот статус, затоа е ставен случајот на прво место за завршување.
Друга важна работа е дефанзивната линија, вајда денес или утре ако е се како што треба Џанлука Манчини треба да дојде на лекарски прегледи. Али опет случајот Заниоло го кочи остварувањето на првата мета, директната замена на Манолас, Тоби Алдервилд.
Се надевам за брзо време ќе најдат некој договор Тотенхем за 30-35мил евра плус белгиецот.
Со Тоби Алдервилд и Џанлука Манчини дефанзивата можеби ќе може да се крене на едно ниво погоре од лани, а има потенцијал.
Гледам сакаат да го "бркаат" и третиот романиста. Флоренци имаше О-ЧАЈ-НА сезона, али покрај што е римјанин секогаш играл пожртвувано. Би го прежалил доколку ни донесе 30мил ќеш, а биде заменет со Хисај, па може и Пезела од Фиорентина кој сметам дека ќе биде одличен бек.
За нападот не се брза, тука се Џеко и Шик, Фонсека има со кого да работи на тренинзи, да си ја спроведе тактиката, секако тука се и Ундер, Клајверт и Пероти. Затоа тука сме во некоја не толку бурна ситуација, никој не ги брза и можат да калкулираат уште некоја недела.
Голманската позиција е решена, ќе видиме што играч е Пау Лопез и зошто се дадени толку пари за него, останува Олсен да се продаде.[DOUBLEPOST=1563355125][/DOUBLEPOST]Еве го Манчини на лекарски, на времето играл шпиц како мал, од таму и оние 5-6 гола што ги даде за Аталанта, омилен играч му бил Марко Матераци